Македонија
ЗНМ – Владата да престане да се меша во работата на новинарите
Здружението на новинарите на Македонија (ЗНМ) денеска упати остар протест до Владата на Република Македонија и ја повика да престане со мешање во работата на новинарите и да врши притисоци и да се фокусира на проблемите во државата
Здружението на новинарите на Македонија (ЗНМ) денеска упати остар протест до Владата на Република Македонија и ја повика да престане со мешање во работата на новинарите и да врши притисоци и да се фокусира на проблемите во државата.
ЗНМ од премиерот Никола Груевски очекува извинување заради скандалозниот настап на портпаролот на Секретаријатот за eвропски прашања – Златко Јанковски.
Повод за оваа реакција на ЗНМ е писмото што портпаролот Јанковски го пратил до државни функционери и до свои пријатели. Во тоа писмо, Јанковски без никаква задршка ги прогласува за државни непријатели дописничките од Брисел Слободанка Јовановска на „Утрински весник“ и Светлана Јовановска на „Дневник“, како и новинарот на „Дневник“ Бранко Ѓорѓевски.
Здружението на новинарите смета дека таквото етикетирање и клеветење е надвор од сите пропишани норми во едно општество и длабоко задира во слободата на новинарската професија.
Ова не е првпат владини функционери јавно да прозиваат новинари заради начинот на нивното известување и затоа бараме од Владата да престане со ловот на вештерки меѓу новинарите, се наведува во соопштението на Здружението на новинари на Македонија./крај/со/мп
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Денеска температурата до 13 степени, викендов променливо облачно и постудено
Сончево со мала до умерена облачност. По одделни котлини во утринските часови ќе има услови за појава на магла. Ќе дува слаб ветер од променлив правец. Минималната температура ќе биде во интервал од -6 до 1, а максималната ќе достигне од 6 до 13 степени.
Во Скопје, сончево и тивко со мала до умерена облачност. Минималната температура ќе се спушти до -4, а максималната ќе достигне до 9 степени.
Времето во наредните денови
Во деновите од викендот ќе преовладува променливо облачно и постудено време со локални слаби врнежи од дожд и снег во пониските и снег на повисоките места и на планините. Дневната температура ќе има тенденција на опаѓање. Потоа до средината на следната седмица времето ќе биде стабилно и суво
Македонија
Без струја делови од Аеродром, Илинден и Гази Баба
Од ЕВН Македонија известуваат дека денеска без електрична енегија ќе останат:
· во периодот од 08.30 до 15.00 часот, корисниците од ул.1 Црешево и ул.1 Виниче, општина Гази Баба;
· во периодот од 09.30 до 12.00 часот, корисниците на технолошка индустриска развојна зона, м.в.Птицоводна станица (само магацинот објект на Нептун), општина Илинден;
· во периодот од 11.00 до 13.00 часот, дел од корисниците на бул.Кузман Ј.Питу бр.28 и 30., општина Аеродром.
Македонија
Дел од Центар денеска без вода
Од ЈП Водовод и Канализација известуваат дека денеска поради изведувзње на водоводен уличен дефект Ф200мм. на улица Димитар Чуповски 27 (позади гимназијата Јосип Брос Тито), со прекинато водоснабдување ќе бидат дел од корисниците на улицата Димитрие Чуповски и Мито Хаџивасилев Јасмин.
Водоснабдувањето ќе биде прекинато од 08:30 часот до завршување на работните активности.

