Македонија
Дали ги демнат нашите деца на Фејсбук?
Слатките лица на децата секојдневно ги гледаме на нашите Фејбук профили. Родителите споделуваат фотографии од своите деца, за да ја споделат радоста и гордоста за она што го постигнале нивните најмили, нивните насмевки, нивните вештини.
Но по киднапирањето во Србија на двегодишната Маша и по големиот број вести за педофили и сајбер криминал, родителите се прашуваат дали некој ги демне нивните деца на Фејсбук и дали ги изложуваат на опасност од киднапирање , педофили, интернет криминал или, пак, тие стануваа цел на трговците со луѓе.Фејсбук профил на родител бил хакиран и бил креиран лажен профил на дете на којшто биле објавени фотографии и други лични податоци од родителот и детето. Во друг случај, пак, биле отворени три лажни профили на малолетно дете, а на некои од профилите имало и фотографии од детето. Ова се два нови случаи кои се пријавени во Дирекцијата за заштита на личните податоци оваа година од вкупно четири случаи на злоупотреба на лични податоци на деца на социјалните мрежи. Дирекцијата за заштита на личните податоци спроведе проект „Час по приватност“ во средните училишта на Град Скопје, кој покажа дека од 548 ученици во една средно училиште во Скопје лажни профили користат дури 388 средношколци.Најмногу лажни профили користат девојчињата, од 303 испитаници, 211 имаат лажен профил. Од вкупниот број примени претставки, речиси 60 отсто се во насока на злоупотреба на личните податоци на социјалните мрежи. „Превенцијата е едно од главните начела при користење на интернетот, но и континуираната едукација на оваа тема, бидејќи технологијата се развива секојдневно и брзо, а нашиот образовен систем има потреба да оди во чекор со новите технологии. И повеќе од потребно е да се размислува за воведување на принципите за заштита на личните податоци како наставна содржина за изучување во средното и високото образование во најкус можен рок“, вели за Макфакс Лилјана Пецова Илиеска, од Дирекцијата за заштита на личните податоци.Родителите да размислат пред да објават нешто на ФејсбукТројца Французи минатата недела буквално ја грабнаа двегодишната Маша од рацете а нејзината мајка. Во својата прва изјава што ја дадоа пред српската полиција, киднаперите од Франција, Мишел Себастијан, Сандрин Горен и нивната ќерка Кристел Еје тврдеа дека сакале да го одведат двегодишното девојче во Франција и да ја употребат за бракоразводната парница којашто ја водела Кристел против својот маж. Тие тврделе дека детето го пронашле на Фејсбук, а според нивното сценарио планирале да земат ДНК од девојчето, којашто би ја користеле за да докажат дека таа не е ќерка на сопругот на Кристел. Но, српската полиција и обвинителството се сомневаат во оваа верзија, бидејќи со ДНК анализата би се докажало дека Маша не е ниту ќерка на Кристел.Дури и доколку киднаперите да не го нашле детето на Фејсбук, сепак социјалните мрежи и интернетот остануваат место каде фотографиите на децата може да ги видат луѓе кои не ги познаваат потенцијални сексуални предатори и киднапери.Од Првата детска амбасада во светот „Меѓаши“ апелираат родителите добро да размислата пред да објават нешто на социјалните мрежи. „Родителите треба да го постават профилот да биде приватен и одвреме-навреме да проверуваат за да се осигураат дека поставувањата не се променети. Родителите треба да запомнат дека информациите на интернет може да останат засекогаш. Нивните лични информации може да ги видат луѓе кои не ги познаваат, вклучувајќи и потенцијални сексуални предатори и киднапери. И, што е најважно, децата лесно можат да станат плен на сајбер-насилниците, кои особено ја преплавуваат социјалната мрежа Фејсбук. Ова се само неколкуте совети за родителите, кои желни за комуникација, нови пријателства и внимание, често со поставување на слики од нивните деца може да станат жртви на педофилите, но може ненамерно да се злоупотребени од нивните пријатели кои ги споделуваат нивните приватни фотографии на нивните пријатели. Ако детето ги користи сајтовите за социјални мрежи, родителите треба да се осигураат дека ги разбира карактеристиките за приватност – како да го уреди профилот да биде приватен и да го ограничи пристапот на информации“ вели директорот на „Меѓаши“, Драги Змијанац.