Контакт

Надворешна политика

Јолевски во САД: Безбедноста на Балканот значи и безбедност на Европа

Објавено пред

 

dobivaj vesti na viber

Министерот за одбрана на Република Македонија, Зоран Јолевски, кој се наоѓа во работна посета на САД, оствари повеќе средби со претставници на Пентагон, Стејт Департментот, Сенатот, Конгресот и Тинк-Тенк институциите.

 

Во рамки на посета Јолевски учествуваше на Безбедносниот форум, на тема „Глобалниот Тероризам и Сајбер заканите“ кој е во организација на Сенатот на САД, а на кој домаќин беше Сенаторот Џим Инхоф, а учесници беа неколку сенатори и конгресмени, како и високи поранешни и актуелни функционери и претставници од САД, Европскиот Парламент, повеќето балкански земји, како и од Германија, Романија, Пакистан и Турција.

 

Во рамки на форумот Јолевски имаше свое обраќање каде истакна дека Балканот припаѓа на евроатланскиот регион и неговата безбедност е неделива од безбедноста на Европа. Глобалните закани и предизвици силно се испреплетени и влијаат на заедничката безбедност. Тој укажа на потребата од интензивирање на соработката на безбедносните структури во Европа со цел поефикасно справување со сегашните и идните предизвици.

 

„Република Македонија, како и останатите земји од регионот имаат голема и важна улога во менаџирањето на мигрантската и бегалската криза, која ја зафати цела Европа“ – додаде Јолевски.

 

Јолевски истакна дека ако се земе предвид актуелната геополитичка ситуација во светот, Европа и Балканот, потребно е да се преземат стратегиски чекори. Интеграцијата на земјите од југоисточна Европа е еден од тие стратегиски чекори. Знаеме дека постојат одредени критериуми или услови што треба да се исполнат, земјите од регионот се подготвени да работат на нивно исполнување, но потребно е што побрза нивна интеграција во колективните одбранбени системи.

 

Присутните сенатори и конгресмени истакнаа дека САД остануваат посветени на соработката со Европа, која е стратегиски партнер во борбата против тероризмот и сајбер заканите. Ова претставува приоритет на претседателот Доланд Трамп и неговата администрација. Ново поставениот секретар за одбрана и советник за национална безбедност се гаранција за успех во справувањето со овие безбедносни закани./крај/мф/бс

 

Македонија

Муцунски во прва работна посета на Брисел на средби со генералниот секретар на НАТО и високи претставници на ЕУ

Објавено пред

Министерот за надворешни работи и надворешна трговија, Тимчо Муцунски, од Луксембург продолжува во прва работна посета на Брисел, во чии рамки ќе се сретне со генералниот секретар на НАТО, Јенс Столтенберг, како и високи претставници на Европската Унија.

dobivaj vesti na viber

Во фокусот на разговорите ќе бидат евроинтегративниот процес на државата, реформските процеси, како и активностите во рамките на НАТО, со посебен фокус на претстојниот аамит на алијансата, што ќе се одржи идниот месец во Вашингтон.

Посетата на Муцунски на Брисел на почетокот на мандатот како министер за надворешни работи и надворешна трговија е показател за цврстата определба на земјата за што побрзо членство во Европската Унија и посветениот придонес кон глобалниот мир и регионалната стабилност како кредибилна земја членка на НАТО.

Прикажи повеќе...

Македонија

Муцунски се сретна со Вархељ: Новата Влада е силно посветена на реформската агенда и европските интеграции

Објавено пред

Министерот за надворешни работи и надворешна трговија, Тимчо Муцунски, се сретна со еврокомесарот за соседство и проширување, Оливер Вархељ, во Луксембург.

dobivaj vesti na viber

Во фокусот на разговорите беа приоритетите и активностите на новата Влада, како и актуелностите поврзани со европското досие на земјата.

„Новата Влада е силно посветена на реформската агенда и европските интеграции, а во периодот што следува ќе преземеме низа активности во насока на забрзување на нашиот евроинтегративен процес. Политиката на проширување на ЕУ е најдобрата алатка за поттикнување на реформските и демократските процеси, но истовремено е и клучна геостратешка инвестиција во мир, стабилност и економски развој на земјите од регионот, но и Европа како целина“, нагласи Муцунски.

Соговорниците разменија мислења и за планот за раст на ЕУ оценувајќи го како силна поддршка од страна на ЕУ за економско зајакнување на земјите од Западен Балкан, поттикнување на регионалната соработка, но и доближување на земјите од регионот поблиску до ЕУ и пред формалното членство.

Прикажи повеќе...

Македонија

Средба на претседателите на Собранијата на Македонија и Украина, Митрески и Стефанчук

Објавено пред

Претседателот на Собранието на Република Северна Македонија, Јован Митрески, во рамките на посетата на Киев по повод втората годишнина од почетокот на руската воена агресија врз Украина, оствари средба со претседателот на Врховната рада на Украина, Руслан Стефанчук.

dobivaj vesti na viber

Претседателот Митрески изрази благодарност за поканата и нагласи дека посетата претставува потврда на цврстата и непоколеблива поддршка на Република Северна Македонија за Украина, на сите полиња. Тој нагласи дека уште од самиот почеток силно ја осудуваме руската агресија против Украина, континуирано ја потврдуваме нашата поддршка за украинскиот територијален интегритет, суверенитет и целовитост и изразуваме целосна поддршка на правото на самоодбрана на земјата.

