Македонија
ЈО: Продолжува со работа Комисијата за следење изборни нерегуларности

Јавното обвинителство извести дека продолжува работата на Комисија за следење на изборни нерегуларности која беше формирана од страна на Јавниот обвинител во март 2016 година.
Формирањето на Комисијата од Јавното обвинителство на Република Македонија е во насока на заштита од криминални или други против законити дејствија и за следење на евентуални изборни нерегуларности што би биле сторени при организирањето и спроведувањето на изборите на 11 декември 2016 година.
Со Комисијата претседава јавен обвинител од Јавното обвинителство, а членови на Комисијата се четворицата Виши јавни обвинители и Основниот јавен обвинител на Основното јавно обвинителство Скопје. Тие се задолжени да го следат изборниот процес и притоа за сите настани за кои ќе оценат дека даваат индиции за евентуално сторени изборни нерегуларности да даваат задолженија за итно постапување од страна на Основните јавни обвинителства. Формирањето на Комисијата е дополнително преземена мерка, која се одвива паралелно со досегашниот начин на следење на изборните процеси преку воспоставување на посебни дежурства на јавни обвинители во обвинителствата, а која продолжува и за овој изборен процес.
Привремената Комисија за следење на изборни нерегуларности при Јавното обвинителство, во понеделник одржа работна средба во насока на зајакнување на активностите поврзани со изборниот процес за претстојните избори.
„Целта на средбата беше да се утврди начинот на меѓусебното комуницирање, а во насока на превенирање и постапување по противзаконити дејствија што евентуално би биле сторени при организирањето и спроведувањето на изборниот процес на 11 декември 2016 година“, соопштија од обвинителство.
Комисијата за следење на изборните нерегуларности ја известува и потсетува јавноста дека во функција е електронската адреса [email protected] на која граѓанските организации, но и граѓаните воопшто, можат да пријавуваат секакви сомненија за сторени кривични дела поврзани со изборите.
Сите пријави испратени на [email protected] веднаш ќе бидат проследени до Комисијата, која предметите ќе ги упатува на итно постапување кај надлежен јавен обвинител.
Дополнително на ова, Комисијата на дневна основа ќе ги следи сите информации објавени во медиумите и при евентуални известувања за изборни нерегуларности ќе формира предмети и по допрен глас./крај/мф/бб
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Македонија
На граничниот премин Богородица задржувањето од македонска страна е околу половина час

Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е зголемен, извести АМСМ.
На граничниот премин Табановце времето на чекање за влез во државата изнесува околу 40 минути, додека на граничниот премин Богородица задржувањето од македонска страна е околу 30 минути.
На останатите гранични премини нема подолги задржувања за влез и излез од државата.
Македонија
Незгода на патниот правец Бошков мост – Дебар, сообраќајот во прекин

На патниот правец Р1202 Бошков мост – Дебар поради случена сообраќајна незгода сообраќајот е во прекин, извести АМСМ.
Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по наместа влажни коловози.
Македонија
СДСМ: Мицкоски да каже за парите од осомничени од Кочани кои завршиле во ВМРО-ДПМНЕ, да не се секира за нашата стратегија

„Кога наместо да деде одговор на конкретно поставено прашање во врска со донации кои неговата партија ги добивала од сега осомничен за трагедијата во Кочани, Мицкоски би требало да одговори на тоа прашање наместо да се секира за нашата стратегија“, велат од СДСМ.
„За нас најважна е вистината и разобличувањето на обидот на ВМРО-ДПМНЕ и Христијан Мицкоски да ја затскријат вистината за трагедијата во Кочани, но и обидот да ги сокријат нивните партиски функционери од одговорност.
Дополнително, апелираме до Христијан Мицкоски да не се секира за нашата стратегија премногу. Се оптеретува, и тоа е очигледно. А никој не сака премиер кој наместо да е оптеретен со подобрување на животот на граѓаните е оптеретен со СДСМ.
Еве и еден бесплатен совет до Мицкоски – најлоша комуникациска стратегија е стратегијата на лажење, манипулација и бегање од одговори. Реалноста Мицкоски не се поврзува со твоите пораки.
На пример, се уште никој не може да ги почувствува ефектите од четвртата најдобра економија во светот.
Никој се уште не може да ги почувствува придобивките од наводното зголемување на платата.
Сите ги чувствуваат ефектите од рекордните задолжувања, инфлацијата и безочното трошење на пари за папаја, манго, бејби биф, приватни авиони и скапи хотели. Парите на граѓаните се потрошени на луксуз за функционерите на ВМРО-ДПМНЕ додека граѓаните живеат во најсиромашната и економски најслабата држава во Европската Унија.
Никој ги нема видено туристите за кои Мицкоски зборува дека биле за 20% повеќе. Дотолку што Охрид се соочува со најлошата туристичка сезона со години.
Мицкоски, нека не те лажат дека ти поминуваат пораките. Никој не го чувствува тоа што го зборуваш.
Уште еднаш да повториме, нема поголем предавник на Македонската идеја од врховизмот. Врховизмот е авторитарност“, соопшти СДСМ.