Македонија
Министерката Марта Арсовска Томовска на работен состанок околу имплементацијата на проектот за интероперабилност
Министерот за информатичко општество и администрација Марта Арсовска Томовска оствари работен состанок со директорите на Агенцијата за вработување на Република Македонија Влатко Поповски, на Царинската управа Наташа Радеска-Крстевска и на Управата за јавни приходи Кирил Миновски, како и со В.Д. Директорот на Фондот за ПИОМ, Шаип Зенељи.
На состанокот се разговараше за статусот на имплементација на втората и третата фаза на проектот интероперабилност, како и за степенот на подготвеноста на институциите за целосна имплементација на новиот Закон за општата управна постапка кој ќе почне да се применува од Август 2016-та година, особено во контекст на електронската размена на податоци и документи по службена должност помеѓу институциите. Претходно, работни состаноци на оваа тема беа одржани со Централниот Регистар, Агенцијата за катастар на недвижности, Управата за водење на матични книги. Во текот на овој месец планирани се состаноци со сите останати 18 институции кои се вклучени во проектот Интероперабилност, како и голем број други активности во насока на создавање на услови за целосно искористување на можностите кои се предвидени со електронското поврзување на институциите. Втората фаза од проектот Интероперабилност е финансиран со ИПА средства, додека третата фаза од буџетот на Република Македонија. Со целосна имплементација на овој проект, како и новиот Закон за општата управна постапка и материјалните закони кои на почетокот на оваа година беа усогласени со новиот закон, граѓаните и компаниите ќе бидат ослободени од обврската во текот на управните постапки да прибавуваат и приложуваат документи кои се водат во службените евиденции на државните органи, со што ќе се обезбедат побрзи и поефикасни административни услуги. /крај/со/ст
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Силјановска се заблагодари за честитката од ЕУ: Со нетпрение очекувам да ја продолжиме соработката
Силјановска Давкова се заблагодари за честитката од ЕУ и порачува дека со нетпрение очекува да ја продолжам соработка со Европската Унија за конечно заокружување на европската интеграција на целиот регион.
„Денеска, како избрана претседателка, добив официјално соопштение од Европската Унија со кое ми се честита победата на изборите. Темелот на мојата на кампања беше градењето на консензус помеѓу сите политички партии во Собранието, како од власта, така и од опозицијата, граѓанското општество и македонските граѓани, независно од нивните разлики. Нашиот клучен стратешки проект е европската интеграција и истата останува да биде темел за градењето на консензус помеѓу различните чинители во општеството. Потенцирам дека под мое водство нашата надворешна политика ќе продолжи да биде целосно усогласена со заедничката надворешна и безбедносна политика на Европската Унија. Со нетпрение очекувам да ја продолжам соработка со Европската Унија за конечно заокружување на европската интеграција на целиот регион“, се наведува во соопштенеито испратено од тимот на Гордана Силјановска Давкова.
Европската унија и честита на Гордана Силјановска Давкова за нејзината победа на претседателските избори во Македонија и со нетрпение очекува да работи со првата жена лидер во земјата, изјавија високиот претставник на ЕУ за надворешни работи и безбедност Жозеп Борел и европскиот комесар за проширување и соседска политика Оливер Вархеи.
Борел и Вархеи, во заедничката изјава објавена по повод вториот круг од претседателските и редовните парламентарни избори во Северна Македонија, ги охрабрија „релевантните политички актери да работат на формирање парламент и стабилна влада“.
Македонија
(Видео) Стоилковски го поздрави лидерот на ДУИ јадејќи бисквита: „Поздрав, Али“
Портпаролот на ВМРО-ДПМНЕ, Наум Стоилковски, на социјалните мрежи објави видео во кое, јадејќи бисквита го поздрави лидерот на ДУИ, Али Ахмети.
Стоилковски вели дека оди на состанок со коалициските партнери на ВМРО-ДПМНЕ, а потоа зема бисквита и почнува да ја јаде.
„Поздрав, Али“ , вели Стоилковски.
Стоилковски алудира на изјавата на Ахмети која тој ја даде од митингот на „Европскиот фронт“ во Скопје пред одржувањето на првиот круг од претседателските избори кога рече оти лидерот на ВМРО-ДПМНЕ е израснат со бисквити и гурабии.
Македонија
ЕУ: Очекуваме соработка со претседателката на Македонија, парламентот и владата за да работиме на европскиот пат
Европската унија и честита на Гордана Силјановска Давкова за нејзината победа на претседателските избори во Македонија и со нетрпение очекува да работи со првата жена лидер во земјата, изјавија високиот претставник на ЕУ за надворешни работи и безбедност Жозеп Борел и европскиот комесар за проширување и соседска политика Оливер Вархељи
Борел и Вархеи, во заедничката изјава објавена по повод вториот круг од претседателските и редовните парламентарни избори во Северна Македонија, ги охрабрија „релевантните политички актери да работат на формирање парламент и стабилна влада“.
„Двете институции треба да работат заедно на подобрување на европскиот пат на Северна Македонија, кој вклучува имплементација на клучните реформи, особено во областа на владеењето на правото и борбата против корупцијата, во интерес на сите нејзини граѓани“, се вели во заедничката изјава на Борел и Вархеи.