Контакт

Надворешна политика

Почнува најголемиот самит во историјата на НАТО

Објавено пред

Претстојниот дводневен самит на НАТО, кој ќе се одржи во неделата и понеделникот во Чикаго, ќе биде можност државите членки да го дефинираат долгорочниот однос со Авганистан, а Македонија очекува дали ќе биде спомнато нејзиното членство во Алијансата, иако шансите за тоа се мали.

dobivaj vesti na viber

Како што најавуваат светските медиуми повикувајќи се на дипломатски извори, во прв план членките на НАТО ќе се обидат да го дефинираат долгорочниот однос со Авганистан во текот на транзицијата, предавањето на овластувањата за безбедноста на локалните безбедносни сили, повлекувањето на меѓународните контигенти и односот по тоа, да го претстават концептот на ткн паметна одбрана и да ја засилат мрежата на партнерства низ целиот свет.

Според најавите, самитот во Чикаго ќе биде најголемиот во историјата на Алијансата, а на него ќе учествуваат околу 60 земји и организации.

Како што рече генералниот секретар на НАТО, Андерс Фог Расмусен, самитот во Чикаго јасно ќе ја покаже определбата на Сојузот за довршување на транзицијата во Авганистан до крајот на 2014 година, но ќе се разговара и за помошта на авганистанските безбедносни сили по тој датум, што ќе биде новата улога на Алијансата.

„Ќе се концентрираме на придвижување од борбените дејствија и ќе се усредоточиме на обуката, советувањето и давањето помош“, изјави Расмусен пред самитот.

Што се донесува до концептот на таканаречената паметна одбрана, во Чикаго ќе бидат претставани повеќе мултинационални проекти планирани за НАТО да остане најсилниот военополитички сојуз во светот.

Станува збор за програмите како што се антиракетниот штит, сојузничкиот надзор од земјата со беспилотни летала, популарниот AGS, како и заедничкото разузнавање, набљудувањето и извидувањето.

Самитот во Чикаго, исто така според најавите, ќе биде и можност сојузниците да ги продлабочат постојните и да создадат нови мрежи на партнерства, со акцент на нивната интегрирана улога во мировните операции на НАТО и операциите за менаџирање на кризите.

Шефовите на државите и влади ќе разменат ставови и за ангажирањето на други органзиации во решавањето на глобалните предизвици.

НАТО во моментов брои 28 членки, а држави оснивачки се Белгија, Данска, Исланд, Луксембург, Норвешка, Велика Британија, Канада, Франција, Италија, Холандија, Португалија и САД – 12-те земји коишто на 4-ти април 1949 година во американскиот главен град Вашингтон го потпишаа Северноатлантскиот договор.

Чикаго кој е познат и како Градот на ветровите (Windy City), почна со подготовките за самитот на почетокот од мај., Самитот ќе се одржува во центарот „McCormick Place“, четири километри од самиот центар на градот, во близина на езерото Мичиген.

Чикаго е трет по големината град во САД, со бројни припадници на дијаспорите на земјите членки на НАТО, како што, се според големината на заедниците – Грција, Италија, Полска, Португалија, Романија, Хрватска и Турција, од кои турската, хрватската и полската заедница поднесоа повици до американскиот претседател Барка Обама за зачленување на Македонија во Алијансата.

Како што се најавува, Чикаго нема да биде самит на проширување на НАТО, бидејќи Алијанската е пред сѐ свртена „кон повеќето неопходни значајни реформи во земјите коишто тежнеат кон придружувањето“, но ќе биде потврдена политиката на отворени врати.

Македонија не е на дневен ред на овој самит, кој целосно ќе биде посветен на Авганистан.

Македонската делегација на самитот на НАТО ќе ја предводи претседателот Ѓорге Иванов кој во саботата доцна навечер по македонско време се сретна со турскиот колега Абдула Ѓул, по што заедно присуствуваа на гала вечерата, пред официјалното отворање на самитот.

