Надворешна политика
Politico: Македонија во ЕУ по 2030-та, земјите од регионот по 2025-та година

Македонија би станала членка на Европската унија (ЕУ) по 2030-та година, додека земјите од регионот тоа би го направиле за отприлика пет години порано, односно по 2025-та, пишува европското издание на Politico.
Во поглед на Македонија, шансите кои Politico и ги дава на земјата за членство се 50 проценти, и оценува дека како предност е тоа што во Македонија има помалку внатрешни проблеми отколку Босна и Херцеговина. „Преговорите за членство одат многу бавно. Грција не го признава дури ни името Македонија, кое го смета како закана за територијалниот интегритет на сопствената покраина со истото име. Македонија исто така има голем број на несогласувања со Бугарија, а покрајт тоа постојат и сериозно обвинувањата кои се однесуваат на непочитувањето на владеењето на правото“, пишува Politico.
Според пишувањата на овој магазин, изненадувачки, прв кандидат за членство би можела да биде Албанија, која веќе е членка на НАТО и е „ослободена од југословенските војни од 90-тите години“. Politico наведува дека од земјите од западен Балкан, Албанија би можела прва да стигне до членство во ЕУ, односно по 2025-та година, додека Црна Гора, Србија и Косово тоа би требало да го достигнат по 2027-та година.
„Сите други земји од западен Балкан имаат бројни компликации. Што се однесува до Македонија, членката на ЕУ Грција одбива дури да го признае и нејзиното име. Доколку ЕУ би дозволила Црна Гора и Косово да влезе во одбраното друштво без Србија, тоа би предизвикало значајна нестабилност во регионот. Босна и Херцеговина е во најлоша позиција од сите и би можела да ги забави сите останати земји во случај ЕУ да сака земјите од Балканот да влезат во унијата во форма на блок“, пишува Politico.
Ниедна држава не поднела барање станала членка за помалку од пет години (Финска го држи рекордот). За членките од поранешниот Варшавски пакт и СФРЈ тој процес во просек е 10 до 15 години.
Politico се осврнува и на потенцијалните членства на Украина и Турција, пришто Киев би можел да очекува членство некаде по 2035-та година, додека пак членството на Анкара е „практично невозможно“.
„Имајќи ги предвид сите потешкотии низ кои поминува Украина, како и одбивањето на холандските гласачи да гио прифатат Договорот за проширување на ЕУ, таа опција засега е тешко остварлива. Според тоа, членството во ЕУ додека на чело на Русија е Владимир Путин би било еднакво на самоубиство“, пишува весникот. За Турција, пак, Politico пишува дека земјата под владеењето на турскиот претседател Реџеп Тајип Ердоган се движи кон авторитаризам и има фундаментални проблеми во областите на владеењето на правото и слободата на изразувањето.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Македонија
МНР ќе испрати писмо до Европскиот парламент за навредите од бугарскот европратеник

Министерството за надворешни работи соопшти дека ќе упати писмо до Европскиот парламент во кое ќе информира за недоличното и навредливо однесување на бугарскиот европратеник, Александар Јорданов на социјалните мрежи.
Исто така, МНР ги демантира наводите дека со Република Бугарија било договорено заедничко чествување на Гоце Делчев.
„ И покрај искажаната волја, Република Бугарија не направи доволно напори да спречи пристапување на радикални поединци на граничниот премин Деве Баир, овозможувајќи на тој начин, дел од нив да се однесуваат агресивно, да ги навредуваат и да применат насилство кон претставниците на гранична полиција на Северна Македонија.
Согласно со утврдените протоколи за работа, и стандардите на ЕУ за безбедно управување со границите, дел од овие лица кои го нарушија јавниот ред и мир од поголем обем, беа приведени и изведени пред надлежен суд кој изрече соодветни мерки“ додаваат од МНР.
Од министерството велат дека на официјалната бугарска делегација предводена од вице-премиерот и министер за внатрешни работи Иван Демерџиев, како искрен и последователен гест ѝ беше овозможено непречено да положи цвеќе пред гробот на Гоце Делчев во црквата „Свети Спас“ во Скопје.
МНР со жалење констатира дека радикални поединци, претставници на организации и политички партии во Бугарија продолжуваат да изразуваат територијални претензии кон Македонија и континуирано го нарушуваат достоинството на македонските граѓани, македонскиот народ и нашата држава.
Македонија
Пиши-бриши понуда: Стојанов веќе не нуди 200 евра за името на полицаецот од „Деве Баир“, не одговара ниту за што му треба информацијата

Кај претседателот на бугарската фондација „Македонија“, Виктор Стојанов, кој нудеше 200 евра за тој што ќе му каже како се вика и презива еден од полицајците од граничниот премин „Деве Баир“ – ја нема објавата. На неговиот профил на „Фејсбук“, не може да се најде статусот на кој во црвен круг беше заокружен еден од полицајците на границата.
„Макфакс“ упати четири прашања до Стојанов кого го прашавме дали го дознал идентитетот на полицаецот, зошто му била потребна оваа информација, дали дал 200 евра за оваа информација, но и зошто го избришал статусот од социјалната мрежа „Фејсбук“. До моментот на објавување, не добивме одговор на ниту едно прашање.
Во медиумите и на социјалните мрежи, објавата на Стојанов беше протолкувана како закана за полицаецот. Имаше низа реакции во кои се бараше одговорност за барањето од Стојанов. Од бугарска страна, тој доби поддршка под објавата.
Стојанов и е познат на македонската јавноста откако не му беше дозволено во Македонија да внесе т.н. „бугарски книги“. Потоа, фондацијата со која раководи објави понуда со која дава по 30 евра на децата од Македонија за да учат бугарски јазик.
Македонија
Димитриевски: Бугарите ќе влезат во Уставот кога ќе има реципроцитет, кога мојата баба во Благоевград ќе може да биде Македонка

Бугарите ќе бидат запишани во Уставот без никаков проблем кога ќе има реципроцитет, кога мојата баба Бранка во Благоевград ќе може да биде Македонка, а не Бугарка. Ќе си најдете начин барем една декларација во Парламентот ќе донесете кадешто ќе го признаете Македонското малцинство“ изјави градоначалникот на Куманово, во гостувањето во емисијата „Говори сега“ на бугарската национална телевизија БНТ1 во Софија.
Димитриевски потенцираше дека Бугарите мора да признаат еден непобитен факт, а тоа е дека Македонецот постои и не може да велат дека Македонците настанале после 46-та година.
Во емисијата, тој посочи дека во периодот 1941-1944-та година Бугарија е составен дел на фашистичката коалиција и за тоа постојат документи, а официјална Бугарија никогаш не излегла со став и не се извинила.