Контакт

Македонија

Казни за угостителски објекти во Битола и Прилеп

Објавено пред

Казни и затворени угостителски објекит по контролите на полицијата, Државниот пазарен инспекторат и Управата за јавни приходи во вкупно 28 објекти во Битола, Прилеп, Ресен, Македонски Брод и Демир Хисар.

dobivaj vesti na viber

Инспекторите во Битола констаирале неправилности во кабаре „Давидов“, „Лектира“, „Триангал – Кај чупињата“, гостилница „Реванш“ и кабаре „Ѕиу“. Од овие објекти приовремена забрана за работа има кабарето „Давидов“.На правното лице кабаре „Давидов“ изречена му е парична казна од 2.500 евра во денарска противредност и мерка забрана за работа во траење од 15 дена поради неиздавање на фискални сметки за извршениот готовински промет, парична казна од 2.000 евра во денарска противредност и мерка забрана за работа во траење од 15 дена поради непочитување на забраната за пушење и парична казна од 1250 евра во денарска противредност на одговорното лице во правното лице. Во кабаре „Лектира“ констатирани се неправилности  непочитување на Законот за заштита од пушење и неистакнување на лиценца за вршење на угостителска дејност „Кабаре“, меѓутоа поради недостаток на потребната документација, мерките ќе бидат изречени дополнително. На ресторан „Триангал – Кај чупињата“, гостилница „Реванш“ и кабаре „Ѕиу“  изречена им е мерка парична казна од 1.200 евра за правното лице, како и 300 евра на одговорното лице во правното лице за сторени прекршоци од Законот за угостителска дејност. Во останатите објекти  не се констатирани неправилности.Во Прилеп извршена е контрола во ноќен клуб „Даниелс“, ноќен клуб „Престиж“ и ноќен клуб „ВИП“ во Прилеп, „Кај Муфит“ и „Суки“ во село Лажани, како и кај „Цаневци“ и „Еџевит“ во село Дебреште, при што издадени се вкупно седум покани за наплата на глоба,  шест платни налози по ЗППЈРМ, извршени се две проверки на идентитет, а три лица се приведени. При контролата беше констатирано непочитување на Законот за заштита од пушење и присуство на две малолетни лица во ноќните клубови „Даниелс“ и „Престиж“, а од страна на инспекторите на УЈП во ноќниот клуб „Даниелс“ изречена е забрана за работа во траење од 30 дена поради немање на фискален апарат и неиздавање на фискални сметки. При извршената контрола во с. Лажани и с.Дебреште, утврдено е дека објектите биле затворени односно не работеле, а во останатите објектите не се констатирани неправилности.Во Ресен, извршена е контрола во кебапчилница „Синан Компани“, кафе бар „Таверна“ , гостилница „Оаза“, ноќен клуб „ Frame “ и  кафе бар „Из Голд“, при што извршени се три проверки на идентитет.  Од  страна на инспекторите од УЈП, на правното лице, ќебапчилница „Синан Компани“ изречена е парична казна од 2.500 евра во денарска противредност и мерка забрана за работа во траење од 15 дена поради неиздавање на фискални сметки за извршениот готовински промет и парична казна од 750 евра во денарска противредност на одговорното лице во правното лице. При контролата на останатите објекти не беа констатирани неправилности, додека кафе барот „ИЗ Голд“ во моментот на контролата бил затворен, односно не работел.Во Македонски Брод, извршена е контрола во кафе бар „Пот Чука“ лоциран во село Пласница, кафе бар „Кардинал“  и кафе бар „Фрст“ во Македонски Брод, при што не е констатирано непочитување на Законот за заштита од пушење цигари. Од  страна на инспекторите од УЈП и ДПИ, во  кафе бар „Пот Чука“ изречена е парична казна од 2.500 евра во денарска противредност и мерка забрана за работа во траење од 30 дена, поради прекршоци  од Законот за регистрирање на готовинско плаќање, Законот за угостителска дејност и Законот за трговски друштва. При контролата во с.Пласница, констатирано е дека објектот бил затворен, односно не работел.Во Демир Хисар, извршена е контрола кафе бар „Конект“,  мезе бар „Ивана“ и ресторан „Калц 2007“, при што  не е констатирано непочитување на Законот за заштита од пушење цигари. Од  страна на инспекторите од УЈП и ДПИ, на Мезе бар „Ивана“ изречена е парична казна од 2.500 евра во денарска противредност и мерка забрана за работа во траење од 30 дена, и парична казна од 750 евра во денарска противредност за одговорното лице во правното лице, поради прекршок од Законот за регистрирање на готовинско плаќање, на правното лице Мезе бар „Ивана“,  изречена е глоба во износ од 1.200 евра за правното лице и 300 евра за одговорното лице во правното лице и на Ресторан „Калц 2007“ изречена е парична казна во износ од 1.200 евра за правното лице и 300 евра за одговорното лице во правното лице, за работа без категоризација.Оваа акциска контрола е продолжување од контролата спроведена на 22 јануари на територијата од СВР Битола, со која беше извршена контрола во 16 угостителски објекти. Во три од нив беа констатирани неправилности во работењето и беа констатирани прекршоци по разни основи, а вкупната глоба за правните и одговорните лица достигна до 5250 евра во денарска противредност./крај/мвр

