Македонија
Трајановски донираше 50 000 ден. на Дом за стари лица
Скопскиот градоначалник Коце Трајановски во петок на Домот за стари лица “Мајка Тереза” му подари 50.000 денари (околу 800 евра) и им вети на штитениците дека напролет ќе им организира екскурзија на сметка на градот.
Скопскиот градоначалник Коце Трајановски во петок на Домот за стари лица “Мајка Тереза” му подари 50.000 денари (околу 800 евра) и им вети на штитениците дека напролет ќе им организира екскурзија на сметка на градот.
“Се надевам дека ние со скромните подароци ќе ви покажеме колку ни значите и токму затоа ќе се обидеме во пролетниот период да организираме една екскурзија на сметка на Град Скопје до онаа дестинација во Македонија што ќе ја изберете”, рече Трајановски при посетата на Домот за стари лица “Мајка Тереза”.
Во новата 2010 година старите лица ќе можат да продолжат да го користат јавниот градски превоз со бесплатни билети за повеќекратни возења, соопшти службата за односи за јавноста на Град Скопје./крај/со/бк
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Вонредна информација за проодноста на патните правци по обилните врнежи од снег
Од АМСМ известуваат за активни забрани за тешки товарни возила:
• Крива Паланка граничен премин Деве Баир
• Гостивар-Маврово-Дебар
• Гостивар-Стража-Кичево
• Пресека
• Плетвар
• ГП Делчево кон Бугарија за возила над 7.5 тона
• Тетово – Попова Шапка (за останатите видови на возила задолжителна е употреба на зимска опрема)
• Од 08.50 часот поради заледеност на коловозот на автопатот Пријателство кај с.Миравци, тешките товарни возила ќе се пренасочуваат преку стариот пат Удово – Демир Капија
• Од 09:30 се воведува забрана за сообраќај за тешки товарни возила на патниот правец Ресен – Битола преку планинскиот превој Ѓавато
• Од 10:40ч се воведува забрана за сообраќај за тешки товарни возила на патниот правец М.Брод – Прилеп преку планинскиот превој Барбарос
Сообраќајот на државните патишта се одвива во зимски услови по влажни коловози со остатоци од кашест снег по интервенција од страна на екипите на ЈП Македонија пат.
Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини од македонска страна нема подолги задржувања за влез и излез од државата.
АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има можност од појава на одрони. Ова посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево.
Македонија
СДСМ: Заледен автопат, неспособноста на ДПМНЕ е закана за безбедноста на граѓаните
Неспособноста на ВМРО-ДПМНЕ со справување со последиците од снежните врнежи прераснува во закана за безбедноста на граѓаните, велат од СДСМ.
„Снегот предизвика вистински хаос во сообраќајот, не само во населените места, туку и на регионалните патишта и на автопатите. Автопатот „Пријателство“, кај селото Миравци е заледен. Автопатот кон Грција е заледен, и покрај тоа што оваа зима, само досега, државните институции потрошиле 219 милиони денари (3.569.106 евра) за сол и ризла. Најголеми се тендерите на Јавното претпријатие за одржување на патишта „Македонија пат“, кое засега има склучено три двегодишни договори во вредност од по 1,3 милиони евра годишно за сол и ризла. Но, поради неспособноста на надлежните, сообраќајот се одвива отежнато и се зголемува опасноста од незгоди. Пред само неколку дена бројни граѓани со часови беа заглавени во километарски колони во Маврово. Хаос се случи и на патот Тетово – Попова Шапка, каде што патиштата останаа целосно неисчистени. Дополнително, патот до Галичник беше непрооден повеќе од еден месец, оставајќи ги жителите на ова населено место во целосна изолација. Владата на ДПМНЕ и Мицкоски потфрли и со снегот, доведувајќи ги граѓаните во сериозен ризик“, пишува во соопштението на опозициската СДСМ.
Македонија
(Фото) Се чистат улиците, автобуските постојки и пешачките патеки во Гази Баба
Градоначалникот на општина Гази Баба, Бобан Стефковски на ФБ објави дека повеќе од 7 часа активно се чистат улиците во општината. Тој посочи дека поради интензитетот на врнежите од снег активностите се уште траат и ќе продолжат и во текот на денот.
„Изминатите часови се изврши чистење на улици во Автокоманда, Црешево, Железара, Смилковци, Виниче, Триангла, Трубарево, Булачани, Раштак, Ченто и други населени места. Од рано утрово на терен се приклучија и екипите на ЈКП Гази Баба кои вршат чистење на автобуските постојки и пешачките патеки низ општината. Од почетокот на акцијата до сега по улиците низ Гази Баба се растурени повеќе од 30 тони сол и ризла“, напиша Стефковски.