Македонија
Промовиран електронски систем за јавни набавки

Меѓу 20 и 40 милиони евра годишно државата ќе заштеди како резултат на имплементацијата на новиот интегриран електронски систем за јавни набавки
Меѓу 20 и 40 милиони евра годишно државата ќе заштеди како резултат на имплементацијата на новиот интегриран електронски систем за јавни набавки што беше промовиран денеска во Скопје.
Проектот е идеја на Бирото за јавни набавки и Министерството за финансии, а финансиската подршка ја обезбеди американската агенција за меѓународен развој УСАИД. Софтверот за новиот електронски систем го изработи компанијата Сивус(Seavus).
Приватните претпријатија и учесниците во јавните набавки отсега ќе можат на транспарентен и фер начин да учествуваат во истите со што ќе се исклучи влијанието на човечкиот фактор, рече министерот за финансии, Зоран Ставревски кој присуствуваше на промоцијата на новиот систем.
“Станува збор за важна алатка и силен инструмент кој ќе помогне во борбата со корупцијата и бирократијата .Ова ќе ги охрабри и малите и средни претпријатија истотака рамноправно да учествуваат во делот на јавните набавки кои се важен инструмент за градење на здрава пазарна економија “, рече Ставрески и посочи дека Македонија е прва во регионот што го интегрира овој систем.
Ова е дел е од проектот за создавање на е-Влада, чија цел е да се воспостави систем којшто целосно е во согласност со директивите на ЕУ и ги подржува сите форми на јавни набавки вклучувајќи ги и електронски аукции.
Преку овие аукции Владата ќе може да побарува најниска цена за добрата и услугите што ги набавува, а за тоа добар пример е и минатата година кога преку нив се заштедени 1,7 милиони долари.
Според министерот за финансии целта на Владата за 2010 година е преку овие аукции да се реализираат 30 отсто од јавните набавки.
На промоцијата на системот, учество зеде и амбасадорот на САД во Македонија, Филип Рикер кој истакна дека е горд на промоцијата на системот кој е дел од проектот на УСАИД за воведување на Е-Влада.
“Ова е еден од најнапредните системи за електронски набавки во светот. Ниту Владата на САД, ниту земјите од ЕУ не успееја целосно да го автоматизираат овој процес на национално ниво. Системот што се имплементира во Македонија е веќе признат на многу конференции, а соседните земји веќе пројавуваат интерес да ја следат Македонија”, истакна амбасадорот Рикер../крај/вм
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Македонија
(Видео) Митева: Итна реакција од сите надлежни институции за скандалозното однесување на градоначалникот Дехари

Снимките кои излегоа во јавноста, на кои јасно се гледа односот на градоначалникот на Кичево, Фатмир Дехари, кон жени вработени во Општината, претставуваат скандал и срам за државата, изјави Марија Митева, член на ИК на ВМРО-ДПМНЕ.
Според неа, навредите, понижувањето и злоупотребата на службената позиција се однесување кое не му доликува на човек, а уште помалку на градоначалник.
„Најостро го осудуваме овој чин и бараме итна реакција од сите надлежни институции и организации, од Јавното обвинителство кое треба и мора да го провери овој случај, дали бил изолиран или пак станува збор за начин на делување на Дехари, па се до Народниот правобранител и сите организации кои ги застапуваат и штитат правата на жените“, рече Митева.
Таа додава дека нема простор за молк и дека ова е чин за осуда и санкционирање.
„Секој кој ја злоупотребува својата функција за навредување и вознемирување на своите вработени мора да сноси кривична, но и морална одговорност. Дехари со ваквото однесување ја изгуби секоја доверба, градоначалник кој покажал такво непочитување кон жените и институцијата што ја води, не ја заслужува довербата на граѓаните. И сигурни сме дека и албанската заедница се срами од ваквото однесување, бидејќи ова не е прашање на етничка припадност, туку на човечко достоинство и морал“, изјави Митева.
Македонија
Очекувам победа во првиот круг, не за да добијам политичка круна, туку за да не се пролонгираат сегашната голгота и хаосот, рече Ѓорѓиевски

