Македонија
Одбележани 25 години од формирањето на Здружението на деца бегалци
Здружението на деца бегалци од Егејскиот дел на Македонија денеска ја одбележа 25-годишнината од своето формирање.
Здружението на деца бегалци од Егејскиот дел на Македонија денеска ја одбележа 25-годишнината од своето формирање.
Оттаму посочија дека од моментот кога е формирано здружението па се до денеска, многу работи се промениле во нивна корист и дека сега се наоѓаат на прагот да се реши нивното животно прашање.
“Ако во 1988 година, кога е формирано здружението и кога е започната борбата за нашите права значеше страв и трепет да се спомене Егејска Македонија и македонштината, денеска се бориме за враќање на нашите имоти. Тоа говори колкав напредок е постигнат во изминативе 25 години” -рече поранешниот претседател на здружението Ѓорѓи Доневски .
Доневски побара поголема ангажираност од страна на Владата и Собранието во давањето на помош за остварување на нивните права, враќање во родните места и враќање на имотите на Македонците.
Тој е оптимист дека до крајот на годината барем една третина од децата бегалци ќе се вратат во своите родни краишта и ќе ги исполнат националниотe права што им следуваат.
Според него Грција мора да ги промени расистичките закони кои би значеле враќање на граѓаните од негрчко потекло во нивните родни краишта.
Членовите на здружението им се заблагодарија и на другите здруженија на деца бегалци низ светот за постојаната борба во остварување на сопствените права.
Според нивните податоци денеска во светот живеат околу еден милион македонци со потекло од Егејскиот дел./крај/вм
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
СДСМ: Изолациската дипломатија на Мицкоски ја носи Македонија во „периметар Сомалија“
СДСМ обвини дека Македонија, поради политиките на актуелната власт, завршила на листа со 75 земји оценети како „трет свет“, меѓу кои и Сомалија, оценувајќи дека тоа е резултат на изолациската дипломатија на премиерот Христијан Мицкоски.
„Периметар Сомалија, тоа е дипломатијата на Христијан Мицкоски“, се наведува во соопштението на партијата.
Од СДСМ посочуваат дека минатата година САД ги зголемиле царините кон Македонија, а сега следува и суспензија на визите. Според партијата, со месеци предупредувале дека, „тендер коалицијата ВМРО–ЗНАМ го загрозува стратешкото партнерство со САД и ја носи државата во изолација, далеку од Европската Унија“.
САД претходно ги суспендираа имигрантските визи за 75 земји, меѓу кои и Македонија.
Македонија
Денеска температурата до 13 степени, викендов променливо облачно и постудено
Сончево со мала до умерена облачност. По одделни котлини во утринските часови ќе има услови за појава на магла. Ќе дува слаб ветер од променлив правец. Минималната температура ќе биде во интервал од -6 до 1, а максималната ќе достигне од 6 до 13 степени.
Во Скопје, сончево и тивко со мала до умерена облачност. Минималната температура ќе се спушти до -4, а максималната ќе достигне до 9 степени.
Времето во наредните денови
Во деновите од викендот ќе преовладува променливо облачно и постудено време со локални слаби врнежи од дожд и снег во пониските и снег на повисоките места и на планините. Дневната температура ќе има тенденција на опаѓање. Потоа до средината на следната седмица времето ќе биде стабилно и суво
Македонија
Без струја делови од Аеродром, Илинден и Гази Баба
Од ЕВН Македонија известуваат дека денеска без електрична енегија ќе останат:
· во периодот од 08.30 до 15.00 часот, корисниците од ул.1 Црешево и ул.1 Виниче, општина Гази Баба;
· во периодот од 09.30 до 12.00 часот, корисниците на технолошка индустриска развојна зона, м.в.Птицоводна станица (само магацинот објект на Нептун), општина Илинден;
· во периодот од 11.00 до 13.00 часот, дел од корисниците на бул.Кузман Ј.Питу бр.28 и 30., општина Аеродром.