Она што македонската страна го очекува е пријателите на Република Македонија да го стават прашањето за македонското членство пред сојузниците, иако Грција најави дека како и во Букуршет пред неколку години ќе стави вето.

Во саботата македонските почесни конзули во САД упатија заеднички повик за прием на Република Македонија во НАТО. „Отворете ја вратата на НАТО за Македонија“, гласеше заглавието на пораката на петтемина македонски почесни конзули, објавена на влијателната политичка интернет страница Дејли Колер. Лу Влашо, Славчо Маџиров, Дана Клајн, Енди Пејков и Џејсон Мико бараат исправување на неправдата и прием на земјата во Алијансата.

„Македонија направи големи напори во изминатите дваесет години, и од потрошувач стана извозник на стабилност. Македонија ги дели демократските вредности на НАТО, спроведе исклучително тешки економски и политички реформи и придонесува кон мисиите на НАТО во југоисточна Европа, Ирак и Авганистан. Македонските војници дури и го чуваат седиштето на НАТО и ИСАФ во Авганистан. Но, притоа не можат да влезат низ вратата на НАТО како полноправни членки на Алијансата што е болна иронија за Македонците“, пишува во заедничкиот авторски текст.

Македонските конзули потсетуваат дека од формирање на НАТО преовладува ставот дека вратите треба да бидат отворени за европските држави кои ги исполниле критериумите, а дека Македонија ги исполнила, што беше потврдено и на самитот во Букурешт.

„Самитот во Чикаго е можност за САД и претседателот Обама да се исправи оваа неправда. Прашањето е дали членките на НАТО имаат политичка волја да ја натераат Грција да седне на преговарачка маса“, пишуваат почесните конзули.

Во силна дипломатска офанзива во Чикаго, е Обединетата македонска дијаспора (ОМД) којашто минатата вечер им додели посебни признанија на словенечкиот премиер Јанез Јанша и на турскиот министер за надворешни Ахмет Давутоглу.

На гала вечерата присуствуваа околу 250 гости од САД, Канада и Европа, вклучувајќи и официјални американски претставници./крај/мф/сн



©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Македонија

Средба на претседателите на Собранијата на Македонија и Украина, Митрески и Стефанчук

Објавено пред

Претседателот на Собранието на Република Северна Македонија, Јован Митрески, во рамките на посетата на Киев по повод втората годишнина од почетокот на руската воена агресија врз Украина, оствари средба со претседателот на Врховната рада на Украина, Руслан Стефанчук.

dobivaj vesti na viber

Претседателот Митрески изрази благодарност за поканата и нагласи дека посетата претставува потврда на цврстата и непоколеблива поддршка на Република Северна Македонија за Украина, на сите полиња. Тој нагласи дека уште од самиот почеток силно ја осудуваме руската агресија против Украина, континуирано ја потврдуваме нашата поддршка за украинскиот територијален интегритет, суверенитет и целовитост и изразуваме целосна поддршка на правото на самоодбрана на земјата.

Претседателот на Собранието истакна дека Северна Македонија целосно се приклучи на сите рестриктивни мерки и санкции на ЕУ кон Руската Федерација, ко-спонзорираше бројни резолуции и иницијативи во однос на Украина, а упати и воена и хуманитарна помош за земјата.

Прикажи повеќе...

Македонија

Средба Османи – Кулеба во ОН Њујорк: Европската Унија е наша заедничка иднина

Објавено пред

Министерот за надворешни работи, Бујар Османи, на 23 февруари 2024 година, оствари средба со министерот за надворешни работи на Украина, Дмитро Кулеба, во седиштето на Обединетите нации во Њујорк, на маргините на 56. пленарен состанок на 78. седница на Генералното Собрание.

dobivaj vesti na viber

Средбата се одржа со цел да се даде поддршка на Украина на денот на одбележувањето на две-годишнината од почетокот на руската агресија во Украина, при што Османи потенцира дека е многу важно да продолжи поддршката на Украина, бидејќи ако Русија победи во Украина, тогаш ние сме следните.

