Македонија
ПДП за предвремени избори како можност за излез од кризата

Предвремените парламентарни избори се добра можност за излез од актуелната политичко-економска криза.
Предвремените парламентарни избори се добра можност за излез од актуелната политичко-економска криза.Ова е ставот на Партијата за демократски просперитет, искажан на денешната прес конференција од генералниот секретар Илир Љума. Според него, партијата е подготвена за избори во секое време. Во ПДП го поздравуваат обединувањето на опозицијата во македонскиот политички блок, со надеж дека тоа ќе се случи и кај партиите и другите организации на Албанците во Македонија.”ПДП, врз основа на анализите направени од страна на аналитичкиот центар на партијата, констатира дека влошените меѓуетнички односи во Македонија, конкретно создавање на сè посериозни и опасни меѓуетнички конфликтни состојби помеѓу Македонците и Албанците, се последица на една крајно погрешна, недемократска и националистичка политика на Владата на Груевски и Ахмети”, рече Љума.Политичките кризи, сметаат во ПДП, пропратени со меѓуетнички конфликти, “произлегуваат од актуелниот Устав и недефинираниот уставно-правен статус на Албанците”.Надминувањето на крајно лошата политичка и економска состојба во државата, нарушените меѓуетнички односи, како и проблемите во меѓународната политика и прашањето околу името, треба да оди само преку политички решенија, велат во ПДП. /крај/сс/ст
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Македонија
Мицкоски на презентација на новата воена опрема од САД во касарната во Штип

Денеска во 10:00 часот, претседателот на Владата, Христијан Мицкоски, ќе присуствува на презентација на новопристигнатата опрема од САД во Касарна „Јане Сандански“ во Општина Штип.
Станува збор за 29 лесни оклопни возила – JLTV.
фото:илустрација/принтскрин
Македонија
Без вода денеска дел од Карпош

Регионалниот центар за управување со кризи на Град Скопје, по добиеното известување од ЈП Водовод и канализација, информира дека, денеска поради промена на два затворачи на водоводна мрежа со пречник од ф-300мм, на крстосницата од улиците Париска/Букурешка, прекинато водоснабдување ќе имаат корисниците од улица Париска, дел од улица Хелсинки и дел од улица Прашка, општина Карпош.
Водоснабдувањето ќе биде прекинато од 09:00 часот до завршување со работните активности.
Македонија
Делови од Карпош, Кисела Вода и Ѓорче Петров денеска без струја

Регионалниот центар за управување со кризи на Град Скопје, по добиеното известување од ЕВН Македонија АД, информира дека: поради технички зафати во електродистрибутивната мрежа денеска без електрична енергија ќе останат:
· од 08:00 до 15:00 часот, корисниците од објектите во околината на куќниот бр. 65 на ул. Влае. (Општина Карпош)
· од 08:30 до 14:00 часот, корисниците од делови од улиците: Виктор Иванович Григоревич и Полог. (Општина Кисела Вода)
· од 09:00 до 12:00 часот, корисниците од дел од с. Кучково. (Општина Ѓорче Петров)
· од 12:00 до 17:00 часот, корисниците од ул. 1519 и ул. Борис Трајковски крак – 34. (Општина Кисела Вода)