Daily news
Иванов за ХТВ: Опасноста од платформата за Македонија е да стане Кипар
![](https://makfax.com.mk/wp-content/uploads/2017/04/ivanov-za-htv.jpg)
Суштината на платформата е да се смени уставното уредување на Република Македонија. Тоа значи, Македонија од мултиетничко општество и унитарна држава да постане биетничка. За споредба би можеле да кажеме, Македонија да постане еден Кипар, само што Македонија не е остров, вели претседателот на Република Македонија, Ѓорге Иванов во интервјуто за емисијата „1 на 1“ на хрватската национална телевизија, ХТВ.
Македонскиот претседател во телевизиското интервју ја образложува тиранската платформа и ги изнесува своите ставови за политичката состојба во земјата и можните решенија за излез од кризата.
Во однос на платформата од Тирана, Иванов вели дека нејзината намера е албанскиот јазик да се изедначи со македонскиот и да се промени уставниот амандман кој произлегува од Охридскиот рамковен договор, согласно кој, заедниците во Македонија своите права ги добиваат врз основа на нивната застапеност од 20 насто во државата.
„Значи интенцијата на платформата од Тирана е тие 20 проценти да се променат, албанскиот јазик да биде ист со македонскиот. И со тоа се ускратуваат стекнатите права што ги има во Македонија. Бидејќи, Турците имаат општина каде службен јазик е турскиот јазик. Училиштата се на турски јазик. Ние имаме ромска општина, каде што ромскиот јазик е службен јазик, службениот весник е на ромски, школите се на ромски јазик, исто така и Србите имаат општина на српски јазик. Така што, со платформата од Тирана тие права би припаднале само на една заедница. Само Албанците би имале права“, вели Иванов.
Запрашан како ги коментира заговорите за конфедерација на Македонија, Иванов одговара дека „тоа е она што ги предизвика илјадници граѓани повеќе од месец дена да се на улиците“. „Со таа тиранска платформа, Македонија престанува да постои таква како што ја знаеме. Затоа што со таа биетничност и бијазичност што се промовираат, ние имаме два сегменти во Македонија кои се и етнички и религиозно и јазично различни. Се јавува длабок расцеп. Тогаш, граѓаните со сигурност се сомневаат во намерите на тие што ја подготвувале таа платформа. Целта не е да се обедини Македонија, туку Македонија да биде преодна фаза во создавање, можеби ќе кажам потежок збор, на трета албанска држава“, изјави македонскиот претседател во интервјуто за ХТВ.
На прашањето како и дали ЕУ може да помогне во решавањето на политичката криза во Македонија, Иванов вели – На министерскиот совет е отворено прашањето за платформата од Тирана, но тоа јавно не се соопштува. Не можат јавно да ја осудат, затоа што би настанале и проблеми за главниот актер, односно за Еди Рама. Во Албанија би било проблем кога тој би се повлекол од таа платформа. Така што состојбата е сега многу покомплексна отколку што беше претходно, изјави Претседателот.
На прашањето како гледа излез од политичката криза и дали нови избори би претставувале решение, македонскиот претседател вели дека состојбата на некој начин сега е блокирана, но и дека влијанието на надворешните актери е премногу силно.
Затоа треба здрав разум, да се седне и да се разговара. Затоа што секогаш се можни решенија, вели Иванов и додава дека тој како претседател досега учествувал во изнаоѓањето на две такви решенија, посочувајќи ги лидерските средби и им порача на парламентарните партии дека мора да најдат начин прво да изберат претседател на Собранието за да се отстрани правната пречка за определување на мандат.
„Потоа, да се каже дека приоритет се европските реформи, а не туѓи платформи. Тие туѓи платформи доведуваат да се создаде Влада која што ќе биде уценета и која нема да ги исполнува барањата на граѓаните. Во Македонија имаше над 90 проценти поддршка за Европската унија. Сега, таа се сведува на 70 насто. Продолжи да паѓа, затоа што се гледа немоќта да се најде решение, бидејќи се бавиме со последиците, а не со причините“, вели Иванов предупредувајќи за последиците од кризата и можно нејзино пресликување и во други земји кои се во слична состојба.
Во интервјуто за ХТВ, Иванов меѓудругото говори за лидерот на СДСМ Зоран Заев, за мигрантската криза, за заканите по опстојувањето на македонската држава, за односите со Москва и Вашингтон, како и за односите на Македонија со Грција низ призма на спорот со името./крај/мф/бс
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
![](https://makfax.com.mk/wp-content/uploads/2022/08/makfax_logo_350px.jpg)
Daily news
Награда за „Бизнисот на задоволството“ на фестивалот во САД, кој ги откри Спилберг и Џорџ Лукас
![](https://makfax.com.mk/wp-content/uploads/2024/05/thumbnail_The_Business_of_Pleasure_2.jpg)
Долгометражниот филм „Бизнисот на задоволството“ на Гоце Цветaновски е добитник на наградата „Сребрено реми“ на „Хјустон интернешнал филм фестивал“ (WorldFest-Houston International Film Festival) во САД.