„Често се случува малолетни лица да поседуваат свој профил каде објавуваат фотографии, но и се впуштаат во разговори со непознати лица кои лажно се претставуваат и кои можат да ги наведат и на директна средба, а со тоа децата стануваат лесна цел на трговците со луѓе, педофилите и сл. Родителите поради недостаток на информации, но и време да се посветат на децата и нивните слободни активности често не се свесни за опасностите“ вели Марија Тодоровска од невладината организација Отворена порта „Ла страда“.Киднаперите имале инсајдер во СрбијаВо случајот со киднапирањето на двегодишното девојче од Србија останува нејасно зошто некој би дошол дури од Франција во Србија за да изврши киднапирање на дете.„Деца со профилот на Маша сигурно има и во Франција, а ако барале земја во која вакво нешто би можело да помине незабележано, зошто ја одбрале Србија, а не Молдавија, каде киднапирањето од ваков вид се многу чести. Исто така, самата акција е прескапа, особено за ситните криминалци, какви што се овие киднапери. Мислам дека најверојатно во прашање бил обид за киднапирање заради продажба на детето, а во таков случај киднаперите се задолжени само за транзитниот дел и не се способни да ја водат работата“ објаснува српскиот криминолог, Златко Николиќ за српскиот весник „Блиц“.Криминологот објаснува дека во вакви случаи криминалците на полицијата и обвинителство им продаваат по неколку различни приказни за целта на кривичното дело за да го заштитат финансиерот, кој често останува неоткриен до крај.„Сигурно имале и инсајдер во Србија, невозможно е така лесно да се снајдат во потполно непознат град. Што се однесува до Фејсбук профилот, родителите мора да сфатат дека изнесувањето на било какви информации за детето на социјалните мрежи претставува опасност“, вели Николиќ.Жртвите на трговија со луѓе во Македонија се сè помладиНа страницата на македонското Министерство за внатрешни работи се уште стојат сликите на три деца кои се водат како исчезнати Мирсада Хелдовиќ, Дане Мемеди, Митат Ибраими. Сите исчезнаа во 2010 година, а до денес нема трага од нив. Сомнително беше и исчезнувањето на малата Ангела од Мариово во истиот период, чии коиски беа најдени, но не се откри од што и како починало девојчето. За овие лица секогаш останува сомнежот дека биле жртви на трговија со луѓе, но официјални податоци или трага за ова нема.Од невладината организација која работи на заштита и згрижување на луѓе, Отворена порта „Ла страда“ велат дека децата се лесна цел на трговците затоа што имаат намален капацитет да препознаат ризик и да се грижат за самите себеси. „Тие зависат од возрасните и нецелосно ги разбираат последиците од нивните однесувања. Сексуалното искористување, насилството, родителската запоставеност ја зголемува нивната ранливост. Понатаму, деца коишто биле одвоени од семејствата, нерегистрираните деца, децата надвор од образовниот процес и децата на улица се под голем ризик да западнат во трговијата со деца. Децата – жртви на трговија често доаѓаат од сиромашни семејства, со недостаток од економски и образовни можности“, вели Марија Тодоровска од „Ла страда“.Според податоците на оваа организација, жртвите на трговија со луѓе во Македонија се сè помлади и помлади. Најголем број од тргуваните лица сместени во прифатилиштето се млади девојчиња на возраст од 12 до 18 годишна возраст. „Имено од 2005 до 2014 година во програмата за социјална асистенција биле вклучени вкупно 127 жртви на трговија со луѓе, од нив најголем дел, односно околу 85 отсто се малолетни што укажува на потребата од зголемена превенција меѓу младите како ризична група да станат жртви на трговија со луѓе. Најголем дел од нив се македонски државјанки кои потекнуваат од дисфункционални семејства, со различни проблеми како што се: семејно насилство, зависности, нарушени односи родител-дете и секако лоша материјална состојба на семејствата. Најчесто девојчињата се излажани преку лажни ветувања за работа, договорен брак, или преку методот на љубовник. Во однос на видот на експлоатација најчесто се тргуваат поради сексуална експлоатација, но присутна е и трудовата експлоатација“, додава Тодоровска. Семејствата на исчезнатите деца со години се во неизвезност за судбината на нивните деца, а со нивното исчезнување можеби исчзенала и вистината за тоа што точно им се случило./крај/ффс
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Филипче: Единствениот булинг на македонскиот народ му го прават ВМРО-ОКГ и Мицкоски
Претседателот на СДСМ, Венко Филипче, реагираше на изјавите на премиерот Христијан Мицкоски.
