Контакт

Надворешна политика

Континуирана поддршка од САД за членството на Македонија во НАТО

Објавено пред

Началникот на Генералштабот на АРМ, генерал-потполковник Методија Величковски ја предводи делегацијата на АРМ која престојува во официјална посета на командата на Армијата на Вооружените сили на САД за Европа (УСАРЕУР – Unated States Army Europe), во Визбаден, Германија.

dobivaj vesti na viber

 

 

Величковски во четвртокот оствари средба со командантот на УСАРЕУР, генерал-потполковник Фредерик „Бен“ Хоџис, која е втора нивна официјална средба по ноемвриската посета на генералот Хоџис на АРМ и Република Македонија.

 

Позитивните резултати од досегашната долгогодишна соработка со оваа команда на Армијата на САД, заедничкото учество во меѓународни вежби, поддршката во изведување на обуката, зајакнување на одбранбените капацитети и зголемување на борбената готовност со цел постигнување на потполна интероперабилност со армиите на НАТО земјите членки, беа главните теми на реализираниот разговор помеѓу генералите Величковски и Хоџис.

 

За време на првата досега официјална посета на еден НГШ на АРМ на командата на УСАРЕУР, се одржаа и неколку издвоени состаноци со раководни старешини од командата на кои се разговараше за модалитетите и начин на заедничко учество во понатамошните позначајни активности организирани од оваа команда на Армијата на САД.

 

Докажаната доверба од досегашниот заеднички настап во активности се потврдува и со постојаните менторирања во изведување на обуката од страна на стручни тимови од УСАРЕУР, учеството на припадници на АРМ во заедничките сили за обезбедување на главната команда на мисијата „Одлучна поддршка“, и вклучување во големите вежби на НАТО во Европа како што беше минатогодишната најголема вежба „Анаконда 16“  но и претстојното учество на „Сајбер гардијан-17“.

 

Меѓусебните средби на највисоко ниво ја изразуваат континуираната поддршка која ја пружа Армијата на САД во остварување на аспирациите за полноправно членство на Република Македонија во НАТО алијансата./крај/мф/бс

 

Македонија

Муцунски во прва работна посета на Брисел на средби со генералниот секретар на НАТО и високи претставници на ЕУ

Објавено пред

Министерот за надворешни работи и надворешна трговија, Тимчо Муцунски, од Луксембург продолжува во прва работна посета на Брисел, во чии рамки ќе се сретне со генералниот секретар на НАТО, Јенс Столтенберг, како и високи претставници на Европската Унија.

dobivaj vesti na viber

Во фокусот на разговорите ќе бидат евроинтегративниот процес на државата, реформските процеси, како и активностите во рамките на НАТО, со посебен фокус на претстојниот аамит на алијансата, што ќе се одржи идниот месец во Вашингтон.

Посетата на Муцунски на Брисел на почетокот на мандатот како министер за надворешни работи и надворешна трговија е показател за цврстата определба на земјата за што побрзо членство во Европската Унија и посветениот придонес кон глобалниот мир и регионалната стабилност како кредибилна земја членка на НАТО.

Прикажи повеќе...

Македонија

Муцунски се сретна со Вархељ: Новата Влада е силно посветена на реформската агенда и европските интеграции

Објавено пред

Министерот за надворешни работи и надворешна трговија, Тимчо Муцунски, се сретна со еврокомесарот за соседство и проширување, Оливер Вархељ, во Луксембург.

dobivaj vesti na viber

Во фокусот на разговорите беа приоритетите и активностите на новата Влада, како и актуелностите поврзани со европското досие на земјата.

„Новата Влада е силно посветена на реформската агенда и европските интеграции, а во периодот што следува ќе преземеме низа активности во насока на забрзување на нашиот евроинтегративен процес. Политиката на проширување на ЕУ е најдобрата алатка за поттикнување на реформските и демократските процеси, но истовремено е и клучна геостратешка инвестиција во мир, стабилност и економски развој на земјите од регионот, но и Европа како целина“, нагласи Муцунски.

Соговорниците разменија мислења и за планот за раст на ЕУ оценувајќи го како силна поддршка од страна на ЕУ за економско зајакнување на земјите од Западен Балкан, поттикнување на регионалната соработка, но и доближување на земјите од регионот поблиску до ЕУ и пред формалното членство.

Прикажи повеќе...

Македонија

Средба на претседателите на Собранијата на Македонија и Украина, Митрески и Стефанчук

Објавено пред

Претседателот на Собранието на Република Северна Македонија, Јован Митрески, во рамките на посетата на Киев по повод втората годишнина од почетокот на руската воена агресија врз Украина, оствари средба со претседателот на Врховната рада на Украина, Руслан Стефанчук.

dobivaj vesti na viber

Претседателот Митрески изрази благодарност за поканата и нагласи дека посетата претставува потврда на цврстата и непоколеблива поддршка на Република Северна Македонија за Украина, на сите полиња. Тој нагласи дека уште од самиот почеток силно ја осудуваме руската агресија против Украина, континуирано ја потврдуваме нашата поддршка за украинскиот територијален интегритет, суверенитет и целовитост и изразуваме целосна поддршка на правото на самоодбрана на земјата.

Претседателот на Собранието истакна дека Северна Македонија целосно се приклучи на сите рестриктивни мерки и санкции на ЕУ кон Руската Федерација, ко-спонзорираше бројни резолуции и иницијативи во однос на Украина, а упати и воена и хуманитарна помош за земјата.

