Македонија
Фуере:Одлуката на ЕУ за Македонија не е иста со онаа од Букурешт
Одлуката што беше донесена во Брисел не е иста со онаа на самитот на НАТО во Букурешт, бидејќи сега имаме временска рамка во која двете страни треба да најдат компромисно решение за името во 2010. година.
Одлуката што беше донесена во Брисел не е иста со онаа на самитот на НАТО во Букурешт, бидејќи сега имаме временска рамка во која двете страни треба да најдат компромисно решение за името во 2010. година. Ова во четврток го изјави евроамбасадорот Ерван Фуере, за време на заедничката посета со министерката за внатрешни работи Гордана Јанкулоска и градоначалникот на Кисела Вода Марјан Ѓорчев на Центарот за приведување во Кисела Вода, што е еден од десетте центри ширум земјата каде што се врши реконструкција на објектите со финансиска поддршка на Европската унија(ЕУ). „Целта е да се дојде до едно такво решение во 2010. година, за да може Македонија да продолжи во процесот на зачленување во Европската унија“, рече Фуере. Коментирајќи ги протестите против одлуката на ЕУ за неодредување датум за Македонија, што во среда се одржаа пред седиштето на Унијата во Скопје, Фуере истакна дека легитимно право на секој граѓанин е да го искаже своето мислење и дека пораките од протестот се пренесени до сите центри на ЕУ. Според него, притисокот сега е и врз Атина и врз Скопје, да изнајдат заедничко прифатливо решение за името и Македонија што поскоро да ги започне преговорите и да стане членка на ЕУ. /крај/ст
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Сончево со мала до умерена облачност, ќе дува повремено засилен северен ветер
Сончево со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен, а долж Повардарието повремено засилен ветер од северен правец (локално до 50 km/h). Минималната температура ќе биде во интервал од -2 до 6, а максималната ќе достигне од 9 до 16 степени.
Во Скопје, сончево со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен, а во делови од котлината повремено засилен ветер од северен правец. Минималната температура ќе се спушти до 1, а максималната ќе достигне до 13 степени.
Времето во наредните денови
Под влијание на поле на висок воздушен притисок, следува период на стабилно и сончево време со мала до умерена облачност и со пониски утрински температури. Во четврток ќе дува умерен, повремено засилен ветер од северен правец, поизразен долж Повардарието.
Македонија
Дел од Автокоманда денеска без вода
Од ЈП Водовод и Канализација известуваат дека за денеска имаат планирано неколку интервенции и тоа:
· поради промена на вентил од 2.5“ на улицата Јани Лукровски 12, прекинато водоснабдување ќе имаат корисниците од истата улица.
Водоснабдувањето ќе биде прекинато од 09:00 часот до завршување со работните активности.
Македонија
Угинат балкански рис најден на патот Ресен – Охрид, постојат само 50-тина единки од овој вид
Угинат рис денеска е пронајден на патот Ресен – Охрид. Од Македонското еколошко друштво (МЕД) велат дека ваквиот случај не треба да нè остави рамнодушни, особено ако се земе предвид дека постојат уште само 50-ина единки на балканскиот рис.
„По дојава од Здружението на ловци „Преспа-Ресен“, денеска на терен констатиравме дека е угинат рис на патот Ресен-Охрид. Во тек е координирана акција со Министерството за животна средина и просторно планирање, Државниот инспекторат за животна средина, Агенцијата за храна и ветеринарство и Македонското еколошко друштво со цел земање примероци за анализа и транспортирање на угинатото животно на Факултетот за ветеринарна медицина при УКИМ – Скопје заради обдукција“, велат од МЕД.
Од таму велат дека за зачувување на загрозените видови потребно е да се изградат зелени мостови.
„Ваквите случаи не нè оставаат рамнодушни, особено ако се земе предвид дека постојат уште само 50-на единки на балканскиот рис. Истовремено, се јасен показател дека ако сакаме да ги зачуваме загрозените видови, мора да се планираат и градат зелени мостови преку кои животните ќе можат безбедно да се движат и да ги надминуваат пречките создадени од човекот“, велат од МЕД.
фото/Facebook/Македонско еколошко друштво

