Македонија
Пожар во Топанско поле
Пожар избил доцна синоќа околу три часот на улицата Методија Митевски во скопската населба Топанско поле.
Пожар избил доцна синоќа околу три часот на улицата Методија Митевски во скопската населба Топанско поле.
Според информации од полицијата, опожарена е маркетот Тедико и магацин за мебел и чевли.
Причините за пожарот сеуште се непознати , а станува збор за голема материјална штета. Во моментот на пожарот немало никој од вработените во маркетот .
Противпожарната екипа пристигнала на местото на настанот, по што пожарот бил ставен под контрола
Двајца пожарникари кои учествувале во гасењето на пожарот се здобиле со лесни повреди, вдишувајќи поголемо количество од чадот.
„Пожарот е ставен под контрола. Повредени граѓани нема. се надеваме дека за еден саат пожарот ќе биде изгаснат“, изјави Благоја Менковски, командант на скопската противпожарна бригада.
Во огнената стихија која трае повеќе од осум часа изгоре речиси целиот маркет,а останаа само траги од пепел од производите./крај/а1/фф/вм
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Дел од Карпош денеска без струја
Регионалниот центар за управување со кризи на Град Скопје, по добиеното известување од ЕВН Македонија АД, информира дека: поради технички зафати во електродистрибутивната мрежа, денеска, без електрична енергија ќе останат:
· од 11:00 до 15:00 часот, корисниците на ул. Хелсинки од бр. 22 до бр. 36, општина Карпош.
Македонија
Следува период на претежно облачно време со повремени локални врнежи од дожд
Времето денеска ќе биде променливо облачно со слаб до умерен ветер претежно од јужен правец. Претпладне по одделни котлини ќе има појава на слаба магла. Кон крајот на денот и во текот на ноќта ќе има повремени локални врнежи од дожд. Минималната температура ќе биде во интервал од -1 до 5, а максималната ќе достигне од 8 до 15 степени.
Во Скопје, претежно облачно со слаб јужен ветер. Минималната температура ќе се спушти до 1, а максималната ќе достигне до 9 степени.
Времето во наредните денови
Под влијание на серија од влажни воздушни бранови од денеска во вечерните часови следува период на претежно облачно време со повремени локални врнежи од дожд, кои ќе бидат пообилни во западните и јужните делови. На некои од повисоките планини врнежите од дожд ќе преминуваат во врнежи од снег. Минималните температури ќе бидат насекаде позивитивни.
Македонија
Општина Чаир: Утре ќе се одржи комеморативната седница посветена на пејачот Шпат Касапи
Комеморативната седница посветена на пејачот Шпат Касапи ќе се одржи во вторник, 2 Декември 2025 година, во 13:00 часот, во општина Чаир.
„Овој момент на сеќавање има за цел да го пренесе поширокото културно и институционално признание за неговото дело и за влијанието што го остави во албанската музичка уметност.
Паралелно, книгата за сочувство ќе биде поставена во просториите на Општината и ќе биде отворена од вторник до петок, за сите граѓани и претставници на уметничката заедница кои сакаат да го изразат своето сочувство“, велат од општина Чаир.