Македонија

(Видео) Стоилковски го поздрави лидерот на ДУИ јадејќи бисквита: „Поздрав, Али“

Објавено пред

Портпаролот на ВМРО-ДПМНЕ, Наум Стоилковски, на социјалните мрежи објави видео во кое, јадејќи бисквита го поздрави  лидерот на ДУИ, Али Ахмети.

dobivaj vesti na viber

Стоилковски вели дека оди на состанок со коалициските партнери на ВМРО-ДПМНЕ, а потоа зема бисквита и почнува да ја јаде.

„Поздрав, Али“ , вели Стоилковски.

Стоилковски алудира на изјавата на Ахмети која тој ја даде од митингот на „Европскиот фронт“ во Скопје пред одржувањето на првиот круг од претседателските избори кога рече оти лидерот на ВМРО-ДПМНЕ е израснат со бисквити и гурабии.

Прикажи повеќе...

Македонија

ЕУ: Очекуваме соработка со претседателката на Македонија, парламентот и владата за да работиме на европскиот пат

Објавено пред

Европската унија и честита на Гордана Силјановска Давкова за нејзината победа на претседателските избори во Македонија и со нетрпение очекува да работи со првата жена лидер во земјата, изјавија високиот претставник на ЕУ за надворешни работи и безбедност Жозеп Борел и европскиот комесар за проширување и соседска политика Оливер Вархељи

dobivaj vesti na viber

Борел и Вархеи, во заедничката изјава објавена по повод вториот круг од претседателските и редовните парламентарни избори во Северна Македонија, ги охрабрија „релевантните политички актери да работат на формирање парламент и стабилна влада“.

„Двете институции треба да работат заедно на подобрување на европскиот пат на Северна Македонија, кој вклучува имплементација на клучните реформи, особено во областа на владеењето на правото и борбата против корупцијата, во интерес на сите нејзини граѓани“, се вели во заедничката изјава на Борел и Вархеи.

Прикажи повеќе...

Македонија

Боки-13 за операцијата „Бумеранг“: поднесе кривични против Заев, Спасовски, Русковска

Објавено пред

Бојан Јовановски-Боки 13 поднел кривични пријави против поранешниот премиер Зоран Заев, ексминистерот за внатрешни, Оливер Спасовски, и двајцата генерални секретари на СДСМ, поранешниот Александар Кирацовски и актуелниот Миле Зачевиќ, како и против поранешната шефица на Јавното обвинителство за гонење организиран криминал и корупција, Вилма Русковска.

dobivaj vesti na viber

Тој дошол во Обвинителството на покана на актуелниот шеф на оваа институција, Ислам Абази.

Најави дела кривично-правната операција е наречена „Бумеранг“.

„Сите мои наводи и описот на настаните ќе бидат материјализирани со докази што потекнуваат од мојот телефонски уред, кој ми беше одземен при моето апсење во предметот ‘Рекет’. Се работи за кривични дела што се однесуваат на злоупотреба на службената положба и овластувањето, за изборни измани, незаконско финансирање политичка партија, злоупотреба на јавните набавки“, додаде тој.

Најави и продолжение на предавање докази во писмена форма.

„Поднесена е кривична пријава и против Вилма Русковска за злоупотреба на службената положба, примање поткуп, примена на тортура. Зоран Заев е речиси во секоја пријава“, рече Јовановски.

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија5 часа

Мицкоски на средба со коалицијата: доби поддршка за почнување преговори за состав на идната влада

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, денеска оствари средба со претседателите на партиите во состав на коалицијата „Твоја Македонија“. Беше констатирано...

Македонија6 часа

Пеевски до Мицкоски: Од вас се очекува правилно да го исполните договорот, Бугарија направи голема работа

Нема да дозволиме Бугарија да се користи за внатрешнополитички цели во Северна Македонија, наведува претседателот на ДПС од Бугарија, Дељан...

Македонија7 часа

Главчев: Се надевам дека Северна Македонија ќе ја продолжи европската перспектива, повеќе нема да правиме отстапки

Се надевам дека Северна Македонија ќе ја продолжи својата европска перспектива. Од наша страна, немаме каде да правиме повеќе отстапки....

