Македонија
Стабилизирано свлечиштето Рамина
Свлечиштето Рамина, кај Велес, на кое поради лизгање на земјиштето во изминатите десетина години се урнаа педесетина куќи е стабилизирано
Свлечиштето Рамина, кај Велес, на кое поради лизгање на земјиштето во изминатите десетина години се урнаа педесетина куќи е стабилизирано.
Последните мерења на Градежниот факултет од Скопје, покажаа дека вториот потпорен ѕид го стабилизирал движењето на земјиштето и засега нема потреба од изградба на трет.
Жителите од долниот дел на населбата велат дека сега побезбедно се живее – не се слуша жуборење на водата и не пукаат ѕидовите на куќите.
Според градоначалникот Горан Петров стручните лица и натаму ќе ги следат состојбите и ќе преземат соодветни активности, доколу се јави промена на состојбата.
Дел од жителите на Рамина, кои останаа без покрив над главата се сместени во приватни станови, за кои Владата плаќа месечна наемнина од 50 до 80 евра.
Како трајно решение за луѓето што ги изгубија домовите на свлечиштето, Владата најави изградба на социјални станови за кои приоритет во распределбата ќе имаат поранешните жители на Рамина./крај/дк
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Голем одрон кај село Ратево, магла на патниот правец Тетово – Гостивар
На патниот правец Р-1302 Берово – Струмица (кај село Ратево) поради поголем одрон сообраќајот се одвива по направена девијација во должина од 50 метри. Намалена видливост и појава на магла на патниот правец Тетово – Гостивар до 70 метри, извести АМСМ.
Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по претежно влажни коловози.
Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата.
АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има можност од појава на одрони. Ова посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево.
Македонија
Без вода денеска објектите на хотел Континентал и Ист Гејт
Од ЈП Водовод и Канализација известуваат дека денеска поради промена на затворач на булеварот Александар Македонски бб (кај Континентал), прекинато водоснабдување ќе имаат објектите на хотел Континентал и Ист Гејт.
Водоснабдувањето ќе биде прекинато од 09:00 часот до завршување со работните активности.
Македонија
Продолжува периодот на променливо облачно време со повремен дожд, а на планините снег
Времето денеска ќе биде променливо облачно со повремени локални врнежи од дожд, на повисоките места од дожд и снег, а на планините од снег. Ќе дува слаб ветер од променлив превец.
Минималната температура ќе биде во интервал од 3 до 8, а максималната ќе достигне од 8 до 13 степени.
Во Скопје, променливо облачно со повремен слаб дожд. Минималната температура ќе се спушти до 5, а максималната ќе достигне до 10 степени.
Времето во наредните денови
Продолжува периодот на променливо облачно време со повремени врнежи од дожд, а на планините од снег. Пообилни врнежи ќе има во недела кога ќе преминуваат во снег и во некои од пониските места. Од понеделник во текот на денот ќе настапи постепено стабилизирање на времето со опаѓање на утринските температури, а дневните ќе бидат во пораст.

