Контакт

Надворешна политика

Ахмети сепак се сретна со Рама, неопходна имплементација на Охридскиот договор

Објавено пред

 

dobivaj vesti na viber

Лидерот на ДУИ Али Ахмети, и покрај најавите дека нема да патува во Тирана, сепак во четвртокот попладнето имаше средба со премиерот на Албанија, Еди Рама. Од кабинетот на Рама соопшти дека на средбата Рама-Ахмети било разговарано за состојбата по изборите во Македонија.

 

Истиот извор наведува дека  во Македонија неопходно треба да се имплементира Охридскиот договор. Ахмети во изјава за албанските медиуми истакна дека покрај средбата со Рама имал средба и со претседателот на Собранието на Албанија, Илир Мета и претседателот на државата Бујар Нишани.

 

На средбите било разговарано за позицијата на албанските политички партии кои добија пратеници во новиот состав на Собранието на Македонија, како и за заштитата на интересите на Албанците во Македонија.

 

Албанските медиуми нагласуваат дека албанскиот претседател Бујарн Нишани за разлика од Рама и Мета официјално му ја честитал и победата на ДУИ на Али Ахмети на неделните избори во Македонија. Медиумите исто така ја изнесуваат и оценката дека доцнењето на средбата на Ахмети со премиерот Рама и средбите со другите  албански државници е пред се политички трик на Ахмети и штитење на рејтингот  на политички план, за што и не допатувал на денот кога и другите лидери на албанците од Македонија биле во Тирана./крај/мф/мн

Македонија

Муцунски во прва работна посета на Брисел на средби со генералниот секретар на НАТО и високи претставници на ЕУ

Објавено пред

Министерот за надворешни работи и надворешна трговија, Тимчо Муцунски, од Луксембург продолжува во прва работна посета на Брисел, во чии рамки ќе се сретне со генералниот секретар на НАТО, Јенс Столтенберг, како и високи претставници на Европската Унија.

dobivaj vesti na viber

Во фокусот на разговорите ќе бидат евроинтегративниот процес на државата, реформските процеси, како и активностите во рамките на НАТО, со посебен фокус на претстојниот аамит на алијансата, што ќе се одржи идниот месец во Вашингтон.

Посетата на Муцунски на Брисел на почетокот на мандатот како министер за надворешни работи и надворешна трговија е показател за цврстата определба на земјата за што побрзо членство во Европската Унија и посветениот придонес кон глобалниот мир и регионалната стабилност како кредибилна земја членка на НАТО.

Прикажи повеќе...

Македонија

Муцунски се сретна со Вархељ: Новата Влада е силно посветена на реформската агенда и европските интеграции

Објавено пред

Министерот за надворешни работи и надворешна трговија, Тимчо Муцунски, се сретна со еврокомесарот за соседство и проширување, Оливер Вархељ, во Луксембург.

dobivaj vesti na viber

Во фокусот на разговорите беа приоритетите и активностите на новата Влада, како и актуелностите поврзани со европското досие на земјата.

„Новата Влада е силно посветена на реформската агенда и европските интеграции, а во периодот што следува ќе преземеме низа активности во насока на забрзување на нашиот евроинтегративен процес. Политиката на проширување на ЕУ е најдобрата алатка за поттикнување на реформските и демократските процеси, но истовремено е и клучна геостратешка инвестиција во мир, стабилност и економски развој на земјите од регионот, но и Европа како целина“, нагласи Муцунски.

Соговорниците разменија мислења и за планот за раст на ЕУ оценувајќи го како силна поддршка од страна на ЕУ за економско зајакнување на земјите од Западен Балкан, поттикнување на регионалната соработка, но и доближување на земјите од регионот поблиску до ЕУ и пред формалното членство.

Прикажи повеќе...

Македонија

Средба на претседателите на Собранијата на Македонија и Украина, Митрески и Стефанчук

Објавено пред

Претседателот на Собранието на Република Северна Македонија, Јован Митрески, во рамките на посетата на Киев по повод втората годишнина од почетокот на руската воена агресија врз Украина, оствари средба со претседателот на Врховната рада на Украина, Руслан Стефанчук.

dobivaj vesti na viber

Претседателот Митрески изрази благодарност за поканата и нагласи дека посетата претставува потврда на цврстата и непоколеблива поддршка на Република Северна Македонија за Украина, на сите полиња. Тој нагласи дека уште од самиот почеток силно ја осудуваме руската агресија против Украина, континуирано ја потврдуваме нашата поддршка за украинскиот територијален интегритет, суверенитет и целовитост и изразуваме целосна поддршка на правото на самоодбрана на земјата.

Претседателот на Собранието истакна дека Северна Македонија целосно се приклучи на сите рестриктивни мерки и санкции на ЕУ кон Руската Федерација, ко-спонзорираше бројни резолуции и иницијативи во однос на Украина, а упати и воена и хуманитарна помош за земјата.

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија11 минути

Ексдиректорот на АНБ тврди: Мицкоски не бил прислушкуван

Христијан Мицкоски во периодот од 2019 до 2024 година, како лидер на тогашна опозициона партија, не бил предмет на посебен...

