Контакт

Македонија

Меѓународен ден на човекови права

Објавено пред

Универзалната декларација за човекови права е усвоена од Генералното собрание на ОН на 10 декември 1948 година, во Париз, поради што овој ден се празнува како Меѓународен ден на човековите права

dobivaj vesti na viber

Декларацијата за човекови права се смета за неформален устав кој ги гарантира правата на човекот и ги признава човековите права и слободи како дадени по раѓање, обезбедува рамноправност и гарантира заштита од насилство, лош третман и казни кои влијаат на човечкото достоинство.Обединетите нации усвоија шест договори за основните човекови права: Меѓународен договор за граѓанските и политичките права; Меѓународен договор за економските, социјалните и културните права; Договор против насилството; Договор за превенција на расната дискриминација; Договор за превенција на дискриминацијата на жените; Договор за правата на децата.Прифатената на 10 декември 1948 година Декларацијата за правата на човекот се состои од вовед и 30 члена. Во членовите од 1 до 21 се опишани класичните основни човекови права, а од 22 до 27 – социо-економските и културните права. Член 1: Сите луѓе се слободни и од своето раѓање еднакви по достоинство и права. Надарени се со ум и совест и треба да си приоѓаат во духот на братството.Член 2: Секој има право на правата и слободите објавени во оваа Декларација без разлика на расата, бојата на кожата, полот, јазикот, религијата, политичкото или друг вид на убедување, националното или социјалното потекло, имотот, раѓањето или друго.Понатаму не смее да се прави разлика врз основа на политичка, правна или меѓународна позиција на земјата или подрачјето, каде некоја личност припаѓа, независно од тоа дали истото е независно или е под доверителство, не поседува сопствена влада или е ограничено во својата сувереност.Член 3: Секој има право на живот, слобода и сигурност на личноста.Член 4: Никој не смее да биде држен во ропство или заробеништво; ропството и трговијата со робови се забранети во сите сите видови.Член 5: Никој не смее да биде подложен на мачење или страшен, нечовечки или понижувачки третман или казна.Член 6: Секој има право да биде насекаде правно признаен.Член 7: Сите луѓе се исти пред Законот и имаат право на еднаква законска заштита. Сите имаат право на еднаква заштита од секаков вид дискриминација што ја повредува оваа декларација и од секакво поттикнување кон таков вид дискриминација.Член 8: Секој има право на делотворна правна поука кај надлежните судови во државата против дејства, преку кои му се повредени основните права пропишани со Уставот или Законот.Член 9: Никој не смее неосновано да биде уапсен, затворен или прогонет од својата земја.Член 10: При утврдувањето на своите права и обврски како и при, против него подигнато, кривично-правно обвинување секој има потполно право на правична и јавна постапка пред независен и објективен суд.Член 11: Секој кој е обвинет заради казниво делување има право да важи за невин сẻ додека неговата вина не биде докажана во јавна постапка согласно Законот, при што ги добива сите гаранции нужни за неговата одбрана.Никој не смее да биде казнет заради дејство или потфат, кои во времето на неговото изведување не претставувале казниви дела според националното и меѓународното право. Исто така не смее да биде изречена потешка казна од онаа што се заканува во моментот на изведување на казнивото дело.Член 12: Никој не смее да биде изложен на неосновано мешање во неговиот приватен живот, семејството, живеалиштето и писмената комуникација или на негативни влијанија врз неговиот брак или почит. Секој има право на правна заштита против такви мешања или негативни влијанија.Член 13: Секој има право на слободно движење во својата држава и слободен избор на место за престој.Секој има право да ја напушти секоја земја, вклучувајќи ја и својата, како и да се врати во својата земја.Член 14: Секој има право да бара азил и ужива таков статус во други земји во случај на гонење.Ова право не може да биде искористено во случај на кривично гонење, што се изведува исклучиво врз основа на злосторства од политички вид или врз основа на дејства што ги повредуваат целите и принципите на Обединетите нации.Член 15: Секој има право на државјанство.Државјанството не смее да биде никому неосновано одземено, ниту, пак, да му се забрани правото за промена на своето државјанство.Член 16: Бракоспособни мажи и жени, независно од расата, државната припадност или религијата имаат право на склучување брак и основање на семејство. При склучување брак, во текот на бракот како и при растурањето на бракот тие имаат еднакви права.Брак може да биде склучен само при слободна и неограничена согласност на идните брачни партнери.Семејството претставува природна основна единица на општеството и има право на заштита од општеството и државата.Член 17: Секој има право на сопственост, како поединечно така и во заедница со други.Никому не смее неосновано да му биде одземена сопственоста.Член 18: Секој има право на слобода на мисла, совест и религија; ова право ја содржи и слободата за промена на својата религија или убедување како и слободата за изјаснување на религијата или убедувањето, самостојно или во заедница со други, јавно или приватно, преку учење, практикување, богослужби и културно делување.