„Наместо да ги спроведе реформите што Европа ги бара две години, Мицкоски нуди само изолација и анти-ЕУ кампања. Преку 70% од граѓаните сакаат ЕУ – а тој зборува за „булинг“ и „прва и втора лига“. Тоа не е булинг, тоа е последица од неисполнување на обврските: правда, слобода на медиуми, борба против корупција. ВМРО секојдневно создава конфликти со соседите а на критиките од Брисел одговара со напади врз ЕУ. Затоа нема напредок, затоа 5 тони дрога излегуваат преку македонската граница неказнето, затоа судството и обвинителството се под контрола, а медиумите се задушени преку моделот на Орбан. Европа ни даде јасна шанса до 2027, заедно со регионот! Црна Гора и Албанија напредуваат. Ние? Само ако престанеме со оваа политика на изолација што намерно ја турка Мицкоски. Мицкоски ВМРО не сакаат ЕУ – сакаат да крадат на тендери без надзор. Тоа не е европска вредност. Тоа е криминална вредност. Единствениот булинг на македонскиот народ му го прават ВМРО-ОКГ и Мицкоски“ стои во реацијата на претседателот Филипче.
Македонија
(Видео) Не гледам потреба за одржување на предвремени парламентарни избори, вели премиерот Мицкоски
Премиерот Христијан Мицкоски не гледа потреба за одржување на предвремени парламентарни избори. Тој нагласи дека во разговорите со меѓународната заедница и со граѓаните како главен приоритет се посочуваат реформите и нивната реализација.
„Тоа е она што е главен фокус и приоритет на оваа Влада. Реформи и испорака. Се разбира дека ВМРО-ДПМНЕ како најголема политичка партија во државата мора да се однесува одговорно кон граѓаните, иако после локалните избори и оној апсолутен триумф, политички гледано нас ни одговара да има предвремени парламентарни избори, но и покрај сето тоа нашиот приоритет и фокус е испорака и реформи за подобар живот и стандард на граѓаните“, истакна Мицкоски.
Македонија
(Видео) Манасиевски: Партиските притисоци предводени од СДС и ДУИ разрешувале судии за еден ден, морало се да оди по насока на Заев
Партиските притисоци предводени од СДС и ДУИ разрешувале судии за еден ден, кажа денеска на прес-конференција, Валентин Манасиевски, член на ЦК на ВМРО-ДПМНЕ.
„Ристо Катевеновски, поранешен судија на Врховниот суд тврди дека бил разрешен поради тоа што не дал позитивно мислење за судски случај по барање на тогашните власти СДС и ДУИ. На судско рочиште судијата Катевеновски истакнал дека нема да даде позитивно мислење во случајот поврзан со поранешната министерка за внатрешни работи, Гордана Јанкуловска, и дека ќе биде потребно да се разговара со неговите колеги за понатамошно дејствие. Но, по само еден ден од оваа дадена изјава на Катевеновски, кој вели дека била дадена зад затворени врати, Судскиот совет свикал итна седница на која тој бил разрешен. Сведоштвото на Катевеновски води кон тогашните власти, а како што вели тој – неговото разрешување дошло од СДС и ДУИ, или во превод од Зоран Заев и Али Ахмети“, рече Манасиевски.
Тој истакна дека „правдата и вистината која Заев ја ветуваше кога дојде на власт се покажа како селективна“.
„Но, она што е клучно е тоа дека повторно добиваме сведоштва за притисокот на СДС и ДУИ, кон правосудните органи. Она кое ние го говориме во јавноста со години, сега веќе и се потврдува. Тие биле оние кои одлучувале кој ќе се апси, а кој ќе се апстрахира од одреден случај. СДС и ДУИ си ја партизираа државата и нејзините институции. ВМРО-ДПМНЕ тоа повеќе нема да го дозволи повеќе. Потребна е одговорност!“, заклучи Манасиевски.

