Македонија
Македонија назадува во најновиот извештај на Фридом хаус
Пад во шест од седумте категории што се земаат предвид забележа Македонија во најновиот извештај на Фридом хаус, именуван „Нации во транзиција“.
Според извештајот, Македонија назадувала во категориите национално демократско владеење, изборен процес, независност на медиумите, локално демократско владеење, владеење на правото и независност на судството, борба со корупцијата, додека напредок има во делот на граѓанското општество.Власта во земјата е оценета како хибриден режим. Вкупната оценка за демократскиот развој на Македонија, според извештајот на Фридом хаус, е 4.29, а лани беше 4.07. (оценките се од 1 до 7, при што 1 претставува највисоко ниво на демократски развој, а 7 најниско).Од земјите од соседството, подобри од Македонија се Албанија (4.14), Црна Гора (3.93), Србија (3.75), Хрватска (3.68), Бугарија (3.25), додека полоши се само БиХ(4.50) и Косово(5.07). /крај/фх
Извор: freedom house
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Студени утра, посвежи денови: променливо облачно време со сончеви периоди
Времето денес ќе биде променливо облачно со сончеви периоди. Во западните делови ќе дува умерен западен ветер.
Минималната температура ќе биде во интервал од -12 до -3, а максималната ќе достигне од 0 до 7 степени.
Во Скопје, променливо облачно и студено со сончеви периоди. Ќе дува слаб ветер од променлив правец.
Минималната температура ќе се спушти до -9, а максималната ќе достигне до 3 степени.
До крајот на седмицата ќе се задржи стабилно и суво време. Од среда по котлините ќе има услови за појава на магла, а температурата ќе биде во благ пораст.
Македонија
Без струја делови од Аеродром и Сопиште
Од ЕВН Македонија АД известуваат дека поради зафати во електродистрибутивната мрежа, на ден 13.01.2025 година ( вторник ) без електрична енергија ќе останат:
· од 09:00 до 14:00 часот, корисниците од дел од ул. Ѓорѓи Андреевиќ Кун. (општина Аеродром)
· од 09:00 до 15:00 часот, корисниците од ул. 23 Село Сопиште (со сите подулички). (општина Сопиште).
Фото: pexels
Македонија
18-годишникот кој усмрти жена во Капиштец избега од државата, МВР распиша потерница
Министерството за внатрешни работи распиша меѓународна потерница по 18-годишникот кој прегази жена во Скопје и избега од местото на настанот. Според најновите информации, тој избегал и од државата.
„Министерството за внатрешни работи распиша меѓународна потерница по Саитов Саит (18) од Скопје од татко Берти и мајка Ганимете од Скопје. Лицето е барано по централна и меѓународна потерница по барање на ОЈО Скопје за кривично дело по член 300 од Кривичниот законик“, соопшти МВР.
Според истрагата, на 9 јануари, Саитов со „фолксваген пасат“ се движел по улицата „Народен фронт“ без да поседува важечка возачка дозвола. Тој се движел со неприспособена брзина и извршил непрописно поместување во левата коловозна лента, по што со возилото удрил во пешакот 79-годишната Љуба Јаковлеска. По несреќата, тој избегал.
фото/МВР