Член 19: Секој има право на слобода на мислење и слободно искажување на мислењето; ова право ја содржи слободата за непречено изразување на мислењето преку медиуми од секаков тип без разлика на било какви ограничувања за барање, примање и ширење информации.Член 20: Секој има право на мирно собирање и здружување во здруженија.Никој не смее да биде принуден да припаѓа на некое здружение.Член 21: Секој има право, непосредно или преку слободно избрани претставници, да делува во креирањето на јавните работи на својата земја.Секој има право на еднаков пристап до јавните служби во својата земја.Волјата на народот ја создава основата на авторитетот на јавната моќ; ваквата моќ мора да доаѓа до израз преку редовни, нелажирани, општи и еднакви избори со тајно гласање или во рамките на соодветна слободна изборна постапка.Член 22: Секое лице како член на општеството има право на социјална сигурност и право преку интерни мерки на државата и меѓународна соработка, земајќи ги предвид и организацијата и средствата на секоја држава да стекне уживање на економските, социјални и културни права, кои се неизбежни за неговото достоинство и слободниот развој на неговата личност.Член 23: Секој човек има право на работа, слободен избор на занимањето, правични и задоволувачки услови за работа како и заштита од невработеност. Сите луѓе, без да бидат различно третирани, имаат право на иста плата за иста работа. Секој кој работи има право на правична и задоволителна заработувачка, што нему и на неговото семејство му обезбедуваат егзистенција, која соодветствува на човековото достоинство, а е понекогаш дополнета со други социјални мерки за заштита.Секој има право заради заштита на своите интереси да формира синдикати и да пристапи кон нив.Член 24: Секој има право на одмор и слободно време, посебно на разумно ограничување на работното време и редовно платен одмор.Член 25: Секој има право на животен стандард, кој нему и на неговото семејство му гарантира здравје и благосостојба, вклучувајќи храна, облека, живеалиште, лекарска грижа и потребни социјални услуги, како и право на сигурност во случај на невработеност, болест, инвалидност или вдовец, како во старост така и при друг вид загуба на средствата за преживување преку околности во кои самото лице е невино.Мајки и деца имаат право на посебна превенција и поддршка. Сите деца, брачни и вонбрачни ја уживаат истата социјална заштита.Член 26: Секој има право на образование. Образованието е бесплатно, барем што се однесува до наставата во основните училишта и базичното образование. Наставата во основните училишта е обврзувачка. Стручната настава и наставата за занимања мора да биде дадена на располагање, а високообразовната настава мора на сите подеднакво да им биде дадена, во согласност со нивните способности.Образованието мора да биде насочено кон целосниот развој на човековата личност и јакнење на почитувањето на човековите и основните права. Тоа треба да даде придонес кон разбирањето, толеранцијата и пријателството меѓу сите нации и сите расни и религиозни групи и да даде поддршка на активноста на Обединетите нации за зачувување на мирот.Родителите имаат примарно право на избор на видот на образованието што децата треба да го стекнат.Член 27: Секој има право да зема слободно учество во културниот живот на заедницата, да се радува на уметностите и да учествува во научниот напредок и придобивките од него.Секој има право на заштита на духовните и материјалните интереси, кои се јавуваат како основа за дела од науката, литературата или уметноста.Член 28: Секој има право на социјален и меѓународен ред, во кој правата и слободите објавени во оваа декларација можат да бидат потполно остварени.Член 29: Секој има обврски кон заедницата во која се овозможува самото слободно и целосно развивање на личноста. При практикувањето на своите права и слободи секој е подложен само на оние ограничувања што се предвидени со Закон, исклучиво со цел за обезбедување на признавање и почитување на правата и слободите на другите и задоволување на правичните барања на моралот, јавниот ред и општото добро во едно демократско општество.  Овие права и слободи во никој случај не смеат да се практикуваат во спротивност со целите и принципите на Обединетите нации.Член 30: Ниедна одредба од оваа декларација не смее да биде така протолкувана што за некоја држава, група или личност ќе образложува некое право за извршување на активност или дејност што ќе има за цел отстранување на правата и слободите објавени во оваа декларација./крај/со/бб



©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Македонија

Херојот кој беше убиен во Вејце – Бобан Трајковски, доби споменик

Објавено пред

Со почит кон споменот на бранителот Бобан Трајковски, на 28 април, во центарот на Куманово, во 12 часот, ќе биде откриен мурал со неговиот лик, во пресрет на 23-годишнината од неговата херојска смрт.

dobivaj vesti na viber

Бобан Трајковски, припадник на Баталјонот за специјални намени „Волци“ на Армијата на Република Македонија на 28 години го положи својот живот на олтарот на татковината против терористите од ОНА во 2001 година кај Вејце.

