Македонија
На 9 февруари треба да почне судењето за „Дива населба“

На 9 февруари, во вторник, треба да започне судењето против 29 обвинети за тероризам за мајските инциденти што се случија во Куманово минатата година кога беа убиени осуммина полицајци.
На расправата за оценка на обвинителниот акт, којашто беше јавна, сите 29 обвинети се изјаснија дека не се виновни и дека не се терористи.На 9 и 10 мај во Куманово дојде до судир меѓу македонската полиција и вооружена група, а во борбите коишто траеја два дена загинаа осум припадници на полицијата и десет припадници на вооружената група.Адвокатите на обвинетите поднесоа барање до Специјалното обвинителство овој случај да го истражува тимот на Катица Јанева. Јанева во понеделникот изјави дека овој случај е во фаза на рагледување, дали ќе биде во надлежност на Специјалното јавно обвинителство. /крај/мф/ффс
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Македонија
(Фото) Спасени се двете лица на кои им се преврте чамецот во Мавровското езеро

Спасени се двете лица на кои денеска попладне им се преврте чамецот во водите на Мавровското Езеро, информираат од Центарот за управување со кризи.
Од ЦУК велат дека двете лица се извлечени и се наоѓаат во возило на Итната медицинска помош.
Во акцијата учестуваше и спасувачки хелихоптер со специјален тим од САЕ „Тигар“, кој пристигна на брегот на езерото, подготвен за итна интервенција.
Истовремено, спасувачки тим со чамец се упати кон лицата кои се потпираа на својот превртен чамец.
Во меѓувреме, според ЦУК, двете лица успеале да го вратат чамецот во нормална позиција и повторно да влезат во него.
Од водите на езерото се извлечени со помош на спасувачкиот тим.
Инаку, како што информираат од ЦУК, откако им се превртел чамецот, двете лица успеале да се задржат на него. Но, поради силниот ветер и брановите, со чамецот се движеле кон Хидроцентралата.
За состојбата, бил известен и директорот на ХЕЦ „Маврово“ со цел да го запре производството на електрична енергија, како би се избегнале струите во езерото и би се сопрело движењето на превртениот чамец.
Македонија
Мицкоски за големиот протест во Србија: Ја следиме состојбата и не се мешаме во внатрешни работи на други земји

Нормално е да ја следиме состојбата во Србија. Неодговорно би било да не ја следиме состојбата со нашите соседи и врз основа на тоа сме подготвени за предизвиците. Доколку постојат такви имаме разработено сценарија, но не очекувам прелевање кај нас. Ова денеска го изјави премиерот Христијан Мицкоски, одговарајќи на новинарско прашање да даде коментар за случувањата во соседна Србија, каде денеска се одржува голем студентски протест, но и како ја оценува безбедноста состојба во нашата држава, односно дали случувањата во Србија можат да се рефлектираат и кај нас.
На прашањето дали е запознаен со информациите од тамошните медиуми дека структури од соседни земји на Србија, спомнувајќи ја и нашата држава, учествуваат во некакви сценарија за рушење на тамошната власт, премиерот рече дека политиката на власта е јасна, и додаде дека „не сакаме да ни се мешаат во нашите внатрешни работи, а ниту, пак, ние ќе се мешаме во внатрешните работи на која било друга земја“.
„Нашата домашна задача е наша домашна задача, а домашната задача на другите земји си е нивна домашна задача. Доколку некој побара помош од нас, советодавна, каква било, тука сме во рамкитена законите и Уставот на Македонија да овозможиме такво нешто. Доколку не, повторно ние ќе си ја гледаме нашата задача, затоа што имаме работи што треба дома да си ги решаваме. Немаме амбиција да бидеме дел од внатрешните работи на која било земја во светот“, рече Мицкоски.
Македонија
Герасимовски: Голема акција за чистење во ООУ „11 Октомври”, хигиената на прво место

Општина Центар информира дека денеска во основното училиште „11 Октомври“ се реализираше голема акција за чистење и уредување на училишниот двор, во која учествуваа ученици, наставници, родители, како и градоначалникот Горан Герасимовски.
Герасимовски, потенцираше дека оваа активност е дел од кампањата „Центар не чека, Центар чисти“, чија цел е подигнување на свеста за важноста на чистата животна средина.
„Денеска, преку заеднички труд, покажавме дека одговорноста за хигиената и уредноста на нашата околина ја носиме сите – и децата, и возрасните. Ова не е само акција за чистење, туку и едукативен момент за учениците, кои учат колку е важно да ја зачуваме природата. Среќен сум што сите активно се вклучија и ја поддржаа оваа иницијатива“, изјави Герасимовски.
Тој најави дека ваквите акции ќе продолжат и во наредниот период, со цел создавање почиста и поуредена средина за сите жители на Општина Центар.
Акцијата „Центар не чека, Центар чисти“ продолжува и во следните недели, а сите граѓани можат да пријават смет и диви депонии на телефонските броеви: 076/350-767 и 02/3203-693.