Македонија
„Разбуди се“ бара и aлбански споменици на скопскиот плоштад
Граѓанското движење “РАЗБУДИ СЕ!” и сите други албански невладини организации бараат споменици на истакнати Албанци на скопскиот плоштадот.
Граѓанското движење “РАЗБУДИ СЕ!” и сите други албански невладини организации бараат споменици на истакнати Албанци на скопскиот плоштадот.
Тие исто така предлагаат Владата и град Скопје да изградат автентична куќа на Мајка Тереза на местото на спомен – плочата каде се наоѓала куќата на семејството Бојаџиу, стои во соопштението на “РАЗБУДИ СЕ!”.Барањето следи по интервјуто на министерката за култура Елизабета Канческа- Милевска на телевизија А1 во саботата, за проектот “Скопје 2014”.
„ Министерката за Култура на Република Македонија Елизабета Канческа-Милевска нагласи дека стои на располагање да прифати иницијативи од Албанската заедница како и другите за дополнување на проектот “Скопје 2014”.
Поздравувајќи ја готовноста на Министерката, Граѓанското Движење “РАЗБУДИ СЕ!” има чест да испрати барање за вклучување на Албански споменици на плоштадот на град Скопје при што центарот ќе го краси мултиетнички, мултиконфесионален и мултикултурен дух кој што ја карактеризира државата“, пишува во соопштението на граѓанското движење .
Од РАЗБУДИ СЕ! предлагаат изградба на Џамијата Бурмали, споменик на Адем Јашари, 28 Ноември, 17 Февруари, нападнатите борци на ОНА од 2001, на паднатите борци Албанци од Македонија на ОВК, на жртвата на Државниот Универзитет во Тетово Абдулселам, Хасан Приштина, Исмаил Ќемали, Иса Болетини, Призренската Лига, Јашар Бег Шкупи, Мит’хат Фрашери, Сестрите Чириази, Ибрахим Ругова, Ферид Мурати, Луан Харадинај, Албанската Кула и многу други предлози кои што ќе ви ги доставиме дополнително за другите градови низ цела Македонија. Сето ова во комбинација ќе заличи на традиционалната манџа “турлитава” што најубаво ќе го отслика општеството на денешна Македонија, се наведува во соопштението на РАЗБУДИ СЕ. /крај/со/ит/. Copyright 2010 makfax. Сите права се задржани. Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со makfax.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
(Видео) Сајкоски: Да донесеме уште поголема победа на 8 мај за просперитетна влада на ВМРО-ДПМНЕ
„Денес продолжуваме со активностите тука во Охрид, вчера поминавме прекрасни митинзи со огромна поддршка од граѓаните. Останаа уште неколку денови“, рече Ѓорѓија Сајкоски, генерален секретар на ВМРО-ДПМНЕ и носител на изборна единица 5 и ги повика сите да се приклучат и да донесат уште поголема победа во вториот круг.
„Сакам да ја изразам мојата благодарност и горд сум на тоа што го направивме во првиот круг, што ја дадовте вашата огромна поддршка за нашиот кандидат за претседател Гордана Силјановска Давкова.
Сакам да ве повикам и во вториот круг референдумски да излеземе за да можеме да ја реализираме Платформа 1198, за да може да реализираме многу проекти за регионов и нашава држава, да донесеме подобар економски развој и раст, да донесеме подобро образование и здравство, да донесеме подобар живот за сите. Затоа на 8 мај излезете сите да се активираме да кажеме НЕ за ова што се случуваше досега и да дадеме шанса за просперитетна влада која ќе ја носи Македонија напред“, изјави Ѓорѓија Сајкоски, генерален секретар на ВМРО-ДПМНЕ и носител на изборна единица 5.
Македонија
Херојот кој беше убиен во Вејце – Бобан Трајковски, доби споменик
Со почит кон споменот на бранителот Бобан Трајковски, на 28 април, во центарот на Куманово, во 12 часот, ќе биде откриен мурал со неговиот лик, во пресрет на 23-годишнината од неговата херојска смрт.
Бобан Трајковски, припадник на Баталјонот за специјални намени „Волци“ на Армијата на Република Македонија на 28 години го положи својот живот на олтарот на татковината против терористите од ОНА во 2001 година кај Вејце.
Муралот е изработен од талентираните уметници Младен Трендевски – Трендо, Горан и Дејвид (сограѓани на Бобан).
Организатори на настанот се Здружението СИЛА и колегите од специјалната единица ВОЛЦИ.
Скопје
Муцунски: Аеродром го заслужува најдоброто, започнува реализацијата на голем капитален проект
Градоначалникот на Општина Аеродром, заедно со претседателот на советот, Дејан Митески и директорката на основното училиште „Блаже Конески“ утрово на работен состанок ја утврдија динамиката по која до крајот на оваа школска година треба да започне реконструкцијата и доградбата на основното училиште „Блаже Конески“.
„Станува збор за важен инфраструктурен проект, онаков каков што заслужуваат граѓаните на Аеродром. По неговото финализирање, Аеродром ќе добие модерно и современо училиште, направено согласно сите европски стандарди, училиште кое ќе биде пример за квалитетна градба, одржливост и енергетска ефикасност“, истакна градоначалникот Муцунски во својата објавата на Фејсбук.
Тој додаде дека најважно од се е што реконструкцијата и доградбата нема да го наруши нормалното функционирање на училишните активности, а нивната организација ќе биде направена во консултација и согласно барањата на родителите, со кои утрово Муцунски одржа состанок.