Македонија2 часа

Два активни пожара на територијата на Македонија, три под контрола

Во изминатото деноноќие, до 08:00 часот утрово, на територијата на Македонија регистрирани се вкупно 18 пожари на отворен простор, од...

Македонија2 часа

„И официјално потврдено: Мицкоски и новинари биле следени, СДС на Филипче направил груб упад на системот“, велат од ВМРО-ДПМНЕ

„Мора да се стави крај на злоупотреба на безбедносните служби и да има одговорност за следењето на јавни личности, на...

Свет3 часа

Фицо: Се гради нов светски поредок

Словачкиот премиер Роберт Фицо ќе одржи билатерални средби со кинескиот претседател Шји Џјинпинг и со рускиот претседател Владимир Путин на...

Свет3 часа

Мадуро: Поради Америка, се соочуваме со закана каква што не сме виделе 100 години

Претседателот на Венецуела, Николас Мадуро ги обвини САД дека го загрозуваат суверенитетот на неговата земја со распоредување воени бродови во...

Свет4 часа

(Видео) Путин и Шји во Пекинг: „Нашите односи се на невидено ниво“

Кинескиот претседател Шји Џјинпинг и неговиот руски колега Владимир Путин почнаа билатерални разговори во Пекинг пред големата воена парада во...

Свет5 часа

Ненадејно лизгање на земјиштето во Судан, повеќе од илјада мртви

Најмалку илјада луѓе загинаа во катастрофално лизгање на земјиштето во оддалечените планини Мара во западен Судан, соопшти бунтовничката група Суданско...

Свет5 часа

Белгија: Ќе ја признаеме Палестина, разгледуваме санкции против Израел

Белгија ќе признае палестинска држава на Генералното собрание на ОН, изјави министерот за надворешни работи, Максим Прево, зголемувајќи го меѓународниот...

Свет5 часа

(Фото) Виетнам слави: делат пари, ослободуваат затвореници, организирана голема парада

Виетнам ја одбележа 80-годишнината од својата независност од колонијалната власт со најголемата воена парада во последните децении, масовна парична помош...

Регион14 часа

Кремљ негира вмешаност во инцидентот со ГПС со авионот на Урсула фон дер Лајен во Бугарија

Портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков, ги отфрли тврдењата дека Русија се мешала во услугата на Глобалниот систем за позиционирање (ГПС)...

Македонија15 часа

Мицкоски: АР и АНБ ги користеле државните ресурси и ме прислушкувале, мислејќи дека на тој начин ќе добијат предност кај нивните налогодавци

Премиерот, Христијан Мицкоски, одговарајќи на новинарско прашање посочи дека во минатото Агенцијата за разузнавање и Агенцијата за национална безбедност ги...

Македонија18 часа

(Видео) Родителите од Демир Хисар на протест побараа бесплатен превоз за учениците: „Нема да престанеме да се бориме“

На првиот училиштен ден,  на патниот правец Демир Хисар – Битола, кај местото Мраморица, се одржа мирен протест со блокада...

Македонија19 часа

Николоски: Доста е од злоупотреби на тајните служби, процесуирање на одговорните е предуслов за демократијата во Македонија

Потпретседателот на Владата и министер за транспорт и врски, Александар Николоски, повика Обвинителството да отвори истрага и да ги процесуира...

Македонија22 часа

Муцунски: Благодарение на СДС и ДУИ преговорите со ЕУ не може да бидат блокирани затоа што никогаш и не почнаа

Денес Венко Филипче повторно зборуваше за преговорите со ЕУ, како тие да се блокирани. Но вистината е тажна и едноставна...

Македонија22 часа

Бројот на германски туристи зголемен за 219 отсто, над 23.000 Германци годинава ја посетија Македонија

Во рамките на Museumuferfest во Франкфурт, настан што секоја година ги обединува посетителите од регионот и многубројните туристи од целиот...

Македонија23 часа

Македонија 51. на листата на земји според Глобалниот индекс за мир за 2025

На Глобалниот индекс за мир (GPI) за 2025 година Македонија е на 51. место со резултат од 1,799. Ова, според...

Македонија23 часа

Во август 19.343 сообраќајни прекршоци, уапсени 82 возачи

Во периодот од 01 до 31 август, од вкупно 19.343 издадени платни налози, 6.730 прекршоци се однесуваат на возачи кои...

Македонија1 ден

(Видео) Мицкоски: Пред 15 години зборувавме за компјутер за секое дете, а денес, по 15 години, зборуваме за учебник за секое дете

По повод почеток на новата учебна година, претседателот на Владата на Република Северна Македонија, Христијан Мицкоски го посети ООУ „Кирил...

Македонија1 ден

Македонија доби 2,3 милиона евра неповратна помош од ЕУ

ЕУ ги ослободи средствата од првата транша за Северна Македонија. На земјата и се исплатени 2.3 милиони евра како неповратна...

Топ1 ден

Уапсен дилер во Скопје, запленети 100 кесички со марихуана

Вчера околу 19 часот на улицата „Анкарска“ во Скопје полициски службеници од Единицата за интервентна полиција при СВР Скопје го...