Контакт

Надворешна политика

Ахмети: Договорот за добрососедство со Бугарија да се потпише што поскоро

Објавено пред

Претседателот на ДУИ, Али Ахмети во петокот оствари средба со бугарскиот амбасадор во Македонија, Иван Петков, на која двајцата разговараа за актуелната политичка состојба во земјата како и потребата за продлабочување на соработката помеѓу двете земји, потоа за евроатлантската интеграција на Македонија како и за аферата со масовното прислушување во Македонија.

dobivaj vesti na viber

 

Петков го информираше Ахмети околу политичката ситуација во Бугарија по изборите и нагласи дека Софија го поддржува членството на Македонија во НАТО и Европската унија (ЕУ) при што ја нагласи и потребата за развивање на добрососедски односи и потпишување на билатерален договор помеѓу Софија и Скопје.

 

Ахмети изрази целосна поддршка за потребата да се потпише договорот за добрососедски односи помеѓу Македонија и Бугарија и побара овој процес да заврши што е можно поскоро, без непотребни одлагања. ДУИсмета дека конструктивниот дијалог помеѓу двете земји треба да се формализира час поскоро со договорен меморандум помеѓу Скопје и Софија.

 

Ахмети истотaка ја нагласи потребата за поддршка на Бугарија во Брисел за интеграцијата на Македонија во НАТО и ЕУ, но побара и конструктивност од Бугарија и другите земји членки на ЕУ за барањето на ДУИ за ангажирање на Европската комисија во решавањето на политичката криза во Македонија.

 

Стабилна Македонија, интегрирана во НАТО и ЕУ, претставува интерес на сите соседи и на регионот, но и на Брисел и затоа Европската комисија не треба да се колеба околу делегирањето на политичка екипа, засилена со правни и истражни експерти, за да го поддржат решавањето на аферата со масивното прислушување во Македонија./крај/мф/бс

Македонија

Муцунски во прва работна посета на Брисел на средби со генералниот секретар на НАТО и високи претставници на ЕУ

Објавено пред

Министерот за надворешни работи и надворешна трговија, Тимчо Муцунски, од Луксембург продолжува во прва работна посета на Брисел, во чии рамки ќе се сретне со генералниот секретар на НАТО, Јенс Столтенберг, како и високи претставници на Европската Унија.

dobivaj vesti na viber

Во фокусот на разговорите ќе бидат евроинтегративниот процес на државата, реформските процеси, како и активностите во рамките на НАТО, со посебен фокус на претстојниот аамит на алијансата, што ќе се одржи идниот месец во Вашингтон.

Посетата на Муцунски на Брисел на почетокот на мандатот како министер за надворешни работи и надворешна трговија е показател за цврстата определба на земјата за што побрзо членство во Европската Унија и посветениот придонес кон глобалниот мир и регионалната стабилност како кредибилна земја членка на НАТО.

Прикажи повеќе...

Македонија

Муцунски се сретна со Вархељ: Новата Влада е силно посветена на реформската агенда и европските интеграции

Објавено пред

Министерот за надворешни работи и надворешна трговија, Тимчо Муцунски, се сретна со еврокомесарот за соседство и проширување, Оливер Вархељ, во Луксембург.

dobivaj vesti na viber

Во фокусот на разговорите беа приоритетите и активностите на новата Влада, како и актуелностите поврзани со европското досие на земјата.

„Новата Влада е силно посветена на реформската агенда и европските интеграции, а во периодот што следува ќе преземеме низа активности во насока на забрзување на нашиот евроинтегративен процес. Политиката на проширување на ЕУ е најдобрата алатка за поттикнување на реформските и демократските процеси, но истовремено е и клучна геостратешка инвестиција во мир, стабилност и економски развој на земјите од регионот, но и Европа како целина“, нагласи Муцунски.

Соговорниците разменија мислења и за планот за раст на ЕУ оценувајќи го како силна поддршка од страна на ЕУ за економско зајакнување на земјите од Западен Балкан, поттикнување на регионалната соработка, но и доближување на земјите од регионот поблиску до ЕУ и пред формалното членство.

Прикажи повеќе...

Македонија

Средба на претседателите на Собранијата на Македонија и Украина, Митрески и Стефанчук

Објавено пред

Претседателот на Собранието на Република Северна Македонија, Јован Митрески, во рамките на посетата на Киев по повод втората годишнина од почетокот на руската воена агресија врз Украина, оствари средба со претседателот на Врховната рада на Украина, Руслан Стефанчук.

dobivaj vesti na viber

Претседателот Митрески изрази благодарност за поканата и нагласи дека посетата претставува потврда на цврстата и непоколеблива поддршка на Република Северна Македонија за Украина, на сите полиња. Тој нагласи дека уште од самиот почеток силно ја осудуваме руската агресија против Украина, континуирано ја потврдуваме нашата поддршка за украинскиот територијален интегритет, суверенитет и целовитост и изразуваме целосна поддршка на правото на самоодбрана на земјата.

Претседателот на Собранието истакна дека Северна Македонија целосно се приклучи на сите рестриктивни мерки и санкции на ЕУ кон Руската Федерација, ко-спонзорираше бројни резолуции и иницијативи во однос на Украина, а упати и воена и хуманитарна помош за земјата.

Прикажи повеќе...

