Македонија
Избран нов претседател на Уставниот суд
Уставните судии во понеделник на колегиум го избраа уставниот судија Никола Ивановски за нов претседател на Уставниот суд.
Според информациите од Судот, Ивановски бил избран со двотретинско мнозинство, односно за него гласале најмалку шест од вкупно девет уставни судии. Од таму не соопштуваат кои биле други предлози и со колку точно гласови е избран Ивановски. Тој ќе биде претседател на Судот во следните три години без право на повторен избор, а според неофицијалните информации, Ивановски ја имал поддршката од досегашната претседателка на Судот, Елена Гошева.Никола Ивановски е роден на 15 мај 1960 година во Скопје. Дипломирал на Правниот факултет во Битола во 1983 година, а правосудниот испит го положил во 1985 година. Работел прво како приправник, а потоа како стручен соработник во Окружниот стопански суд – Скопје (1984-1988), истражен и извршен судија во Основниот суд Скопје 1 Скопје (1988-1996), вршел самостојна адвокатска дејност во Адвокатска канцеларија во Скопје (1996-1999), Кривичен судија во Основниот суд Скопје 1 Скопје (1999-2008) и во август 2008 година бил избран за член на Советот на јавни обвинители на Република Македонија.За судија на Уставниот суд на Република Македонија е избран на 1 јуни 2012 година. Мандатот на актуелната претседателка истекува на 1 ноември, за уставен судија беше избрана во мај 2012 година, а по еден месец за судија во овој Суд беше избран Николовски. Изборот на Ивановски за претседател на Уставниот суд значи дека оценувањето на уставноста и законитоста на Законот за Специјално обвинителство ќе биде ставен на дневен ред на некоја од седниците на Судот за време на неговиот мандат. Оваа иницијатива е поднесена пред една година, но досега не беше ставена на дневен ред на седниците на Судот. Гошева, за време на чиј мандат имаше многу критики за партизираноста на дел од уставните судии, изјави дека не гледа демократија во вулгарностите изречени за Уставниот суд, ниту во боењето на објектот на Судот. /крај/ффс
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
(Видео) Снегот се натрупува, движењето по улиците низ Чаир и Бутел отежнато
Движењето на возилата по булевар „Христијан Тодоровски Карпош“ во Бутел е отежнато, а снегот се натрупува. Нема трага ниту од сол на патот, ниту од служби, велат жителите.
Македонија
Забрани за камиони на планинските превои Ѓавато, Пресека, Маврово – Дебар и Струга – ГП Ќафасан
Забрани за тешки товарни возила на планинските превои Ѓавато, Пресека, Маврово – Дебар и Струга – ГП Ќафасан, извести АМСМ.
Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по претежно влажни коловози.
Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата.
АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има можност од појава на одрони. Ова посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево.
Македонија
Делови од Сопиште и Илинден денеска без струја
Од ЕВН Македонија известуваат дека за денеска се планирани два прекини и тоа:
– во периодот од 09.00 до 12.00 часот, корисниците на дел од село Добри Дол. (општина Сопиште)
– во периодот од 09.00 до 15.00 часот, дел од корисниците во село Кадино кон црквата Св.Илија, улица 6. (општина Илинден)

