Македонија
Делегација од МИОА учествуваше на конференција во Барселона
Делегација предводена од Министерот за информатичко општество и администрација Марта Арсовска Томовска на 22 и 23 февруари учествуваше на Министерската конференција што се одржува во рамки на Светскиот конгрес за мобилни технологии во Барселона.
Веќе 11-та година по ред, Министерската програма претставува влијателен форум на кој се собираат високи меѓународни претставници кои дискутираат за бројни прашања поврзани со мобилната индустрија. Арсовска Томовска имаше можност да оствари средби и размени искуства со свои колеги министри за телекомуникации и други високи претставници, при што ѝ беа презентирани решенијата на повеќе светски вендори за имплементација на проектите “Владин облак” и “112”. Министерот Арсовска Томовска учествуваше и на неколку панел дискусии како што се: ‘Развојни рамки за приспособување на постоечките и идни пазарни промени’ и ‘ Мобилниот телефон како основа за дигитален идентитет’, на кои меѓу другото се разговараше за поставувањето на нови регулаторни цели со оглед на идните пазарни побарувања, како и предизвиците и можностите кои се поврзани со новата реалност, односно дигиталниот идентитет. Делегацијата исто така присуствуваше на сесијата со основачот и сопственик на социјалната мрежа Фејсбук, Марк Цукенберг, кој имаше едночасовно обраќање на тема во врска со иднината на технологијата како и плановите поврзани со Фејсбук. Инаку, најголем акцент од новите технологии на светскиот мобилен конгрес е ставен на 5G и примената на супер брзиот интернет во градовите на иднината. Новите достигнувања во областите на вештачката интелегенција и виртуелната реалност се исто така претставени од сите поголеми светски вендори, а се смета дека камерите од 360 степени наскоро ќе ја најдат својата примена во секојдневниот живот. /крај/мф/ст
Извор: Макфакс
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
ЕУ: Очекуваме соработка со претседателката на Македонија, парламентот и владата за да работиме на европскиот пат
Европската унија и честита на Гордана Силјановска Давкова за нејзината победа на претседателските избори во Македонија и со нетрпение очекува да работи со првата жена лидер во земјата, изјавија високиот претставник на ЕУ за надворешни работи и безбедност Жозеп Борел и европскиот комесар за проширување и соседска политика Оливер Вархељи
Борел и Вархеи, во заедничката изјава објавена по повод вториот круг од претседателските и редовните парламентарни избори во Северна Македонија, ги охрабрија „релевантните политички актери да работат на формирање парламент и стабилна влада“.
„Двете институции треба да работат заедно на подобрување на европскиот пат на Северна Македонија, кој вклучува имплементација на клучните реформи, особено во областа на владеењето на правото и борбата против корупцијата, во интерес на сите нејзини граѓани“, се вели во заедничката изјава на Борел и Вархеи.
Македонија
Боки-13 за операцијата „Бумеранг“: поднесе кривични против Заев, Спасовски, Русковска
Бојан Јовановски-Боки 13 поднел кривични пријави против поранешниот премиер Зоран Заев, ексминистерот за внатрешни, Оливер Спасовски, и двајцата генерални секретари на СДСМ, поранешниот Александар Кирацовски и актуелниот Миле Зачевиќ, како и против поранешната шефица на Јавното обвинителство за гонење организиран криминал и корупција, Вилма Русковска.
Тој дошол во Обвинителството на покана на актуелниот шеф на оваа институција, Ислам Абази.
Најави дела кривично-правната операција е наречена „Бумеранг“.
„Сите мои наводи и описот на настаните ќе бидат материјализирани со докази што потекнуваат од мојот телефонски уред, кој ми беше одземен при моето апсење во предметот ‘Рекет’. Се работи за кривични дела што се однесуваат на злоупотреба на службената положба и овластувањето, за изборни измани, незаконско финансирање политичка партија, злоупотреба на јавните набавки“, додаде тој.
Најави и продолжение на предавање докази во писмена форма.
„Поднесена е кривична пријава и против Вилма Русковска за злоупотреба на службената положба, примање поткуп, примена на тортура. Зоран Заев е речиси во секоја пријава“, рече Јовановски.
Македонија
Мицкоски на средба со коалицијата: доби поддршка за почнување преговори за состав на идната влада
Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, денеска оствари средба со претседателите на партиите во состав на коалицијата „Твоја Македонија“.
Беше констатирано дека коалицијата оствари успешен и историски резултат, кој создава и одговорност за реализирање на очекувањата.
Мицкоски доби поддршка од претседателите на коалициските партии за почнување преговори за состав на идната влада.
Според заклучокот на состанокот, разговорите треба да се водат врз основа на постулати за забрзан економски развој на Македонија, силна борба против криминалот и корупцијата и европските интеграции врз база на принципи и вредности, соопштија од партијата.