Муралот е изработен од талентираните уметници Младен Трендевски – Трендо, Горан и Дејвид (сограѓани на Бобан).

Организатори на настанот се Здружението СИЛА и колегите од специјалната единица ВОЛЦИ.

Прикажи повеќе...

Скопје

Муцунски: Аеродром го заслужува најдоброто, започнува реализацијата на голем капитален проект

Објавено пред

Градоначалникот на Општина Аеродром, заедно со претседателот на советот, Дејан Митески и директорката на основното училиште „Блаже Конески“ утрово на работен состанок ја утврдија динамиката по која до крајот на оваа школска година треба да започне реконструкцијата и доградбата на основното училиште „Блаже Конески“.

dobivaj vesti na viber

„Станува збор за важен инфраструктурен проект, онаков каков што заслужуваат граѓаните на Аеродром. По неговото финализирање, Аеродром ќе добие модерно и современо училиште, направено согласно сите европски стандарди, училиште кое ќе биде пример за квалитетна градба, одржливост и енергетска ефикасност“, истакна градоначалникот Муцунски во својата објавата на Фејсбук.

Тој додаде дека најважно од се е што реконструкцијата и доградбата нема да го наруши нормалното функционирање на училишните активности, а нивната организација ќе биде направена во консултација и согласно барањата на родителите, со кои утрово Муцунски одржа состанок.

Прикажи повеќе...

Македонија

(Видео) Ковачки: Со над 800 милиони евра владата од ВМРО-ДПМНЕ ќе ги решава проблемите на земјоделците

Објавено пред

„Благодарност за поканата на нашиот градоначалник Виктор Паунов, тука сме заедно и со кандидатот за пратеник Гордана Барбашка. Како што нашиот градоначалник работи и покрај опструкциите од централната власт, гледате дека се развива и се гради. Во иднина ние планираме да дадеме 250 милиони евра за сите општини во Република Македонија без разлика кој е на власт. Само во Карбинци ќе доделиме 1,8 милиони евра за сообраќајна и комунална инфраструктура, значи дополнително општините ќе се градат и дополнително ќе се развиваат“, рече Драган Ковачки, член на ИК на ВМРО-ДПМНЕ и носител на Изборна единица 3.

dobivaj vesti na viber

„Како што работи нашиот градоначалник во Карбинци, така ќе работиме и ние на централно ниво. Дополнително за жителите од овој крај предвидуваме над 800 милиони евра во 4 годишен мандат за земјоделците што значи реконструкција на сите водоводни канали, да го решиме проблемот со водоснабдувањето, да го решиме проблемот со загарантираниот откуп, и да го решиме проблемот со загарантираната цена. Значи ќе отвораме и нови откупни центри.

Земјоделците од овој крај заслужуваат внимание, заслужуваат да си ја работат земјата тие, а не земјата да ја поседуваат феудалци како Љупчо Николовски и сличните на него.

Македонија е одлучна за промени, Македонија сака да биде горда, и Македонија заслужува да биде повторно твоја.

Затоа ги повикувам сите граѓани на 8 мај масовно да ни се приклучат да излеземе заеднички, да ставиме крај на овие црнила и овие сивила кои ги донесоа СДС и ДУИ“, изјави Драган Ковачки, член на ИК на ВМРО-ДПМНЕ и носител на Изборна единица 3.

Прикажи повеќе...

Најново

Топ1 час

Во тешка сообраќајна несреќа загина 20-годишник од Прилепско

Вчера во 12.16 часот во ОВР Прилеп било пријавено дека на регионалниот пат Македонски Брод–Прилеп, кај село Новоселани, се случила...

Македонија2 часа

Маскиран со „фантомка“ влегол во казино во Лешок, репетирал автоматската пушка и украл 329.780 денари: притвор за 28-годишник

Јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Тетово донесе Наредба за спроведување истражна постапка против 28-годишен жител на Непроштено, осомничен за...

Свет3 часа

Јенс Столтенберг: Украина се уште може да ја добие војната против Русија

Генералниот секретар на НАТО Јенс Столтенберг изјави дека Украина се уште може да победи во војната против Русија, но дека...

