Македонија
Груевски очекува продолжување на преговорите за името кон крајот на јануари
Премиерот Никола Груевски во петок изрази очекување дека разговорите со Грција за проблемот со името би можеле да продолжат кон крајот на јануари или на почетокот на февруари.
Премиерот Никола Груевски во петок изрази очекување дека разговорите со Грција за проблемот со името би можеле да продолжат кон крајот на јануари или на почетокот на февруари. „Засега нема најава за продолжување на разговорите за името. Очекуваме дека кон крајот на јануари или на почетокот на февруари дека ќе има нешто“, изјави премиерот Груевски. Како позитивна Груевски ја оцени изјавата на Штефан Фуле, кој како наследник на Оли Рен на позицијата Комесар за проширување, најави поддршка за Македонија и Турција во процесот на присоединување кон Унијата. „Тоа е добра изјава што не охрабрува и понатаму да продолжиме со нашите интензивни напори, со реформите, но и со напорите за изнаоѓање на решение за проблемот што го наметна Грција. Добро е кога имаме таква порака и тоа дополнително ќе даде импулс и сила на сите што учествуваат во процесот на европеизација на Република Македонија“, рече Груевски. На прашањето дали Владата чуствува засилен притисок од надвор за надминување на проблемот во првата половина на годинава, Груевски со одговор: „Тоа го има цело време. Нема нешто посебно ново. Тоа е добро да го има и на другата страна“. крај/ач
Фото:Филип Поповски/Макфакс
Повеќе фотографии
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
(Фото) Скопје на 6-то место во светот по загаденост на воздухот
Скопје во моментов е на 6-то место во светот по загаденост на воздухот, според листата на IQAir.
Пред нас се само Лахор (Пакистан), Делхи (Индија), Багдад (Ирак), Ташкент (Узбекистан) и Сараево (Босна и Херцеговина).
Концентрацијата на PM2,5 во Скопје во моментов е 11,7 пати поголема од годишната вредност на упатството за квалитетот на воздухот на СЗО, пишува на нивниот веб сајт.
Што не смеете да правите кога загаденоста на воздухот е висока?
1. Не отворајте ги прозорците од домот кога квалитетот на воздухот е оценет како „загаден“ или „многу загаден“, што е во утринските, доцните попладневни и раните вечерни часови.
2. Во оние периоди од денот и воопшто во периоди кога воздухот е претерано загаден, не носете надвор доенчиња, мали деца и деца кои веќе имаат респираторна инфекција.
3. Излегувањето надвор со висока загаденост на воздухот треба да избегнуваат и бремени жени, пациенти со хронична астма и хронична опструктивна белодробна болест.
4. Не вежбајте на отворено и воопшто избегнувајте ги сите спортски или рекреативни активности, од пешачење до трчање, бидејќи за време на вежбањето бројот на вдишувања се зголемува меѓу 40 и 60 во минута, па затоа поголеми количини загаден воздух влегуваат во респираторниот тракт.
5. Не применувајте физичка активност во области со многу сообраќај и во области од секторот за топлинска енергија.
Што да направите кога загаденоста на воздухот е висока?
1. За почеток, пред да излезете надвор или да планирате да излезете надвор, дознајте го моменталниот квалитет на воздухот. За овие цели, на вашиот телефон можете да инсталирате голем број апликации кои го мерат загадувањето на воздухот во реално време.
2. Проветрувајте ги просториите на домот неколку пати во текот на денот и за тоа изберете ги периодите кога се очекува концентрацијата на загадувачи во воздухот да биде најмала, што е приближно помеѓу 11 и 15 часот.
3. Користете домашни прочистувачи на воздух.
4. Користете климатизери кои имаат соодветни филтри или се дизајнирани да не го вовлекуваат надворешниот воздух во дневната соба.
5. Користете природни средства за прочистување на воздухот во домаќинството, како што се растенијата.
6. Доколку навистина останувате надвор во периодот на зголемено загаденост на воздухот, правете почести паузи во движењето и дишете плитко.
7. Избегнувајте прометни улици и патишта каде што концентрацијата на загадувачи во воздухот е поголема поради издувните гасови од возилата.
8. Користете специјални маски за филтрирање за ПМ честичките, бидејќи обичните хируршки маски не помагаат.
9. Што се однесува до исхраната, лекарската препорака е во областите со прекумерно загадено воздух да се јаде храна богата со витамини Б, витамини Ц и Е и омега-3 масни киселини, што е поврзано со антиоксидантните и антиинфламаторните својства на овие состојки.
Македонија
Времето денеска ќе биде променливо облачно и постудено
Времето во Македонија денеска ќе биде променливо облачно и постудено со сончеви периоди. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец. Дневните температури ќе се движат од 8 до 14 Целзиусови степени.
Во Скопје променливо облачно и постудено со сончеви периоди. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец.
Утре времето ќе биде облачно со сончеви периоди. Наместа ќе има услови за повремен слаб дожд. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец. Утринските температури ќе се движат од -5 до 5, а дневните од 8 до 14 Целзиусови степени.
Македонија
Скопје и вечерва меѓу најзагадените градови во светот
Скопје е меѓу десетте најзагадени големи градови во светот според листата на IQAir.
Во текот на денов, главниот град постојано беше на врвот на листата според штетните честички во воздухот.
Со значително загаден воздух се и Кочани, Струмица, Тетово и Гостивар.