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија2 часа

Орце Ѓорѓиевски и Амар Мециновиќ одат во втор круг за градоначалник на Скопје, ВМРО-ДПМНЕ и Левица имаат најмногу гласови и во Советот

Кандидатите за градоначалник на Град Скопје од ВМРО-ДПМНЕ и Левица, Орце Ѓорѓиевски и Амар Мециновиќ ќе се соочат во вториот...

Македонија2 часа

Орце не бегај од дебата, од вечерва Левица е вистински лидер на опозицијата, порача Апасиев

Вечерва објавуваме дека Левица станува лидер на опозицијата во Македонија, објави на прес-конференција Димитар Апасиев, лидерот на оваа партија. „За...

Македонија3 часа

Победивме убедливо во првиот круг во Струмица, дваесет години чекавме на овој ден, рече Мицкоски и кажа дека Орце Ѓорѓиевски оди во втор круг

Историски резултати се бележат на овие избори и според премиерот и претседател на ВМРО – ДПМНЕ, Христијан Мицкоски. Тој доцна...

Македонија4 часа

СДСМ победи во три општини во првиот круг, Филипче рече дека резултатот не е каков што посакувале сите, но не е лош

Првиот човек на СДСМ, Венко Филипче, соопшти дека партијата на локалните избори победила во три општини во првиот круг –...

Македонија4 часа

„Времето на Ахмети заврши“: „Вреди“ прогласи победа во повеќе општини

Со слободен глас и чиста совест граѓаните ставија крај на ерата на една измама и страв отворајќи го патот за...

Македонија5 часа

Адеми од ДУИ: Историски резултат во Чашка, имаме градоначалници во прв круг и во Гостивар, Липково и Пласница

Арбер Адеми од ДУИ на прес-конференција изјави дека Националната алијанса за интеграција постигнала историски резултат во општина Чашка, која за...

Македонија5 часа

Во повеќето општини низ Македонија во водство се кандидатите за градоначалници од ВМРО-ДПМНЕ, според податоците на ДИК

Во повеќето општини низ Македонија, во моментот во водство се кандидатите за градоначалници од ВМРО-ДПМНЕ, според податоците објавени на страната...

Македонија6 часа

Очекуваме историска победа за Орце, ВМРО-ДПМНЕ со градоначалници во поголем број општини, СДСМ сака да си го оправда изборниот дебакл, порача Мисајловски

ВМРО-ДПМНЕ е на прагот на огромна победа, кажа вечерва потпретседателот на партијата, Владо Мисајловски. „Разликата е некаде три спрема еден...

Македонија6 часа

Убедлива е победата во Чаир и Тетово, на ДУИ им ја честитам победата во Пласница, рече Меџити

На ДУИ и Ахмети кои се залагаа за легитимитет да им ја честитам победата во Пласница, рече во шега Изет...

Македонија6 часа

СДСМ објави водство во неколку општини меѓу кои Центар, но обвини и за повеќе нерегуларности

Генералниот секретар на СДСМ, Александар Саша Димитријевиќ, на прес-конференција изјави дека изборниот ден поминал генерално мирно, но констатирале бројни прекршувања...

Македонија7 часа

11 лица приведени, за Тошковски денешните избори се најмирните и најбезбедните во поновата историја на државата

Македонија уште еднаш покажа демократска зрелост и политичка култура. Денешните избори поминаа како едни од најмирните и најбезбедните во поновата...

Македонија7 часа

Се испитува поткуп на гласачи во Крива Паланка, Велес Крушево, Охрид и фотографирани гласачки ливчиња во Гази Баба и Тетово

Како мирен го оцени изборниот ден Џелал Бајрами,  претседател на привремената комисија на Јавното обвинителство за следење на постапувањето по...

Македонија7 часа

„Вреди“ почна да слави победа за Чаир

„Вреди“ очекува убедлива победа уште во првиот круг на Изет Меџити во Чаир, над опонентот од ДУИ, Бујар Османи. Пред изборниот...

Македонија8 часа

46, 65 проценти е одзивот на гласачи до 18:30 часот, соопшти ДИК

Државната изборна комисија ја соопшти излезноста до 18:30 часот на првиот круг на локалните избори во Македонија. „Последниот одзив е...

Македонија8 часа

(Видео) Муцунски: Очекуваме повеќе гласови и градоначалници од локалните избори во 2021 година

Потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Тимчо Муцунски, изјави дека партијата е на праг на голема победа и очекува да освои повеќе гласови...

Македонија8 часа

„Вреди“: Фер и мирен процес, очекуваме добри резултати и победа во секоја општина

Процесот на гласање на Локалните избори се одвиваше мирно и уредно во сите општини. Според информациите од теренот процесот беше...

Македонија8 часа

Сиљановска – Давкова: Посакувам она што денеска го видов: една досадна граѓанска изборна слика, да се повтори и во вториот круг

Претседателката Гордана Сиљановска – Давкова денеска гласаше на локалните избори. Во објава на социјалните мрежи таа напиша дека посакува она...

Македонија9 часа

До 17 часот гласале 39,61 отсто од гласачите

Од податоците добиени од 3.221 избирачки места, односно 92,72 отсто од вкупниот број, до 17 часот и 20 минути часот...

Македонија12 часа

На новинарка сакале да ѝ го земат телефонот, интервенирала и полицијата

Здружението на новинарите на Македонија (ЗНМ) апелира до Државната изборна комисија (ДИК), општинските изборни комисии, и Министерството за внатрешни работи...

Македонија14 часа

Погрешно испечатени ливчиња во Ново Село и наводи за поткуп во Велес, Прилеп, Крива Паланка и Свети Николе

Денешното гласање до сега поминува мирно без поголеми нарушувања на изборниот процес, соопшти Јавното обвинителство. „Од почетокот на гласањето утрово,...