Македонија
Фрлени 60 тони сол на градските улици

Вкупно 60 тони се фрлени во петок наутро на улиците низ главниот град, соопштуваат од Одделението за односи со јавност на Град Скопје.
Вкупно 60 тони се фрлени во петок наутро на улиците низ главниот град, соопштуваат од Одделението за односи со јавност на Град Скопје. Информираат дека коловозите се чисти и проодни, а дополнителни интервенции се превземаат на „црните“ точки – подвозниците, високите зони кон Водно и Скопска Црна Гора, како и на приодите кон јавните и здравствените институции. Екипи на ЈП „Улици и патишта“ до 9 часот со специјално возило со соларка се обиколени булеварите „Александар Македонски“, „Кочо Рацин“, „Крсте Петков Мисирков“, „Словенија“, „Џон Кенеди“, „Никола Карев“, сите мостови во градот, клучката кон Маџари и клучката „Дијамант“. Работниците на ЈП „Комунална хигиена“ со лопати го расчистува снегот кој наврна на тротоарите, на приодите кон јавните згради и на мостовите. Градот Скопје апелира до граѓаните, куќните совети и сопствениците на деловните објекти да се придржуваат кон законската обврска и да ги расчистат приодите кон нивните објекти. /крај/со/ач
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Македонија
Голема акција на Финансиската полиција: уапсени седум лица за даночни измами и перење пари, го оштетиле буџетот за 430 милиони денари

По двегодишна опсежна предистражна постапка, во текот на денешниот, Управата за финансиска полиција спроведе акција во која беа извршени претреси на повеќе локации на подрачјето на општина Липково, Куманово и Желино.
Се работи за сложена предистрага која опфаќа повеќе правни и физички лица, а целта е целосно разоткривање на криминална група која дејстувала подолг временски период и имала за цел вршење на кривичните дела злосторничко здружување, даночно затајување, даночна измама и перење пари и други приноси од казниво дело, со намера организаторите и припадниците на групата да се стекнат со противправна имотна корист во висина од над четиристотини триесет милиони денари, со што е предизвикана огромна штета на буџетот на Република Македонија.
По налог на јавен обвинител од Основно јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција, во акцијата со асистенција на САЕ “Тигар”од слобода се лишени седум лица и истите се изведени пред судија на претходна постапка при Основниот кривичен суд, а едно лице не е достапно на органите на прогонот.
Македонија
Утре сончево време, со температура до 34 степени

Времето утре ќе биде сончево со мала до умерена облачност. Попладне во источните делови ќе има услови за локален краткотраен дожд. Ќе дува слаб до умерен ветер претежно од јужен правец, информира УХМР.
Минималната температура ќе биде во интервал од 9 до 18, а максималната ќе достигне од 27 до 34 степени.
Во Скопје, сончево со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од југозападен правец. Минималната температура ќе се спушти до 14, а максималната ќе достигне до 32 степена.
До петок времето ќе се задржи претежно сончево и топло со постепен пораст на дневните температури. Ќе дува слаб до умерен ветер од јужен правец.
За време на викендот времето ќе биде променливо облачно и нестабилно со локален пороен дожд и грмежи. Во сабота ќе дува умерен до засилен југозападен, а во недела ветерот ќе го смени правецот во северен.
Македонија
Меџити: Почна акцијата за чистење на депонијата во Никуштак, ќе бидат потрошени пет милиони денари

Министерството за животна средина и просторно планирање денес ја започна акцијата за санација на дивата депонија во селото Никуштак, општина Липково.
Оваа депонија, идентификувана како една од најопасните во Националниот план за управување со отпад, претставува сериозна закана за здравјето и животната средина, како за жителите на Липково, така и за соседните општини. Честите пожари и постојаното загадување се голема загриженост за граѓаните од регионот.
Од Буџетот за 2025 година за овој проект се обезбедени околу 5 милиони денари, како и механичка опрема за безбедно управување со отпад. По завршувањето на техничките подготовки, денес започнаа градежните работи на терен.
Меџити рече дека санацијата на оваа депонија е голем чекор кон заштита на здравјето на граѓаните и подобрување на условите за живот во општина Ликове и околниот регион. Тој нагласи дека нема повеќе време за чекање и дека институциите имаат обврска конкретно да дејствуваат на терен.