Македонија
Македонија во 2009 година оствари дефицит од 2,35 милијарди долари
Вкупен дефицит од 2,35 милијарди долари оставила Република Македонија во надворешнотрговската размена во 2009 година, објави во понеделникот Државниот завод за статистика.
Вкупен дефицит од 2,35 милијарди долари оставила Република Македонија во надворешнотрговската размена во 2009 година, објави во понеделникот Државниот завод за статистика.
Дефицитот во споредба со 2008 година е намален за над 500 милиони долари, но драстично е намален и обемот на стоковата размена.
Вкупниот обем на стоковата размена на Македонија со светот во периодот јануари-декември 2009 година изнесувал 7,73, што е за 28,6 отсто помалку во однос на истиот период од 2008 година.
Според Државниот завод за статистика, вкупната вредност на извозот на стоки од Македонија во 2009 година изнесува 2,69 милијарди долари, а на увозот 5,04 милијарди долари.
Покриеноста на увозот со извозот изнесува 53,4 отсто, додека во 2008 година покриеноста на извозот со увоз изнесувала 58,1 отсто.
Македонија лани најмногу извезувала во земјите- членки на ЕУ 27 (56.2%) и земјите од Западен Балкан (37.2%), а во увозот на стоки најголемо учество имаат земјите од ЕУ 27 (52.2%) и земјите во развој (26.7%).
Според вкупниот обем на надворешно-трговската размена, Република Македонија најмногу тргува со Германија, Србија, Грција, Италија и Русија (45.6% од вкупната надворешно-трговска размена се врши со овие пет земји). /крај/со/ап/
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Без струја денеска делови од Бутел, Чаир и Карпош
Од ЕВН Македонија АД известуваат дека денеска без електрична енергија ќе останат:
– во периодот од 09.00 до 12.00 часот, дел од корисниците од ул. 1550 место викано Гериз во индустриска зона Визбегово, општина Бутел;
– во периодот од 09.00 до 14.00 часот, корисниците од ул. Стојна Стевкова, како и дел од корисниците од ул. 393 во населба Чаир, општина Чаир;
– во периодот од 09.00 до 15.30 часот, дел од корисниците од ул. Блаже Биринчето, општина Карпош.
Македонија
Сончево со умерена локална облачност: температурата до 14 степени
Сончево со мала до умерена локална облачност. По одделни котлини ќе има услови за појава на утринска магла. Ќе дува слаб до умерен ветер од западен и северозападен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од -6 до -1, а максималната ќе достигне од 7 до 14 степени.
Во Скопје, во утринските часови во делови од котлината ќе има услови за појава на магла. Во текот на денот времето ќе биде сончево и тивко со мала облачност. Минималната температура ќе се спушти до -5, а максималната ќе достигне до 9 степени.
Времето во наредните денови
Во петок ќе се задржи стабилно и потопло време со услови за појава на утринска магла по котлините. Во деновите од викендот ќе има зголемена облачност и повремени локални врнежи од дожд, а на планините од снег. Дневната температура повторно ќе биде во опаѓање.
Македонија
Грипот ја однесе првата жртва: почина 75-годишна жена
Вирусот на грипот ја однесе првата жртва оваа зима. Седумдесет и петгодишна жена починала пред три дена на Клиниката за инфективни болести. Пациентката имала повеќе коморбидитети и не била вакцинирана против грип.
Во моментов на Клиниката се хоспитализирани 25 пациенти со компликации од грип, oд кои повеќето се возрасни лица со хронични заболувања и невакцинирани од грип.
Директорката на Институтот за јавно здравје (ИЈЗ), Марија Андоновска, пред неколку дена кажа дека пикот се очекува да биде во втората половина од овој месец и првата половина од февруари.
„Со враќањето на децата во училиште очекуваме дека и бројот на лица коишто ќе бидат заболени од грип или заболувања слични на грип може да биде зголемен“, рече Андоновска.
Институтот за јавно здравје препорачува оние коишто не се заболени да избегнуваат колку што е можно некакви собири или да престојуваат во простории или трговски центри каде што има голем број на луѓе, да избегнуваат контакт со веќе заболени лица или оние што ќе пројават некакви симптоми на кивање и кашлање. Често да се мијат раце со обичен сапун и вода, да се проветруваат просториите, да се почитуваат здрави животни навики – редовна хидратација со течности односно вода, лесна храна, витамини, минерали.

