Македонија
Македонскиот јазик треба да се учи, дискутабилно е кога
![](https://makfax.com.mk/wp-content/uploads/2016/11/6e48ba17-f56f-44d2-8ce5-1e36607fa683.jpeg)
По реакциите на писмото на Кнут Волебек во кое стои да се почека со воведување на Mакедонски јазик за албанските првачиња, шефовите на мисиите на ЕУ, НАТО, ОБСЕ и САД во Скопје излегоа со заедничка изјава.
По реакциите на писмото на Кнут Волебек во кое стои да се почека со воведување на Mакедонски јазик за албанските првачиња, шефовите на мисиите на ЕУ, НАТО, ОБСЕ и САД во Скопје излегоа со заедничка изјава.
„Мислиме дека наставата на државен јазик во немнозинските заедници треба да започне рано, со цел сите граѓани да можат течно да го зборуваат државниот јазик по завршување на образованието, земајќи ги предвид препораките на Високиот комесар за национални малцинства на ОБСЕ“, стои во изјавата.
Според нив владеењето на државниот јазик, ќе помогне за унапредување на интегрирањето на различните заедници што ќе овозможи подобри можности за образование и за вработување подоцна во нивниот живот.
„Веруваме дека за властите ова е вистинскиот момент да охрабрат поширока примена на факултативното изучување на албанскиот јазик и на другите немнозински јазици“, стои во заедничката изјава.
Тие и сугерираат на Владата внимателно да го подготви постепеното спроведување, притоа работејќи со сите заедници, како и со наставниците и со родителите за да се овозможи измените во наставната програма да се одвиваат во духот на заедничко разбирање и консензус.
Тие предлагаат и да се дискутира за одлуките за тоа кога и како треба да се воведе државниот јазик, а сугерираат и де се обезбедат потребни ресурси пред политиката да може да стапи на сила.
„Ваквото планирање и внимание е мошне важно да се обезбеди клучната одредба од Охридскиот рамковен договор, според која образовните стандарди треба да бидат унифицирани за сите ученици“, стои во реакцијата. /крај/форум/фф
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
![](https://makfax.com.mk/wp-content/uploads/2022/08/makfax_logo_350px.jpg)
Македонија
(Видео) Полициските хеликоптери исфрлија над 120 тони вода врз пожарите кај селото Тажево и „Јасен“
![](https://makfax.com.mk/wp-content/uploads/2024/07/Screenshot-2024-07-26-203439.jpg)
Денеска Одделот за воздухопловни единици при МВР учествуваше со два хеликоптери во гасење на пожарот во реонот на Јасен.
Во 62 налети исфрлени се преку 120 тони вода со што успеа да се локализираат новите реактивирани краци на пожарот и да се спречи прошорување на пожарот кон селото Брезница , селото Тажево и националниот парк Јасен.
Македонија
Пронајдено детето од Скопје кое беше пријавено дека се оддалечило од домот
![](https://makfax.com.mk/wp-content/uploads/2023/02/policija-5.jpg)
Вечерва околу 19.20 часот полициски службеници од СВР Скопје го пронајдоа осумгодишното дете за кое денеска околу 18.40 часот неговата мајка С.Н. во ПС Карпош пријави дека околу 17 часот се оддалечило од домот.
Веднаш по добиената пријава, полициски службеници од СВР Скопје ги презеле сите неопходни мерки и активности и детето било пронајдено во добра здравствена состојба и ќе биде предадено на родителот, соопшти МВР.
Македонија
На Табановце за влез во државата се чека околу еден час
![](https://makfax.com.mk/wp-content/uploads/2022/07/tabanovce.jpg)
Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по суви коловози.
Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е зголемен. На ГП Табановце за влез во државата се чека е околу 1 час. На останатите гранични премини од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата.
АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има можност од појава на одрони. Ова посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани –Делчево.
Од 1 јули до 31 август на државните патишта во Македонија се воведува летен времен режим на сообраќај со кој се забранува движење на тешки товарни возила со вкупна маса над 15 тони, за време на деновите од викендот и за денови при екстремно високи температури.
Термините се следни:
– петок од 17:00 – 22:00 часот,
– сабота од 09:00 до 18:00 часот и
– недела од 09:00 до 22:00 часот.
На магистралниот пат А2 делница: Скопје – Охрид – Скопје се забранува движење на тешки товарни возила чија вкупна маса преминува 7,5 тони за време на викендите, во следните интервали:
– петок од 15:00 – 22:00 часот,
– сабота од 07:00 до 12:00 и од 18:00 до 24:00 часот и
– недела од 07:00 до 22:00 часот.