Кадидатот за градоначалник на Скопје од ВМРО-ДПМНЕ, Орце Ѓорѓиевски, е убеден во победа, а вели дека искрено очекува тоа да се случи уште во првиот круг. Вели дека победа во првиот круг очекува не за себе, туку поради граѓаните, оти пролонгирање на процесот за три недели ќе значи пролонгирање на голготата која сега се случува.
„Искрено, да, очекувам силна победа во првиот круг. Верувам во народот, верувам во граѓаните. Таа победа јас не ја барам и не ја очекувам поради себе, не ја очекувам за да добијам политичка круна од сето тоа. Де факто, во Скопје на сите им е јасно кој ќе биде победникот на овие избори, но победата во првиот круг би значела многу побрзо влегување во костец со проблемите. Каде и да погледнете околу нас, имаме мини депонии, околу сите микролокации со контејнери. Три недели пролонгирање на целиот процес ќе биде три недели повторно живеење во голгота и во хаос“ вели Ѓорѓиевски.
Победа во првиот круг рече дека бара и оти доаѓаат зимските месеци кога градот треба да се реорганизира и да не дозволи повторно возрасни лица, студенти и средношколци да чекаат со часови и да мрзнат на автобуските станици.
„Знаете дека сум работник и ќе дадам сè од себе многу бргу да ги средиме сите процеси, да ги нормализираме од првиот ден кога ќе влезам во Град Скопје. Пролонгирањето на три недели само ќе значи пролонгирање на целата голгота што се случува. Јас сум апсолутно свесен дека има кандидати како никогаш досега. Математички е изводливо ако народот реши на таков начин да постапи. Јас верувам силно во овој народ. Изминативе четири години покажав дека апсолутно во сите ситуации сум на страната на граѓаните, дека тие ми се приоритет, дека човекот ми е приоритет и така ќе функционирам во наредните четири години“, рече Ѓорѓиевски и ги повика и граѓаните, но и политичките партии, да му дадат поддршка за победа во првиот круг од изборите.
И денес ветуваше дека кога ќе стане градоначалник на Скопје, градот ќе блесне, односно покрај тоа што ќе го исчисти, ќе го реши и сообраќајниот хаос. Во првите шест месеци вети дека ќе се заврши мостот на „Љубљанска“ и поврзувањето од Карпош кон „Скупи“, на крајот од првата година од мандатот ќе заврши изградбата на клучката кај Момин Поток, веднаш по изборите рече дека ќе почне да ја проширува улицата Цветан Димов во Чаир за да има шест коловозни ленти, а истовремено ќе ги почне и кружните текови во центарот неопходни за да почне да функционира подземната сообраќајница под „Лимак“, како и првата фаза од булеварот Хрватска, кој ќе ги поврзе Гази Баба и Бутел и ќе го растовари метежот во Автокоманда.
Македонија
Судот го забрани штрајкот на контролорите на летање

Судот го забрани штрајкот на контролорите на летање, соопшти М-НАВ АД Скопје.
„Основниот граѓански суд Скопје на 16.10.2025 година донесе решение со кое се усвојува предлогот на М-НАВ АД Скопје за изрекување привремена мерка – забрана на најавениот штрајк од страна на Струковиот синдикат на контролорите на летање ССКЛ – подружница на Независниот синдикат на работниците од сообраќајот и врските на РСМ Скопје“, се наведува во соопштението.
Според М-НАВ АД Скопје, со оваа одлука судот утврди дека најавениот штрајк е спротивен на законските одредби бидејќи не била спроведена постапката за мирно решавање на колективните споровои, како и дека штрајкот не произлегува од конкретни барања од работен однос.
„М-НАВ АД Скопје го поздравува решението на судот и ја нагласува својата определба за почитување на законитоста, континуирано обезбедување на безбедност и непречено функционирање на воздушниот сообраќај во Република Северна Македонија“, се наведува во соопштението.
Синдикатот претходно најави дека македонскиот воздушен простор ќе биде целосно затворен за сообраќај на 20 и 24 октомври. Според нив, состојбата во претпријатието задолжено за безбедноста во авиосообраќајот е загрижувачка, а неопходните кадровски решенија се одложуваат и блокираат. Тие исто така обвинуваат и за партиски вработувања.