Свет4 часа

Израел е подготвен да прифати ослободување на помалку од 40 заложници, пишуваат медиуми

Израел е подготвен да го ублажи барањето од Хамас и да ослободи 40 заложници во замена за привремен прекин на...

Македонија4 часа

ВМРО-ДПМНЕ: Над 180.000 гласови предност се обврска за ВМРО-ДПМНЕ Македонија повторно да ја врати на народот

180.000 гласа разлика во корист на Силјановска Давкова и ВМРО-ДПМНЕ пред Пендаровски и СДС е порака дека народот сака промени...

Свет4 часа

Америка и испраќа на Украина скап пакет оружје, откриeно што може да има во него

Веќе во петок, САД би можеле да објават нов пакет оружје за помош на Украина во вредност од шест милијарди...

Регион5 часа

Лекари во Загреб вградиле мозочен стимулатор на маж со Паркинсонова болест : „Може да вози велосипед, да плива“

Уште еден голем успех на хрватските лекари. Тим хирурзи во болницата Дубрава прв во овој дел од Европа вгради мозочен...

Свет5 часа

Русите уапсија двајца нивни војници за грозоморни злосторства

Двајца руски војници се приведени под сомнение дека убиле пет лица во окупираниот дел од областа Херсон. Александар Осипов и...

Македонија16 часа

Ковачевски: Ќе продолжиме да се бориме за секој граѓанин и за европската иднина на Македонија

„Вчера граѓаните нѝ пратија силна порака и ние таа порака ја слушнавме. Но, се лажат сите кои мислат дека ќе...

Македонија16 часа

Јакимовски до Муцунски: Прв излегов и го признав поразот, а тие во алкохолизирана состојба едвај го прочитаа тоа што го напишале

„Колегата Тимчо Муцунски се подбивал со мојот резултат на овие претседателски избори, притоа обидувајќи се малку да биде вицкаст. Иако...

Македонија17 часа

Мицкоски до СДСМ и Ковачевски: Нека не ве чуди што ве снајде вчера

Мириса на промени, бранот започна и нема запирање. Она што го говорев кога дојдов тука пред некоја недела, стана вистина....

Македонија19 часа

Позитивна оценка за првиот круг од претседателските избори, забелешки за острата и негативна реторика од страна на ОБСЕ/ОДИХР

Првиот круг од претседателските избори беше конкурентен и гласачите можеа да направат информиран избор. Меѓународната набљудувачка мисија на ОБСЕ/ОДИХР во...

Македонија22 часа

Во прв круг за претседател е избран само Киро Глигоров со освоени 715.087 гласа, Силјановска-Давкова и Пендаровски вторпат одат во втор круг

По вчерашниот прв круг од седмите претседателски избори, Киро Глигоров остана единствениот претседател избран во прв круг од осамостојувањето до...

Топ22 часа

Маж од Радовиш со месеци сексуално вознемирувал малолетно девојче

Радовишанец со месеци силувал малолетничка Вчера, во Полициската станица Радовиш било пријавено дека 45-годишен жител на Радовиш во периодот од...

Македонија24 часа

Таткото на Вања ќе оди во куќен притвор, Врховниот суд му ја уважи жалбата

Врховниот суд ја уважи жалбата на таткото на убиената Вања Ѓорчевска. Со тоа укинат му е притворот и определени се...

Македонија1 ден

Ангелов за ДУИ: Со пушка дојдоа на власт, со пенкало да ги отераме на буништето на историјата

Колку и да е убедлива, победата нема да биде комплетна доколку ДУИ не биде срушена од власт, вели претседателот на...

Македонија1 ден

Стевчо собра повеќе потписи од гласови – поразот на Јакимовски главна тема на социјалните мрежи

Кандидатот за претседател на ГРОМ и актуелен градоначалник на скопската општина Карпош, Стевчо Јакимовски, на вчерашниот прв круг од претседателските...

Македонија1 ден

Почина менаџерот Велибор Џаровски-Џаро

На 75 години денеска почина менаџерот Велибор Џаровски-Џаро по кусо боледување, потврди семејството. Тој важи за еден од најпознатите менаџери на...

Македонија1 ден

Пендаровски победи во три општини, а Таварари и Димитриевски само во општините во кои се градоначалници

Кандидатите за претседател Гордана Силјановска-Давкова и Бујар Османи освоија најмногу гласови на претседателските избори по број на општини. Според податоците...

Македонија1 ден

ВМРО-ДПМНЕ: Народот избра промени, да излеземе уште помасовно на 8 мај

Огромната поддршка обврзува за промени и брзи резултати, да излеземе уште помасовно на 8-ми мај, а потоа следува економска трансформација...