Претседателот на Собранието истакна дека Северна Македонија целосно се приклучи на сите рестриктивни мерки и санкции на ЕУ кон Руската Федерација, ко-спонзорираше бројни резолуции и иницијативи во однос на Украина, а упати и воена и хуманитарна помош за земјата.

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија13 минути

Таткото на Фросина: Судот ги скри клучните сведоци кои биле во возилото со Васил, едниот снимал, па ја избришал снимката

Дванаесет години казна е награда за ова најбрутално убиство во сообраќајот, изјави таткото на усмртената Фросина, Тодор Кулаков. Тој повика...

Македонија2 часа

Дванаесет години затвор за Васил Јованов, кој ја усмрти Кулакова на пешачки премин

Судот изрече 12 години затворска казна за 20-годишниот Васил Јованов, кој смртно ја прегази Фросина Кулакова на пешачки премин. Во...

Македонија3 часа

МВР со апел до граѓаните: Внимавајте на лажни е-пораки – фишинг-линкови, се злоупотребуваат имињата на повеќе македонски компании

Секторот за компјутерски криминал при Бирото за јавна безбедност на Министерството за внатрешни работи периодов констатира зачестена појава на таканаречени...

Европа4 часа

Со какви санкции му се заканува ЕУ на Путин?

Главните европски сојузници на Украина ја повикаа Русија на безусловно 30-дневно примирје и се заканија со нови санкции, според заедничкото...

Македонија4 часа

Несреќа на патниот правец Берово – Виница, сообраќајот во прекин

АМСМ извести дека се случила сообраќајна незгода на патниот правец Берово – Виница, кај село Будинарци. Поради незгодата од 07:30...

Свет5 часа

(Видео) Трамп: ЕУ игра повалкано од Кина

Американскиот претседател Доналд Трамп вчера повторно ја нападна Европската Унија, велејќи дека е полоша од Кина во многу аспекти, само...

Свет5 часа

Кинескиот претседател по договорот со Трамп: Малтретирањето води до самоизолација

Кинескиот лидер Кси Џинпинг ги осуди малтретирањето и хегемонијата во своето прво јавно појавување откако САД и Кина постигнаа привремен...

Македонија6 часа

Опожарено возило во Аеродром

Во периодот од 01:40 до 02:40 часот, пожарникарите гаснеле запалено патничко моторно возило, на површина од 2м2 на булеварот Видое...

Свет6 часа

(Видео) Трогателна средба: Еден Александар го прегрнува своето семејство откога Хамас го ослободи

Израелско-американскиот заложник Еден Александар се врати на своето семејство во Израел откога помина 19 месеци во заробеништво на Хамас во...

Европа6 часа

Ултиматумот на Европската Унија до Путин и Русија истече

Украина и европските лидери се согласија на безусловно примирје во траење од 30 дена, почнувајќи од 12 мај, со поддршка...

Македонија15 часа

Одиме во опозиција, доколку има сомнежи во тие што се во Владата, нема што да бараме таму, соопшти Таравари

Минатата година со гордост ја донесовме промената во албанскиот блок после 20 години и за тоа сме многу гроди, изјави...

Свет17 часа

Зеленски: Ќе бидам во Турција, се надевам дека ќе дојдат и Путин и Трамп

Украинскиот претседател Володимир Зеленски изјави дека ќе отпатува во Истанбул на мировни преговори и дека е подготвен да се сретне...

Свет18 часа

Орбан: Никој не се осмелува да признае, но ја загубивме војната во Украина

Зapaдната стратегија насочена кон уништување на Русија не успеа, санкциите не ја постигнаа својата цел, а Русија ја спречи Украина...

Македонија24 часа

Левицата предлага инспекторат кој ќе казнува за непочитување на грбот, знамето и химната: МВР реагира за сквернавење, но не влегува во канцеларии

Партијата Левица оваа недела ќе поднесе предлог-закон за формирање инспекторат за употреба на грбот, знамето и химната на државата, како...

Македонија1 ден

Мицкоски: Државата беше во слободно паѓање, ни требаше стабилизација во оваа прва година

Премиерот, Христијан Мицкоски, на денешниот Самит 2025 во организација на „Македонија 2025“ истакна дека првиот ден од стапување на функцијата...

Економија1 ден

Се зголемуваат цените на бензините, се намалува на дизелот

Регулаторната комисија за енергетика, водни услуги и услуги за управување со комунален отпад на Република Северна Македонија (РКЕ) донесе Одлука...

Македонија1 ден

СДСМ: Филипче нема никави инвестиции, ниту имот во ОАЕ

„ВМРО-ДПМНЕ во целосна безидејност продолжува да лаже иако претседателот на СДСМ, Венко Филипче јасно кажа дека не поседува никакви инвестиции...

Свет1 ден

Масовни апсења деца во Европа, планирале терористички напади врз концертни сали и верски објекти

Вештачката интелигенција, колку и да е корисна, е сè повеќе фактор во радикализацијата на младите луѓе, што го покажуваат случаите...

Свет1 ден

САД и Кина постигнаа договор

САД И Кина се согласија за значително намалување на царините за стоките меѓусебно за период од 90 дена, по разговорите...

Македонија1 ден

Независниот синдикат на полицијата најави протест: Основната плата не може да биде под минималната во државата

Независниот синдикат на полицијата денеска со почеток од 12.00 часот на раскрсницата Мавровка кај судовите ќе одржи полициски протест. „Полициската...