Најново

Европа1 час

Нема директни преговори меѓу Украина и Русија: трилатерални средби во Истанбул денес

Трилатерални средби најверојатно ќе се одржат во Истанбул денеска наместо мировни преговори што требаше да започнат меѓу делегациите на Русија...

Свет2 часа

Рубио: Сите членки на НАТО ќе издвојуваат 5 проценти од БДП за одбрана

Американскиот државен секретар Марко Рубио изјави дека на претстојниот самит на НАТО во јуни, сите негови членки ќе се согласат...

Свет2 часа

Хамас: Подготвени сме да ги предадеме сите заложници за да се стави крај на војната во Газа

Висок политички лидер на Хамас повтори дека се подготвени „веднаш да ги предадат сите затвореници“ доколку таков потег доведе до...

Македонија10 часа

Дојава за бомба и евакуација на концерт на српски пејач во Јане Сандански

Драма во салата Јане Сандански во Скопје, каде за вечерва беше закажан музички концерт на Пеџа Јовановиќ. Како што информираа од...

Македонија11 часа

Мицкоски за „Еуроњуз“: Нема аргументи за прифаќање на бугарските барања, жал ми е што корумпирани политичари за да останат на власт прифаќаа се и сешто

Премиерот, Христијан Мицкоски во интервју за „Директно со Миња Милетиќ“ на „Еуроњуз Србија“ истакна дека нема аргументи за прифаќање на...

Македонија12 часа

Нема причина за вознемиреност по хаваријата во Пинтија, вели градоначалникот кој го повика Град Скопје да преземе мерки

Градоначалникот на Кисела Вода, Орце Ѓоргиевски вели дека граѓаните немаат причина за вознемиреност по хавријата во Пинтија, бидејќи од нивна страна...

Македонија14 часа

Хемикалии се излеаа од објект во Пинтија, надлежните на терен

Во текот на денешниот ден во населбата Пинтија во Кисела Вода од резервоар на објект на приватна компанија за производство...

Македонија15 часа

ЕУ ни порача: Тоа што е договорено е договорено, нема што ново да се договара

Тоа што е договорено е договорено, нема што повеќе да се договара, рече претседателот на Европскиот совет, Антонио Кошта, за...

Македонија16 часа

Таравари официјално поднесе оставка: „Одлуката ја донесов по лична и професионална проценка“

Министерот за здравство, воедно и претседател на Алијансата за Албанците, Арбен Таравари, попладнево официјално поднесе оставка од министерската функција. Во...

Свет16 часа

Трамп: Ништо нема да се случи додека не се сретнеме со Путин

Американскиот претседател, Доналд Трамп, изјави дека ништо нема да се случи во врска со мировните преговори меѓу Русија и Украина...

Македонија18 часа

Сите позиции на Алијансата за Албанците во Владата ќе останат во „Вреди“, вели Меџити

По излегувањето на Алијансата за Албанците на Арбен Таравари од Владата и од коалицијата „Вреди“ сите места отстапени на албанскиот...

Македонија19 часа

Мицкоски: Нашата посветеност кон евроинтеграциите ќе се засили во периодот што следува

Присуството на претседателот на Европскиот совет, господинот Кошта, не е само потврда на нашата длабока дипломатската соработка, туку и реален...

Македонија19 часа

За три години на патиштата загинале 457 лица, објави Државниот завод за ревизија

Во периодот од 2020 до 2023 година на државните патишта се случиле 31.176 сообраќајни несреќи во кои загинале 457 лица,...

Македонија20 часа

(Видео) Јакимовски: Легализацијата на еден од објектите за кој бев осуден ја водел адвокатот Панче Тошковски

Легализацијата на еден од објектите за кој бев осуден, ја водел како полномошник, адвокат Панче Тошковски, човекот кој заедно со...

Свет20 часа

(Видео) Русија: Турција ги одложи преговорите за попладне; Зеленски пристигна во Анкара

Предложените разговори меѓу Русија и Украина во Истанбул се одложени за четврток попладне на иницијатива на турската страна, изјави портпаролката...

Свет22 часа

Трамп: Можеби ќе одам во Истанбул ако има напредок во разговорите денес

Актуелниот американски претседател Доналд Трамп штотуку изјави дека може да отпатува за Истанбул утре доколку денешните мировни преговори за Украина...

Регион23 часа

(Видео) Инциденти пред зградата на судот во Нови Сад: туркање меѓу граѓаните и полицијата, фрлен солзавец

Пред зградата на судот и канцеларијата на државниот обвинител во Нови Сад, утрово се собраа голем број граѓани и студенти...

Македонија23 часа

„Скандал: Филипче замина на одмор, од грчките плажи и под палмите во Дубаи пишува статуси за законот за Кочани“, велат од ВМРО-ДПМНЕ

„Каде е Венко Филипче? Дали е точно дека 5 дена Венко Филипче е надвор од државата? Тој од 10.5 2025...

Европа23 часа

Зеленски сака да го разоткрие Путин: ја игра неговата игра, но дали ќе успее, анализира „Скај“

Кога Володомир Зеленски денес ќе слета во Анкара на средба со турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган, тоа нема да биде...

Македонија24 часа

„На 21 мај ќе се гласа за избор на нов гувернер на Народната банка, а никој не ја ни спомнува можноста на оваа позиција да биде избран Албанец“, велат од ДУИ

„ДУИ изразува незадоволство што ниту Владата, ниту Претседателката, а по линија надолу ниту целата политичка раководната структура, никој не води...