Контакт

Македонија

Бајрами: Аплицираа 25.000 пензионери за користење на бањите

Објавено пред

Министерството за Труд и Социјална политика е подготвено целосно да започне со реализацијата на проектот за користење на бањските локалитети од страна на 10 илјади пензионери во Македонија, изјави министерот Џељал Бајрами при денешната посета на Дебарските бањи, во локалитетот во Косоврасти.

Министерството за Труд  и Социјална политика е подготвено целосно  да започне со реализацијата на проектот за користење на бањските локалитети од страна на 10 илјади пензионери во Македонија, изјави министерот Џељал Бајрами при денешната посета на Дебарските бањи, во локалитетот во Косоврасти. Бајрами рече дека  во земјава вкупниот број на пензионери кои аплицираа за да добијат бањски услуги преку Министерството е над 25 илјади. „Верувам дека овој проект  ќе  стане традиционален и пензионерите  секоја година ќе ги користат бањските локалитети“ изјави Бајрами. Владата  преку Министерството  за Труд и Социјална политика  во текот на оваа година покрај Програмата за пензионерите ќе реализира и други социјални пакети за населението, изјави  министерот Бајрами посочувајќи го спроведувањето на програмата за  субвенционирање на  електричната енергија  за  лицата кои добиваат социјална помош , но  други програми во интерес на  други социјални структури  на кои   ќе се работи заедно со Светската банка. /крај/мн



©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Македонија

МОН го повлече учебникот по Македонски јазик за петто одделение

Објавено пред

Министерството за образование и наука го повлече учебникот по македонски јазик за петто одделение, поради несоодветна и дискриминирачка содржина.

„ Во овој учебник се констатирани дискриминирачки текстови, но и примери коишто ја засилуваат родовата нееднаквост. Утврдени се голем број пропусти и грешки, но и непочитување на македонската стандарднојазична норма. Министерството за образование и наука продолжува со силни реформски процеси во образованието како и со обезбедување на квалитетни и современи материјали за учениците и наставниците“ се наведува во соопштението од МОН.

Од МОН информираат дека во тек е подготовка на целосно нов Закон за учебници со кој ќе се надминат недостатоците во овој сегмент од образованието.

Прикажи повеќе...

Македонија

Бочварски -Гир: Унапредувањето на регионалното поврзување се стратешки определби на Владата

Објавено пред

Министерот за транспорт и врски Благој Бочварски имаше видео-конференциски состанок со Амбасадорот на Европската Унија во земјава, Дејвид Гир.

Тема на разговорот беа крупните инфраструктурни проекти што се реализираат во нашата држава со поддршка на ЕУ.

Пред сè, акцент се стави на железничкото поврзување со Република Бугарија и доизградбата на Коридор 8. Притоа, министерот изрази силно уверување дека изградбата на пругата е примарен фокус на Владата и се преземаат сите неопходни чекори за нејзино завршување.

Министерот Бочварски и амбасадорот Гир разговараа и за активностите за доизградба на експресниот пат Градско-Прилеп, за што Министерот истакна дека Министерството за транспорт и врски и ЈП за државни патишта ги преземаат сите потребни чекори за интензивирање на градежните работи.

Се отвори и прашањето за зголемување на капацитетите и потребата од искористување на средствата преку ИПА фондовите.

Министерот Бочварски потенцира дека евроинтеграцијата е наш врвен приоритет, а Европската Унија наш најзначаен партнер. Во таа насока, поддршката што ја добиваме од ЕУ во изградба и унапредување на целокупната инфраструктура во државата е од исклучителна важност за нашата земја.

„ Интензивирање на соработката со земјите членки на ЕУ и унапредување на регионалното поврзување се стратешки определби на Владата. Во таа насока, решително се соочуваме со сите предизвици и ги преземаме сите неопходни чекори за доизградба на железницата кон Република Бугарија и целосно комплетирање на патниот и железничкиот Коридор 8, кој е клучен не само за економскиот развој на нашата земја, туку е од особена важност за целиот Регион. Со амбасадорот Гир разговаравме и за модернизација на патната инфраструктура, потенцирајќи ги нашите заложби за подобрување на регионалното поврзување, олеснување на транспортот и зголемување на безбедноста на патиштата“ – изјави министерот за транспорт и врски, Благој Бочварски.

На крај министерот изрази благодарност за досегашната соработка и поддршка што Европската Унија и ја овозможува на Република Северна Македонија во евроинтегративните процеси.

Прикажи повеќе...

Македонија

(Видео) Арсовски: 23 надворешни советници на Заев го чинат народот 246.000 евра годишно

Објавено пред

Дваесет и три надворешни советници на Заев го чинат народот 246.000 евра годишно, обвини портпаролот на ВМРО-ДПМНЕ, Димче Арсовски.

„Ништо не може да го испере луксузот на Зоран Заев и неговите советници во кабинетот во владата. Над 20.000 евра секој месец одат за нето плати на советниците на Зоран Заев, 23-ца луѓе за кои никој ништо од граѓаните не знае што работат и за што ги трошат парите на граѓаните. Тоа се над 240.000 евра годишно кои граѓаните ги даваат за советите на 23ца луѓе кои му ги даваат на Заев, а резултатот од тие совети е катастрофален како што може да видиме изминатите три години. Или тие не знаат да го советуваат и му се лоша кадровска политика што е поверојатно, или Зоран Заев нема капацитет да разбере што го советуваат и да ја води државата, што пак во пракса се покажа дека е точно“, рече тој.

Арсовски вели дека Љубе Бошковски кажал дека на сопствен трошок имал средби со потенцијални инвеститори, а во Република Македонија, вели Арсовски, за жал и за волја на вистината нема ниту една единствена инвестиција донесено во изминативе три години.

