Македонија
ДУИ вети дека во секое семејство ќе има по еден вработен
Лидерот на Демократската унија на Албанците (ДУИ), Али Ахмети, во вторник, во Скопје ја промовираше изборната програма на партијата за претстојните парламентарни избори, закажани за 11 декември, при што вети дека во секое семејство ќе иа барем по еден вработен.
„Сигурен сум и верувам дека ние можеме да ја оствариме оваа програма и затоа на веб-страницата на ДУИ дадовме можност да се предложат сугестии за тоа што не сме го постигнале. Од оваа програма не добиваат само Албанците туку сите граѓани во Македонија“, рече Ахмети.
Лидерот на владејачката партија од албанскиот блок рече дека со програмата се предвидува во секое семејство да има барем по еден вработен, спроведување на сите препораки од Европската комисија, како и имплементирање на препораките на Охридскиот договор.
Носителот на листата во првата изборна единица, Артан Груби, рече дека владеењето на правото ќе биде засновано на транспарентност, во согласност со сите дадени препораки и истакна дека ДУИ не познава друга алтернатива освен интеграција во ЕУ и во НАТО.
Од друга страна, Џеват Адеми истакна дека приоритет на ДУИ во наредните четири години ќе биде двојазичноста, односно службената употреба на албанскиот јазик./крај/мф/бб
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Без струја денеска делови од Центар, Сопиште и Бутел
Од ЕВН Македонија АД известуваат дека денеска без електрична енергија ќе останат:
· во периодот од 07:30 до 15:00 часот, корисниците на блокот на згради од булеварот Партизански Одреди бр.17 кон улица Максим Горки, општина Центар.
· во периодот од 07:45 до 15:30 часот, корисниците на селата Јаболци, Ново Брезница, Патишка Река, Држилово, Малчиште, Црн Врв, Елово, Осинчани, Карст с.Јаболци Викендици Држилово, Сателитски Центар, Ново Брезница, Рудпроект, Јаболци, Патишка Река, општина Сопиште.
· во периодот од 08:30 до 10:30 часот, корисниците на улицата Тале Христов, Поликлиника ВФВ и Објектите околу ВРВ Поликлиник, општина Бутел.
· во периодот од 09:00 до 12:00 часот, дел од корисниците на улицата Елисие Поповски – Марко бр.21,47 и други корисници во непосредна близина, општина Центар.
Македонија
Делови од Центар и Аеродром денеска без вода
Од ЈП Водовод и Канализација известуваат дека денеска:
– поради изведување на водоводен приклучок ф-80 мм на улицата Франклин Рузвелт бб, прекинато водоснабдување ќе имаат корисниците на дел од истата улица, односно потегот од Орце Николов до Благој Давков, општина Центар.
Водоснабдувањето ќе биде прекинато од 10:00 часот до завршување со работните активности.
– поради промена на вентил во шахта ф-2“ на улицата Венијамин Мачуковски бб, прекинато водоснабдување ќе имаат корисниците од истата улица, општина Аеродром.
Водоснабдувањето ќе биде прекинато од 09:00 часот до завршување со работните активности.
Македонија
Утрото претежно ведро и студено, преку денот сончево со мала до умерена облачност
Утрото претежно ведро и студено, преку денот сончево со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб ветер од јужен правец.
Минималната температура ќе биде во интервал од -4 до 4, а максималната ќе достигне од 15 до 20 степени.
Во Скопје, сончево со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб ветер од југоисточен правец. Минималната температура ќе се спушти до 2, а максималната ќе достигне до 16 степени.
Времето во наредните денови
Следува период на стабилно и суво време. Претпладне по одделни котлини ќе има услови за појава на магла или ниска облачност. Поради разведрувањето утринската температура наместа ќе се спушти под нулата, а дневната ќе бележи тенденција на благ пораст.