Министерот Османи, на средбата, истакна дека денес Руската Федерација е најголемата закана за безбедноста на Европа, на Западен Балкан, но и на Република Северна Македонија.

“Важно е да имаме стратешка предвидливост во нашата држава, со цел конечно да кажеме “Не” за Русија и “Да” за интегративните европски процеси на Западниот Балкан и на Република Северна Македонија”, рече Османи.

Додека, Министерот Кулеба, истакнувајќи го фактот дека Северна Македонија цврсто застана зад Украина во текот на двете години агресија, упати благодарност до граѓаните на Северна Македонија, како и благодарност до Министерот Османи за неговото лидерство и поддршка.

“Нашата иднина е заедничка, таа иднина е Европската Унија, која воедно претставува и иднина за мир и просперитет, рече Кулеба.

Двајцата Министри имаа свои обраќња пред Генералното собрание на Обединетите нации, каде упатија јасни пораки против рускат агресија врз Украина.

Прикажи повеќе...

Македонија

(Видео) Oсмани од ОН во Њујорк: Мораме да и кажеме не на Русија

Објавено пред

Министерот за надворешни работи, Бујар Османи, денес се обрати од седиштето на Обединетите нации во Њујорк, на 56. пленарен состанок на 78-та седница на Генералното собрание, по повод две години од инвазијата на Русија врз Украина, кој се одржа на тема: Ситуацијата во привремено окупираните територии на Украина.

dobivaj vesti na viber

Османи, уште еднаш, ја повика Русија да ја прекине оваа бесмислена војна и да ги повлече своите трупи од суверената територија на Украина.

„Русија ги прекрши основните принципи на меѓународното право и започна целосна агресивна војна против Украина, земја членка на ОН’’, истакна Османи.

Воедно, министерот потенцираше дека Северна Македонија е исто така силно загрижена и ја осудува незаконската депортација на децата од Украина во Русија и Белорусија од страна на Руската федерација и ги повика да обезбедат нивно безбедно враќање дома.

„Мораме да и кажеме не на Русија! Правдата и одговорноста мора да надвладеат”, рече Османи, воедно додаде дека Северна Македонија им се придружи на другите 140 земји-членки за поддршка на суверенитетот и територијалниот интегритет на Украина во нејзините меѓународно признати граници од 1991 година.

Османи повика на обединетост во поддршката за Украина, не само за доброто на жртвите и нивните семејства, туку и како предуслови за избегнување на понатамошни агресии и неиспровоцирана употреба на сила во меѓународните односи.

Прикажи повеќе...

Најново

Свет2 часа

Јенс Столтенберг: Украина се уште може да ја добие војната против Русија

Генералниот секретар на НАТО Јенс Столтенберг изјави дека Украина се уште може да победи во војната против Русија, но дека...

Свет2 часа

Израел е подготвен да прифати ослободување на помалку од 40 заложници, пишуваат медиуми

Израел е подготвен да го ублажи барањето од Хамас и да ослободи 40 заложници во замена за привремен прекин на...

Македонија2 часа

ВМРО-ДПМНЕ: Над 180.000 гласови предност се обврска за ВМРО-ДПМНЕ Македонија повторно да ја врати на народот

180.000 гласа разлика во корист на Силјановска Давкова и ВМРО-ДПМНЕ пред Пендаровски и СДС е порака дека народот сака промени...

Свет3 часа

Америка и испраќа на Украина скап пакет оружје, откриeно што може да има во него

Веќе во петок, САД би можеле да објават нов пакет оружје за помош на Украина во вредност од шест милијарди...

Регион3 часа

Лекари во Загреб вградиле мозочен стимулатор на маж со Паркинсонова болест : „Може да вози велосипед, да плива“

Уште еден голем успех на хрватските лекари. Тим хирурзи во болницата Дубрава прв во овој дел од Европа вгради мозочен...

Свет3 часа

Русите уапсија двајца нивни војници за грозоморни злосторства

Двајца руски војници се приведени под сомнение дека убиле пет лица во окупираниот дел од областа Херсон. Александар Осипов и...

