Македонија
Милошоски:Ригидниот однос на Грција му штети на прашањето за името

Ригидниот однос на Грција и наметнувањето на својата волја или диктат по однос на прашањето за името е главниот проблем за негово разрешување.
Ригидниот однос на Грција и наметнувањето на својата волја или диктат по однос на прашањето за името е главниот проблем за негово разрешување.
Ова во четвртокот во Лондон го изјави македонскиот министер за надворешни работи Антонио Милошоски во интервју за македонската редакција на Би-Би-Си.
„Ценам дека во целиот овој однос и во самиот спор, главната непозната која го отежнува решавањето на овој спор е сепак односот на Република Грција кон правото на еден народ да се определи себе си“ изјави Милошоски.
Запрашан дали го дели оптимизмот со грчкиот премиер Јоргос Папандреу дека е можно скоро решавање на спорот, Милошоски одговори дека реториката на Грција никогаш не била проблематична, но постапките, делата и начинот на кој пристапуваат кон ова прашање не го поедноставило спорот.
Шефот на македонската дипломатија истакна дека Македонија има принципилене предлог до Грција , а тоа е конечното решение или напредокот кон него да биде поставен на основи во кој двете страни ќе се чувствуваат дека се дел од решението.
„Да нема црвени линии, тогаш полесно би се дошло до одреден напредок“, констатира Милошоски.
На прашањето, дали спомениците и преименувањето на објектите со имиња на Александар Македонски е несовршеност на македонската страна, Милошоски вели дека некои нешта можат да се гледаат како последица или контра -ефект на одредено однесување на соседната држава.
Колку повеќе му се негира правото на еден народ да го изразува и негува сопствениот идентитет, толку поголема ќе биде мотивацијата на различни субјекти во нашата земја да реагираат на начин на кој што сметаат дека тоа можат да го одмаздат, изјави Милошоски во интервјуто за Би-Би-Си. /крај/со/ап/
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Македонија
32-годишен скопјанец осомничен за разбојништво во Бучимци: маскиран и со ловечки нож ограбил соселанец

Јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Скопје поведе постапка против едно лице осомничено за кривично дело – Разбојништво од член 237 став 4 во врска со став 1 од Кривичниот законик.
Осомничениот 32-годишен скопјанец, на 18 август, маскиран со маица со која си го покрил лицето и капа, преку незаклучена влезна врата влегол во домот на негов соселанец во селото Бучимци. Во рацете држел ловечки нож и кога во една од собите го затекнал сопственикот, му се заканил дека ќе го убие ако не му даде пари.
Оштетениот, исплашен за својот живот, извадил 4.000 денари од комодата, но го замолил разбојникот да му дозволи да задржи барем 1.000 денари, бидејќи му се неопходни.
Осомничениот се согласил и го напуштил местото со 3.000 денари кои противправно ги одзел од сопственикот.
Јавниот обвинител до судијата на претходна постапка достави предлог за определување мерка притвор за осомничениот, бидејќи постојат околности кои укажуваат на опасност од бегство, можност за влијание врз сведокот/оштетен со заплашување и уценување, како и можност да го повтори делото.
Македонија
Зголемена фреквенција на возила на граничните премини Табановце и Богородица

Поради пожар во националниот Парк Јасен, регионалниот пат Р1106 Македонски Брод – Скопје затворен е за секаков вид на возила, извести АМСМ.
Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по суви коловози.
Интензитетот на сообраќајот на патиштата надвор од градските средини е зголемен. Поради летните одмори, се бележи зголемена фреквенција на возила, на ГП „Табановце“ времето на чекање за влез е околу 20 минути, за излез е околу 40 минути.
На ГП „Богородица“ времето на чекање за излез знесува околу 20 минути, додека на останатите гранични премини од македонска страна нема подолги задржувања при влез или излез од државата.
Македонија
Вицепремиерот Николоски во Будимпешта на прослава на Националниот ден на Унгарија

Вицепремиерот Александар Николоски на покана на премиерот на Унгарија, Виктор Орбан, присуствува на Националниот ден кој се слави во чест на Свети Стефан основачот на унгарската држава и христијанството во Унгарија.
Покрај учеството на прославата на националниот ден, предвидени се повеќе средби со високи претставници на владата на Унгарија, неколку министри и потенцијални инвестиции. На средбите е предвидено да се разговара за динамиката на проектите во Македонија како и за идната засилена економска соработка помеѓу двете држави.
Посетата на вицепремиерот е уште една потврда за одличното пријателство и соработката помеѓу Македонија и Унгарија, се додава во соопштението на Министерството за транспорт.