Овој значаен фестивал, кој постои цели 57 години е еден од најстарите во Америка и најстар во светот за независни филмови. Се гордее со тоа што во својата историја им ги доделил првите награди на легендарни режисери како што се Стивен Спилберг, Џорџ Лукас, Анг Ли, браќата Коен, Ридли Скот, Брајан де Палма, Оливер Стоун, Роберт Родригез, Спајк Ли, Дејвид Линч и уште многу други.
„Ова е голем успех. Да бидеш награден во конкуренција од над 4.000 филмови од 70 држави, е признание кое ја потврдува естетската вредност на филмот. Дефинитивно влеговме во убаво друштво, со оглед на тоа кој се’ е добитник на „Реми награда“ во историјата на фестивалот. И’ честитам на целата екипа којашто допринесе за меѓународниот успех на филмот и едвај чекам сите да се собереме повторно и во септември да го претставиме филмот пред македонската публика.“, рече режисерот Гоце Цветановски.
Наградата е деветта по ред на филмските фестивали во светот, а трета во САД, откако претходно „Бизнисот на задоволството“ го доби признанието за најдобар филм на „Риверсајд филм фестивал“ во Калифорнија и за највпечатлив филм во Седона, Аризона.
Улогите ги толкуваат Муса Исуфи, Слаѓана Вујошевиќ, Исмаил Касуми, Дамјан Цветановски, Осман Ахмети, Елени Декидис, Мендим Муртези, Егзона Салиху, Авни Далипи и Катерина Коцевска, а Цветановски го потпишува и сценариото. Продуценти на филмот се Дритон Рамадани, Богдан Јончевски и Гоце Цветановски.
Снимен е со поддршка на Агенцијата за филм.
Daily news
Прва правна конференција Tres Partes
![](https://makfax.com.mk/wp-content/uploads/2018/03/1-1-3.jpg)
На 26 декември година во хотелот „Континентал“, со почеток во 10 часот, ќе се одржи првата правна конференција Tres partes, во организација на „Јанаки знае“, а ќе биде поделена во три дела.
Првиот дел е со работен наслов „Дали е потребно укинување на извршителите?”, на кој ќе учествуваат Зоран Василевски, кој ќе ја застапува тезата ПРО укинување на извршителите, извршител Снежана Андреевска, која ќе ја застапува тезата КОНТРА укинување на извршителите и извршител и поранешен судија за извршување, Христо Јованов, кој ќе предава во делот на извршувањето пред да се укинат судиите извршители.
Вториот дел е со работен наслов „Дали се шаблонизира институтот надомест на нематеријална штета“, на која предавачи ќе бидат адвокатката Маруша Митровска, судијката Љубица Колиќ од Основен суд Скопје 2 и судијата Ѓорѓи Радојков од Апелациониот суд Скопје.
Третиот т.н. кривичен дел е со работен наслов „Неприменување на кривично-правните институти“, во кој предавачи ќе бидат адвокатот Јанаки Митровски, Никола Тупанчевски, редовен професор по казнено право при „Јустинијан Први“, Александра Деаноска, вонредна професорка по казнено право при „Јустинијан Први“, и Оља Ристова, судијка при Основниот суд Скопје 1.
Предвиден е и интерактивен дел со публиката преку поставување прашања и коментари од учесниците.
Daily news
Груевски оди во затвор – Апелација му ја потврди казната
![](https://makfax.com.mk/wp-content/uploads/2018/08/gruevski-sud.jpg)
Апелациониот суд Скопје, постапувајќи по кривичниот предмет познат во јавноста под името „Тенк“ по одржана јавна седница, донесе пресуда со која му ја потврди двегодишната затворска казна на премиерот Никола Груевски. „Жалбите на обвинетиот Никола Груевски изјавени лично и преку неговите бранители ги одби како неосновани, а првостепената пресуда ја потврди во целост, со што му ги потврди двете години затворска казна“, пишува во соопштението од судот.
Второстепениот суд делумно му ја уважи жалбата на Ѓоко Поповски и му ја намали казната на 4 години и 6 месеци, а во останатиот дел првостепената одлука ја потврди.
За Гордана Јанкулоска за „Тенк“ е издвоена во друга постапка и пресудата за неа, под обвинение дека ја злоупотребила службената положба и го натерала Поповски да го намести тендерот за „мерцедесот“ што го посакал Груевски, ќе биде изречена на 8 октомври.