Македонија7 часа

Џафери не кажа дали е подготвен да оди во опозиција: Тоа е прашање што зависи од исходот на преговорите за состав на нова влада

По отчетот за 100-те дена техничка Влада, техничкиот премиер Талат Џафери вели дека е фокусиран на обврските од сегашната Влада,...

Македонија8 часа

(Видео) Првиот премиер Албанец на Македонија: Со мирна совест можам да кажам дека она што го најавив пред сто дена и го спроведов

Претседателот на Владата, Талат Џафери, на денешната прес-конференција рече дека се обврзал пред граѓаните оти ќе овозможи слободно изразување на...

Македонија10 часа

Апасиев: Некои битки мора да ги водиме повеќе од еднаш за да можеме да победиме

„Нашиот успех на овие историски парламентарни Избори 2024 и освојувањето на шест мандати во Собранието на РМ е доказ за...

Скопје11 часа

Падна дрво во населбата Автокоманда во Скопје

Преку Единствен повикувачки број за итни случаи 112 во ЦУК е добиена пријава за паднато дрво на булеварот „Александар Македонски“...

Европа12 часа

Путин го избра премиерот

Рускиот претседател Владимир Путин предложи повторно именување на Михаил Мишустин за премиер во неговиот нов претседателски мандат, изјави утрово претседателот...

Свет13 часа

Германски министер: И Берлин размислува за забрана за испраќање оружје во Израел

Германскиот министер за одбрана, Борис Писториус, рече дека Берлин размислува за слични чекори по американската закана дека ќе запрат дополнителни...

Свет13 часа

Орбан по средбата со кинескиот претседател: Ја прошируваме соработката и во нуклеарната индустрија

Кина и Унгарија ќе тргнат на „златно патување“ во билатералните односи, изјави кинескиот претседател Си Џинпинг по средбата со унгарскиот...

Македонија21 час

Зеленски и ја честиташе победата на Гордана Силјановска Давкова

Денеска, 9 мај 2024 година, на социјалната мрежа „Икс“ по повод големата победа на професорката Гордана Сиљановска-Давкова на претседателските избори,...

Македонија22 часа

(Видео) ДИК ги соопшти првичните официјални резултати од Претседателските и Парламентарните избори

Претседателот на Државната изборна комисија, Александар Даштевски, ги објави првичните резултати од одржаните претседателски и парламентарни избори. Гордана Силјановска Давкова...

Македонија1 ден

ВМРО-ДПМНЕ ги постави контурите за коалирање со партиите – во фокусот се три точки

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, информира дека претпладнево одржал состанок, на кој биле поставени контурите на рамката врз која ќе го...

Македонија1 ден

Нов состав на Собранието ќе биде избран во следните 20 дена, инаугурацијата на Силјановска-Давкова најдоцна викендов

По завршувањето на парламентарните избори, следен чекор е мандатот на новиот собраниски состав да биде верификуван од ДИК. Во согласност...

Македонија1 ден

Силјановска-Давкова го победи Пендаровски со разлика од 308.632 гласа, разликата што тој ја направи во 2019 година беше 58.210 гласа

Според последните податоци од Државната изборна комисија (ДИК), во вториот круг од седмите претседателски избори во земјата Гордана Силјановска-Давкова освои...

Македонија1 ден

Македонија првпат доби жена претседател – која е Гордана Силјановска-Давкова и за што се залага

Првпат во Македонија во претседателската фотелја седнува жена откога Гордана Силјановска-Давкова, поддржана од ВМРО-ДПМНЕ, го победи досегашниот претседател Стево Пендаровски...

Македонија1 ден

Радев: Набргу ќе се знае дали ВМРО-ДПМНЕ и Силјановска ќе работат за европската перспектива на Скопје

Бугарскиот претседател Румен Радев вели дека набргу ќе биде јасно дали новоизбраната претседателка на Република Северна Македонија, Гордана Силјановска, и...

Македонија1 ден

ЗНАМ доби уште еден мандат и има вкупно шест, а ВМРО-ДПМНЕ се намали за еден и има 58 мандати, ДИК објави нови пресметки

Според последните објавени резултати на ДИК, по преброени 99,6 отсто од гласовите во избирачките места, ВМРО-ДПМНЕ освои 58 мандати во...

Македонија1 ден

„Очекувам тесна соработка за европската иднина на земјата“, евроамбасадорот Гир за изборната победа на Силјановска-Давкова

Амбасадорот на Европската Унија во нашата земја Дејвид Гир, утрово на Х и ја честиташе победата на Гордана Силјановска-Давкова на...

Македонија1 ден

Уште едена оставка од потпретседателската функција во СДСМ: Перо Костадинов се повлекува од функцијата по изборниот пораз

По Фатмир Битиќи и Перо Костадинов поднесе оставка од функцијата потпретседател на СДСМ. „Почитувани граѓани и драги сопартијци, по изборните...