„Ако навистина на свој трошок има средби г-динот Бошковски кој што е советник на Зоран Заев со потенцијални инвеститори, имајќи го на ум резултатот изминативе три години каде што ни една инвестиција не е влезена, лично јас топло би му препорачал да не си ги троши сопствените пари, бидејќи не може една инвестиција да донесе. Што пак е резултат дека Македонија воопшто не е привлечна за инвеститори“, рече Арсовски.

Ниту еднаш, додаде тој, не слушнавме изминатите три години што работат овие 23 советници на Заев и што го имаат советувано.

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија4 минути

МОН го повлече учебникот по Македонски јазик за петто одделение

Министерството за образование и наука го повлече учебникот по македонски јазик за петто одделение, поради несоодветна и дискриминирачка содржина. „...

Македонија48 минути

Пауновски: Нови вработувања ќе има следната година, дотогаш ќе се снаоѓаме

Државниот пазарен инспекторат добил од Владата ветување дека следната година ќе им бидат одобрени бараните 20 нови вработувања. Директорот на...

Македонија1 час

Поради контакт со Спасовски, само едно лице е во изолација

Државниот санитарен и здравствен инспекторат издал само едно решение за изолација на лице кое било во контакт со министерот за...

Македонија1 час

Пожарникарите протестираа пред канцеларијата на Шилегов

Пожарникарите на мирниот протест пред канцеларијата на градоначалникот на Скопје, Петре Шилегов, порачаа дека не се откажуваат од своето барање...

Македонија2 часа

Поранешениот шеф на кабинетот на Мијалков, Тони Јакимовски, осуден на шест години затвор

Поранешениот шеф на кабинетот на ексдиректорот во УБК, Сашо Мијалков, Тони Јакимовски, е осуден на шестгодишна затворска казна во случајот...

Македонија2 часа

„Изброј до 15 пред да ја заколеш жена ти“ – совет во учебник по македонски за шесто одделение

„Изброј до 15 пред да ја заколеш жена ти“ – ова е совет во учебник по македонски за шесто одделение....

Македонија3 часа

Советот за безбедност ќе одржи седница за состојбата со коронавирусот

Во Кабинетот на претседателот Стево Пендаровски во „Вила Водно“, утре, 29 октомври, со почеток во 11 часот, ќе се одржи...

Свет3 часа

Куба ја регистрира својата втора вакцина против коронавирусот

Куба официјално регистрира втора вакцина против Ковид-19, а испитувањата се очекува да почнат набргу, објави „Агенсија Кубана де нотисијас“ (АКН)....

Македонија4 часа

Мицкоски: Бремените жени да се ослободат од работа поради загадувањето и пандемијата

Поради високата загаденост на воздухот, паралелно со пандемијата на Ковид-19, апелирам бремените жени да се ослободат од работа, и во...

Свет5 часа

(Видео) Меланија Трамп: Медиумите од мојот сопруг направија личност што не је препознавам

Првата дама на САД, Меланија Трамп, вчера одржа говор на предизборен митинг во Пенсилванија – тоа беше нејзино прво соло...

Македонија6 часа

Митко Јанчев повикува на протест за смена на Мицкоски

Митко Јанчев повикува на протест за смена на лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски.   Поранешниот потпретседател на ВМРО-ДПМНЕ и актуелен...

Свет7 часа

Блумберг донира уште 15 милиони долари за кампања на Бајден

Американскиот милијардер Мајкл Блумберг донира дополнителни 15 милиони долари за претседателската кампања на демократскиот претседателски кандидат Џо Бајден во Охајо...

Свет7 часа

Од коронавирус во светот заразени повеќе од 44.155.000 лица

Повеќе од 44.155.000 лица се заразени од коронавирус во светот, според најновите статистички податоци што ги одржува специјализираната страница worldometers.info....

Свет7 часа

Русија ја поднесе својата вакцина во СЗО за забрзана регистрација

Русија поднесе барање до Светската здравствена организација (СЗО) за забрзана за регистрација и претквалификација на својата прва вакцина против новиот...

Европа7 часа

Ватикан најави божикна прослава на папата на интернет

Божикната прослава на папата Франциско ќе се емитува преку интернет оваа година без лично присуство на јавноста поради пандемијата на...

Свет18 часа

СЗО: Дневниот број на смртни случаи од Ковид-19 во Европа е 40% поголем од минатата недела

Дневниот број на смртни случаи од Ковид-19 во Европа е 40% поголем од минатата недела, соопшти Светската здравствена организација (СЗО)....

Македонија18 часа

Портпаролката на СДСМ, Богданка Кузеска, позитивна на Ковид-19

Портпаролката на СДСМ, Богданка Кузеска, објави дека е позитивна на Ковид-19. Таа вели дека нема симптоми и дека се чувствува...

Европа20 часа

Во Италија рекордни 21.994 новозаболени и 221 починат од коронавирус

Во изминатите 24 часа во Италија се регистрирани 21.994 нови случаи на коронавирус, соопшти денеска Министерството за здравство. Ова е...

Македонија21 час

Во Македонија 628 нови случаи на коронавирус и 15 починати

Во последните 24 часа во Македонија потврдени се 628 нови случаи на коронавирус, починаа 15 пациенти, соопшти Министерството за здравство....

Македонија22 часа

Собранието ги верифицира мандатите на четворицата нови пратеници

Собранието на денешната седница ги верифицираше мандатите на новите чет ворицатапратеници Мирче Аџиоски од ВМРО-ДПМНЕ, Рина Ајдари од ДУИ, Мирослав...

Досие