Македонија14 часа

Ковачевски: Ќе продолжиме да се бориме за секој граѓанин и за европската иднина на Македонија

„Вчера граѓаните нѝ пратија силна порака и ние таа порака ја слушнавме. Но, се лажат сите кои мислат дека ќе...

Македонија14 часа

Јакимовски до Муцунски: Прв излегов и го признав поразот, а тие во алкохолизирана состојба едвај го прочитаа тоа што го напишале

„Колегата Тимчо Муцунски се подбивал со мојот резултат на овие претседателски избори, притоа обидувајќи се малку да биде вицкаст. Иако...

Македонија15 часа

Мицкоски до СДСМ и Ковачевски: Нека не ве чуди што ве снајде вчера

Мириса на промени, бранот започна и нема запирање. Она што го говорев кога дојдов тука пред некоја недела, стана вистина....

Македонија17 часа

Позитивна оценка за првиот круг од претседателските избори, забелешки за острата и негативна реторика од страна на ОБСЕ/ОДИХР

Првиот круг од претседателските избори беше конкурентен и гласачите можеа да направат информиран избор. Меѓународната набљудувачка мисија на ОБСЕ/ОДИХР во...

Македонија20 часа

Во прв круг за претседател е избран само Киро Глигоров со освоени 715.087 гласа, Силјановска-Давкова и Пендаровски вторпат одат во втор круг

По вчерашниот прв круг од седмите претседателски избори, Киро Глигоров остана единствениот претседател избран во прв круг од осамостојувањето до...

Топ21 час

Маж од Радовиш со месеци сексуално вознемирувал малолетно девојче

Радовишанец со месеци силувал малолетничка Вчера, во Полициската станица Радовиш било пријавено дека 45-годишен жител на Радовиш во периодот од...

Македонија22 часа

Таткото на Вања ќе оди во куќен притвор, Врховниот суд му ја уважи жалбата

Врховниот суд ја уважи жалбата на таткото на убиената Вања Ѓорчевска. Со тоа укинат му е притворот и определени се...

Македонија23 часа

Ангелов за ДУИ: Со пушка дојдоа на власт, со пенкало да ги отераме на буништето на историјата

Колку и да е убедлива, победата нема да биде комплетна доколку ДУИ не биде срушена од власт, вели претседателот на...

Македонија24 часа

Стевчо собра повеќе потписи од гласови – поразот на Јакимовски главна тема на социјалните мрежи

Кандидатот за претседател на ГРОМ и актуелен градоначалник на скопската општина Карпош, Стевчо Јакимовски, на вчерашниот прв круг од претседателските...

Македонија1 ден

Почина менаџерот Велибор Џаровски-Џаро

На 75 години денеска почина менаџерот Велибор Џаровски-Џаро по кусо боледување, потврди семејството. Тој важи за еден од најпознатите менаџери на...

Македонија1 ден

Пендаровски победи во три општини, а Таварари и Димитриевски само во општините во кои се градоначалници

Кандидатите за претседател Гордана Силјановска-Давкова и Бујар Османи освоија најмногу гласови на претседателските избори по број на општини. Според податоците...

Македонија1 ден

ВМРО-ДПМНЕ: Народот избра промени, да излеземе уште помасовно на 8 мај

Огромната поддршка обврзува за промени и брзи резултати, да излеземе уште помасовно на 8-ми мај, а потоа следува економска трансформација...

Македонија1 ден

Силјановска убедливо пред Пендаровски во првиот круг со 40 наспроти 19,93 отсто од гласовите

Кандидатката за претседател поддржана од ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата, Гордана Силјановска, со убедливо водство влегува во вториот круг од претседателските избори,...

Македонија1 ден

Димитриевски до Пендаровски: Разликата е огромна, откажете се од оваа битка и оставете нè да победиме во вториот круг

Денеска, ЗНАМ заедно со сите свои пддржувачи ја испишува новата политичка историја на македонската политичка сцена, рече вечерва претседателскиот кандидат...