Македонија
Груевски: Отворена е вратата за сечие мислење
![](https://makfax.com.mk/wp-content/uploads/2016/11/gruevski-5.jpg)
ВМРО-ДПМНЕ во среда потпиша меморандум за соработка со пет здруженија проширувајќи ја основата за дејствување и реализирање на соработка сo Федерацијатa на фармери, Асоцијацијатa на земјоделци, Здружениетo на припадници на безбедносните сили – БЕДЕМ, Горанско друштво, и Здружениетo на Македонци со исламска вероисповед, Скопје.
„Креирањето на политики подразбира отворена врата за сечие мислење и сугестија која е издржана и која нас не прави подобри и поквалитетни во спроведување на тие политики. Откако ВМРО-ДПМНЕ ја има одговорноста пред граѓаните, на транспарентен начин и низ партнерски однос со различни целни групи искреиравме многу заеднички мерки и политики со кои што решивме многу отворени прашања и барања на граѓаните“, рече лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Никола груевски на потпишувањето.
Појасни дека суштината на нивното делување се состои во три основни работи: прво, постоење на обемна и квалитетна програма, која подразбира прецизни рокови, и план за реализација, и затоа велиме оценувајте не според она што реално го нудиме, второ, отчетно и транспарентно работење и токму затоа нашата програма секогаш има вредност, затоа што ние ќе создадеме дела и проекти кои се дел од нашиот отчет пред граѓаните, и трето, дадениот збор се исполнува со многу работа и пожртвуваност, со чесност и принципиелност.
„Со фармерите и земјоделците соработуваме затоа што тие секогаш се и ќе останат нашиот приоритет, и кога треба да се делат субвенции, и кога треба да се даде поддршка за земјоделска механизација, да се обезбеди државно земјоделско земјиште, услови за почеток на развој на земјоделскиот бизнис, но и онојпат кога ќе бидат погодени од природна непогода, кога ќе се јави проблем со приносот, или пак ќе треба Владата да помага при пласманот. И во добро и во лошо. Најдобро знаат земјоделците дека секогаш сме први да помогнеме и се трудиме онолку колку што имаме капацитети и можности да ги решиме заеднички сите предизвици. И на овој план е направено многу, и во иднина ќе продолжиме заеднички да придонесуваме уште повеќе. Бранителите најдобро знаат дека ВМРО-ДПМНЕ секогаш е чуварот на националните и државните интереси. Работиме и дејствуваме за заштита на државните интереси и промоција на вредностите кои ќе ни обезбедат напредок. Како партија секогаш оваа категорија на граѓани го имаат нашето почитување“, додаде Груевски./крај/со/бб
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
![](https://makfax.com.mk/wp-content/uploads/2022/08/makfax_logo_350px.jpg)
Македонија
(Видео) Полициските хеликоптери исфрлија над 120 тони вода врз пожарите кај селото Тажево и „Јасен“
![](https://makfax.com.mk/wp-content/uploads/2024/07/Screenshot-2024-07-26-203439.jpg)
Денеска Одделот за воздухопловни единици при МВР учествуваше со два хеликоптери во гасење на пожарот во реонот на Јасен.
Во 62 налети исфрлени се преку 120 тони вода со што успеа да се локализираат новите реактивирани краци на пожарот и да се спречи прошорување на пожарот кон селото Брезница , селото Тажево и националниот парк Јасен.
Македонија
Пронајдено детето од Скопје кое беше пријавено дека се оддалечило од домот
![](https://makfax.com.mk/wp-content/uploads/2023/02/policija-5.jpg)
Вечерва околу 19.20 часот полициски службеници од СВР Скопје го пронајдоа осумгодишното дете за кое денеска околу 18.40 часот неговата мајка С.Н. во ПС Карпош пријави дека околу 17 часот се оддалечило од домот.
Веднаш по добиената пријава, полициски службеници од СВР Скопје ги презеле сите неопходни мерки и активности и детето било пронајдено во добра здравствена состојба и ќе биде предадено на родителот, соопшти МВР.
Македонија
На Табановце за влез во државата се чека околу еден час
![](https://makfax.com.mk/wp-content/uploads/2022/07/tabanovce.jpg)
Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по суви коловози.
Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е зголемен. На ГП Табановце за влез во државата се чека е околу 1 час. На останатите гранични премини од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата.
АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има можност од појава на одрони. Ова посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани –Делчево.
Од 1 јули до 31 август на државните патишта во Македонија се воведува летен времен режим на сообраќај со кој се забранува движење на тешки товарни возила со вкупна маса над 15 тони, за време на деновите од викендот и за денови при екстремно високи температури.
Термините се следни:
– петок од 17:00 – 22:00 часот,
– сабота од 09:00 до 18:00 часот и
– недела од 09:00 до 22:00 часот.
На магистралниот пат А2 делница: Скопје – Охрид – Скопје се забранува движење на тешки товарни возила чија вкупна маса преминува 7,5 тони за време на викендите, во следните интервали:
– петок од 15:00 – 22:00 часот,
– сабота од 07:00 до 12:00 и од 18:00 до 24:00 часот и
– недела од 07:00 до 22:00 часот.