Македонија
Граѓаните со висока поддршка за членство во ЕУ
Поддршката за членство на Македонија во ЕУ е сé уште голема и непроменета во споредба со март 2014 година, покажа истражувањето на Институтот за демократија „Социетас Цивилис“ Скопје, во рамки на проектот „Граѓанска мрежа за спречување на конфликт на интереси во јавната администрација“ за јавното мислење за ЕУ интеграцијата на Македонија.
Сепак, факторот „промена на името“ на државата кај значителен дел од граѓаните е влијателен при нивната поддршка за ЕУ интеграцискиот процес. Мнозинство граѓани поддржуваат влез во ЕУ без отстапки за името на државата (58,8 отсто), додека близу една четвртина поддржуваат влез дури и со отстапки за името (23,8 проценти). Мало малцинство воопшто не го поддржува членството на Македонија во ЕУ (13,6 отсто).
Мнозинство граѓани перцепираат стагнација во ЕУ интеграцијата во споредба со март 2014 година. Намалена е перцепцијата дека Македонија напреднала во процесот на ЕУ интеграција, а зголемен е процентот на испитаници кои сметаат дека воопшто не напреднала или се случило назадување. Доколку во 2014 најголем дел од испитаниците сметале дека Македонија донекаде напреднала, во 2015 година најголем број испитаници сметаат дека Македонија малку или воoпшто не напреднала или вкупно 57,3 отсто.
Постои значителна разлика во споредба со 2014 околу перцепцијата за подготвеноста на Македонија за членство во ЕУ. Додека минатата година граѓаните беа речиси поделени по ова прашање, во 2015 мнозинство граѓани сметаат дека Македонија не е подготвена за членство во ЕУ, односно 57,2 проценти.
Во споредба со 2014 година, оваа година се бележи раст на мислењето дека главната причина зошто Македонија сé уште не е дел од ЕУ е неостварувањето на домашните реформи. Додека во 2014 такво мислење имале 27,1 отсто од граѓаните, сега истото мислење го делат 32,1 проценти. Од друга страна, пак, меѓу 2014 и 2015 се бележи мал пад на мислењето дека главната причина за тоа што Македонија уште не е дел од ЕУ се соседните држави. Во март 2015, 43,8 отсто од испитаниците сметаат дека главната причина се соседите.
Најголем дел од етничките Македонци сметаат дека главната причина за тоа што Македонија не е дел од ЕУ се соседите или 46,1 отсто, а истото го мислат и 37,2 проценти од етничките Албанци. Мнозинство Албанци, пак, сметаат дека главната причина е неостварувањето на домашните реформи или 50,3 отсто, а истото го мисли и нешто повеќе од една четвртина од испитаниците Македонци, односно 26,7 отсто.
Податоците се собрани преку теренска анкета „лице в лице“ на примерок од 1.603 испитаници со статистичка грешка од +/- 2,5 отсто. Анкетата е спроведена на македонски и албански јазик./крај/мф/бб
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Нова услуга на ЈСП: Онлајн надополнување на картичката
ЈСП воведува нова услуга – онлајн надополнување на картичките за возење.
„Од сега можете онлајн да ја надополните вашата картичка со билети и/или износ (средства) директно преку нашата официјална веб страна skopjebus.mk — без чекање, без редици и без одење до продажно место. Сè што ви треба е телефон или компјутер и неколку минути. Надополнувањето се прави од далечина, брзо и кога вам ви одговара, од удобноста на вашиот дом“, велат од ЈСП.
Од таму додаваат дека со новата услуга се добива онлајн надополнување со билети и/или средства, брза постапка во неколку едноставни чекори, нема редици и нема потреба од физичко присуство, достапно од телефон или компјутер.
Како да надополните картичка?
* Влезете на skopjebus.mk
* Изберете „Надополни картичка“
* Внесете ги потребните податоци за
картичката
* Одберете дали сакате билети или износ
(средства)
* Потврдете и завршете ја постапката
Пробајте ја новата функционалност тука: https://skopjebus.mk/mk/app/cards/load
Македонија
Утре променливо облачно време, попладне дожд
Времето утре ќе биде променливо облачно со сончеви периоди. Кон крајот на денот и во текот на ноќта ќе има услови за повремен локален дожд, информира УХМР.
Претпладне тивко, а попладне ќе дува слаб до умерен ветер во западните делови од западен, а во источните и долж Повардарието умерен повремено засилен ветер од северозападен правец.
Минималната температура ќе биде во интервал од -3 до 3, а максималната ќе достигне од 11 до 17 степени.
Во Скопје, ончево со умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец. Минималната температура ќе се спушти до -1, а максималната ќе достигне до 14 степени.
Под влијание на поле на висок воздушен притисок, следува период на стабилно и суво време, освен утре кон крајот на денот кога ќе има услови за слаб локален дожд.
До петок ќе дува умерен, повремено засилен ветер од северозападен правец кој ќе биде поизразен долж Повардарието.
Од петок ветерот ќе го смени правецот во југоисточен. За време на викендот облачноста ќе се зголеми.
Македонија
Утре прекинато водоснабдување во делови од неколку скопски општини
Од ЈП Водовод и Канализација известуваaт дека утре ( вторник ) се планирани неколку интервенции и тоа:
· поради изведување на водоводен приклучок на ул.Борис Трајковски 212, прекинато водоснабдување ќе имаат корисниците на дел од истата улица (место викано Каменик). Водоснабдувањето ќе биде прекинато од 09:00 часот до завршување со работните активности.(општина Кисела Вода)
· поради изведување на водоводен приклучок ф-150 мм на ул.Варшавска 4, прекинато водоснабдување ќе имаат корисниците на дел од Варшавска и дел од бул.8-ми Септември. Водоснабдувањето ќе биде прекинато од 10:00 часот до завршување со работните активности.(општина Карпош)
· поради изведување на водоводен приклучок ф-100 мм на ул.Боца Иванова бб(за АБЦ Комерц),
прекинато водоснабдување ќе имаат корисниците на дел од Боца Иванова,Томе Пуре, Душко Поповиќ, Александар Бујнов, Бетовенова и дел од Петар Манџуков. Водоснабдувањето ќе биде прекинато од 10:00 часот до завршување со работните активности.(општина Бутел)
· поради изведување на водоводен приклучок ф-80 мм на ул.20 –ти Октомври 44 прекинато водоснабдување ќе имаат корисниците на дел од истата улица. Водоснабдувањето ќе биде прекинато од 09:00 часот до завршување со работните активности.(општина Центар)

