Македонија
Над 500 бомби извадени од Охридското Езеро
Повеќе од петстотини неексплодирани бомби се извадени од водите на Охридското Езеро во досегашниот тек на акцијата што ја спроведува Дирекцијата за заштита и спасување.
Повеќе од петстотини неексплодирани бомби се извадени од водите на Охридското Езеро во досегашниот тек на акцијата што ја спроведува Дирекцијата за заштита и спасување.Експлозивните направи потекнуваат од првата и од втората светска војна, а акцијата за деминирање се изведува кај пристаништето во Охрид и кај селото ПештаниДонатор на активностите е Министерството за надворешни работи на САД, а покровител е Меѓународниот фонд за деминирање и помош на жртвите од мини.Во операцијата за чистење на Охридското Езеро, што ќе трае до 21 февруари, логистички се вклучени и МВР и Министерството за одбрана. /крај/охридњуз/ко.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Без струја делови од Сарај и Гази Баба
Од ЕВН Македонија АД известуваaт дека денеска ( Четврток ) без електрична енергија ќе останат:
– во периодот од 08.00 до 10.30 часот, корисниците на дел од Сарај и стопански објекти на: Адем Иљаз, Ислам Абази, Млекара Глумово, Драче Сарај, Бензиска Пумпа Сарај. (општина Сарај);
– во периодот од 09.00 до 12.00 часот, корисниците на дел од ул. Дрма-Идризово.(општина Гази Баба);
– во периодот од 10.30 до 13.00 часот, корисниците на дел од Сарај и село Грчец. (општина Сарај).
Скопје
Дел од Кисела Вода без вода
Од ЈП Водовод и Канализација известуваат дека имаат планирано еден прекин со водоснабдување и тоа поради промена на затворач ф-200 мм на ул.Славејко Арсов бб, прекинато водоснабдување ќе имаат корисниците на дел од истата улица и висока зона од населбата Пржино, однос зградите над 4-ти кат.
Водоснабдувањето ќе биде прекинато од 08:30 часот до завршување со работните активности. (општина Кисела Вода)
Македонија
Облачно и студено време со повремени врнежи од дожд и снег
Променливо облачно и студено со повремен локален снег во северните делови од земјата, а во југоисточните со повремен дожд. Ќе дува умерен до засилен ветер од северен правец, наместа со брзина над 60 км/ч. Минималната температура ќе биде во интервал од -2 до 4, а максималната ќе достигне од 2 до 7 степени.
Во Скопје облачно и студено со повремени врнежи од дожд и снег, а во повисоките делови од котлината со повремен снег. Попладне врнежите ќе престанат. Ќе дува умерен ветер од северен правец. Минималната температура ќе се спушти до 1, а максималната ќе достигне до 6 степени.
До петок ќе преовладува променливо облачно, ветровито и студено време со повремени локални врнежи претежно од снег. Ќе дува умерен а вдолж Повардарието засилен северен ветер(над 60км/ч). Од сабота следува период на стабилно време со ниски утрински температури. По одделнии котлини ќе има појава на магла и пониски дневни температури.