Контакт

Надворешна политика

Бејли: Договорот од Пржино останува добра основа за надминување на кризата

Објавено пред

 

Договорот од Пржино останува добра основа за надминување на политичката криза во земјата, а одлуката за тоа треба да ја донесат граѓаните, односно политичките лидери во земјата, изјави во средата американскиот амбасадор Џес Бејли кој присуствуваше на завршниот настан на проектот на УСАИД за меѓуетничка интеграција во образованието, пренесува А1он.

 

„Зборувавме за ова многу пати, не знам дали има Пржино еден, два, три… Имавме систем поставен од мај до јули 2015, кој предвидуваше кризата да се разреши со враќање во Собранието, со создавање услови за добри и фер избори, со справување со прашањето на неовластено прислушуваните разговори, како тие настанале и што откриваат, и потоа да продолжиме со реформските приоритети. Сметам дека тоа останува добра основа за да одиме напред. Ако ги погледнете овие елементи, мислам дека може да видите начин како да одиме напред“, рече Бејли запрашан од новинарите за сугестија за разрешување на кризата и дали „Пржино 3“ е опција.

 

Американскиот амбасадор посочи дека, сепак, одлуката за тоа е на политичките лидери во земјата.

 

„Ние остануваме партнер и пријател на Македонија, сакаме да помогнеме процесот да се движи напред, но на крајот на денот се зависи од вас, од граѓаните, од вашите лидери, да профункционираат демократските институции. Има тензии во општеството, има поделби, и важно е институциите да ги приближуваат граѓаните заедно“, додаде Бејли.

 

На новинарско прашање во врска со доделувањето на мандатот за формирање нова влада тој повтори дека очекуваат претседателот Иванов да ја преиспита неговата одлука.

 

„Мислам дека неколку пати дадовме коментар во врска со одлуката на претседателот Иванов. Сметаме дека тоа не беше правилна одлука и се надеваме дека ќе ја преиспита. Мислам дека е важно демократските институции да функционираат и во тоа се содржани решенијата“, истакна американскиот амбасадор./крај/мф/бс

 

Најново

Македонија25 минути

Утре, сончево и топло, попладне со изолирана појава на нестабилност со пороен дожд и грмежи

Утре, сончево и топло со мала до умерена локална облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец. Попладне...

Македонија44 минути

Герасимовски: Не со манипулации, туку со факти, новиот нацрт-ДУП ја намалува површината за градба за 14.000 м²

Обидот на Движењето ЗНАМ за Наша Македонија политички да ја манипулира јавноста преку неточни и нестручни толкувања на урбанистичките планови...

Црна хроника52 минути

Татко физички и психички ги малтретирал малолетните деца во Кисела Вода

Синоќа во 21:10 часот во Полициската станица Кисела Вода, полициски службеници од СВР Скопје извршија службен разговор со М.И.(42) од...

Свет1 час

Трамп верува дека Путин е подготвен за договор за прекин на војната во Украина

Американскиот претседател Доналд Трамп денес во интервју за „Фокс њуз“ изјави дека рускиот претседател Владимир Путин е подготвен за договор...

Црна хроника1 час

Внукот го претепал и му се заканувал на 74-годишниот дедо: му барал пари а не ги добил

ОВР Кочани поднесе кривична пријава против Ш.А. (20) од Кочани. Тој се сомничи за сторено кривично дело „загрозување на сигурноста“....

Македонија2 часа

Општина Чаир: Фестивалот „Фолклорните вечери на Чаршијата“ ги обедини културите во срцето на Скопје

Во Старата чаршија се одржа 21. издание на Меѓународниот фолклорен фестивал „Фолклорните вечери на Чаршијата“, манифестација која собра фолклорни ансамбли...

Македонија2 часа

(Видео) СДСМ и ДПМНЕ го отворија патот за нова бетонизација на Водно, велат од Левица

Седницата на Советот на Општина Центар уште еднаш покажа дека кога се во прашање интересите на градежните лобија и урбаната...

Економија2 часа

Божиновска: Со приклучувањето кон Вертикалниот гасен коридор, земјата станува и важна транзитна точка во регионот и Европа

Македонија влегува во Вертикалниот гасен коридор – по интезивна активност на Божиновска и МЕРМС, стануваме дел од клучната европска гасна...

Македонија2 часа

ВМРО-ОКГ намерно го кочи Изборниот законик за да го одбегне она што следува после, велат од СДСМ

Според опозициската СДСМ; ВМРО-ОКГ, како што велат, намерно го турка Изборниот законик со спорни одредби за изборна гражба, за да...