Контакт

Daily news

Иванов не го менува својот став за решавањето на кризата, Туск очекува лидерство и државништво

Објавено пред

 

Ставот на претседателот Ѓорге Иванов за решавањето на политичката криза останува непроменет, односно новата влада не смее да биде оспорена од ниту една страна и по ниту една основа, а шефот на државата ова му го пренесе и на првиот човек на Европскиот совет, Доналд Туск кој во понеделникит престојува во посета на Македонија.

 

„Детално го запознав господинот Туск со моите уставни овластувања како и со воспоставената практика од 1992-та година за определувањето на мандатот за состав на влада. Сакам недвосмислено да порачам, мојот став останува непроменет, правната и политичката пречка мора да се остранат. Целта на двата услова е новата влада да не биде оспорена од ниту една страна и по ниту една основа. Мојата одлука е превентивна за да спречиме штетни последици со кои би можеле да се соочиме“, рече Иванов по средбата со Туск.

 

Првиот човек на Европскиот совет изјави дека посветеноста на ЕУ кон европската перспектива на Македонија останува недвосмислена, и аспирациите за членство во ЕУ и НАТО остануваат „фактор на единство“ за Македонија.

 

„Посветеноста на ЕУ на вашата европска перспектива е недвосмислена. Постигнувањето и добивање на членство во ЕУ и НАТО постојано се покажуваше како фактор на единство, нешто што денес е многу потребно во вашата земја. Оттука се надевам дека ќе продолжите да го следите тој внатрешен компас и да го избегнувате се она што може да ги подгрее тензиите меѓудругото и по етничка основа. Продолжената криза ја задржува земјата на патот кон ЕУ, на вас останува да најдете решение коешто ќе биде засновано на деморкатските начела, пристојност и здрав разум, а кога ќе го пронајдете ќе можете да сметате на нашата поддршка“, порача Туск.

 

Иванов повтори дека императивот на политичките и партиските лидери во Македонија треба да биде спроведувањето на европските реформи, а не како што смета тој, „спроведувањето на постизборна платформа креирана во туѓи држави“.

 

„ЕУ е гарант на само два договори – Охридскиот рамковен договор и договорот од 2015-та година. Оттука имепратив на партиските лидери треба да биде спроведување на ургентните реформски приоритети, партиите и пратенците треба да ги спроведат европските реформи, а не спроведување на постизборна платформа креирана во туѓи држави. Платформа со која се загрозува независноста на државата со која се условува постигнувањето на парламентарно мнозинство и се уценува составот на новата влада.

Се поттикувнаат тензии по меѓуетнички односи, се манипулраат граѓаните со прашања кои се надвор од рамковниот договор, се бара промена на Уставот – затоа за маекдонија се потребни европски реформи а не туѓи платформи. Како држава мора да се фокусираме на европските реформи, бидејќи само тие ќе помогнат да го искорениме коренот на политичките кризи“, нагласи Иванов.а

 

Туск, пак, исто така порача дека сега „не се лесни времиња“ за земјата и дека од Иванов во овој момент се очекува лидерство и државништво, како за политичката криза, така и за мигрантската криза којашто во минатите две години го зафати регионот. „ Сега не се лесни времиња и имате голема одговорност да обезбедите лидерство. Овие времиња бараат државнички однос и ништо помалку. Во 2015-та година бевте на првиот удар од кризата соочувајќи се со дотогаш незабележен прилив на мигранти и сте во најдобра положба од сите да кажете колку важно беше да се затвори рутата преку западен Балкан.

Развивме сеопфатна стратегија за да се справиме со миграциската криза и денес рутата на западниот Балкан практично останува затворена, благодарение и на вашите напори“, рече Туск.

 

Во поглед на мигрантската криза, пак, Иванов потенцираше дека Македонија како и досега, и во иднина „ќе дејствува за заштита за својата национална безбедност и сигурноста на своите граѓани“./крај/мф/бс

 

 

Најново

Спорт5 часа

(Видео) Алварез промашуваше, Фермин не – Барселона го победи Атлетико

Фудбалерите на Барселона го победија Атлетико во Мадрид со 2:1, во 12-то коло од Ла Лига. Фантастичен фудбалски натпревар одиграа...

Забава7 часа

Оваа есенска намирница е богата со бета-каротен, витамини и влакна

Како што времето станува постудено, тиквите – намирница која може да се подготви на безброј начини – стануваат сè позастапени...

Спорт8 часа

(Видео) Интер стави крај на бајката на Комо

Шампионот Интер стави крај на победничката серија на Комо, од шест триумфи на во сите натпреварувања. Интер во 11-то коло...

Спорт8 часа

Норис победи во Бразил – Мерцедес ја освои титулата меѓу конструкторите

Возачот на Мекларен, Ландо Норис, триумфираше на Големата награда на Бразил, 20-тата трка од овогодинешното првенство во Формула 1. По...

Свет8 часа

Трамп му се закани на Иран: „Можеме да уништиме 38 нивни мостови за еден час“

Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека нови напади врз Иран се „малку веројатни“, под услов да се постигне напредок во...

Спорт8 часа

(Видео) Спектакл во Манчестер: Јунајтед два пати се врати од два гола негатива, освои бод против Астон Вила

Фудбалерите на Манчестер Јунајтед и Астон Вила одиграа нерешено 4:4 (2:2) во спектакуларен натпревар од 10-то коло од Премиер лигата....

Свет9 часа

Навивачи пропаднаа низ трибина на стадион во Норвешка

За време на фудбалски натпревар од норвешката лига помеѓу Тромсе и Бодо/Глимт, најмалку пет навивачи пропаднаа низ трибина на стадионот;...

Свет9 часа

Ајзенкот доби мандат за формирање влада во Израел: „Близу сме до точката од која нема враќање“

Гади Ајзенкот, лидер на центристичката партија „Јашар“, вети ново раководство кое ќе го извлече Израел од длабока криза, откако претседателот...

Спорт10 часа

Доминантна победа на Бецеки во Катар

Возачот на Априлија, Марко Бецеки, победи на трката за Големата награда на Катар. Италијанецот на патеката „Лосаил“ победи пред Марк...