Надворешна политика
Албанија незадоволна од руската реакција за случувањата во Македонија
Министерството за надворешни работи на Албанија побарало од рускиот амбасадор во Тирана објаснување поради реакцијата на руското МНР околу случувањата во Македонија.
Министерството за надворешни работи на Албанија побарало од рускиот амбасадор во Тирана објаснување поради реакцијата на руското МНР околу случувањата во Македонија.
Русија минатата седмица изрази длабока загриженост поради неодамешниот вооружен напад на караулата Гошинце на северот на Македонија, предупредувајќи дека инцидентот покажува дека во балканскиот регион сé уште постојат длабоки меѓународни противречности и потенцијал за нов етнички судир, што не беше поразлично од реакциите на дипломатиите на другите земји.
Прецизирајќи дека нападот се случил на „косовскиот дел на границата меѓу Србија и Македонија“, руското министерството за надворешни работи наведе дека недостигот од закони и безбедност на Косово е директна последица на нерешениот косовски проблем и воопшто има негативни последици врз целата состојба на Балканот, пренесува агенцијата Тас.
„Невозможно е да не забележиме дека има пароли за Голема Албанија, кои станаа сé почести во регионот“, предупреди тогаш руското министерство и изрази надеж дека напорите на властите во Македонија за воспоставување на ред и мир во ова проблематично подрачје ќе ја добијат неопходната меѓународна поддршка.
Повикувајќи се на официјали избори, агенцијата АТА пренесува дека по тој повод албанското министерство на рускиот амбасадор му го пренело незадоволството од албанска страна.
Албанското министерство оценило дека соопштението на руското МНР е неприфатливо и дека „е против двете суверени држави Албанија и Косово, поради неодамнешните случувања во Македонија“.
Таквата изјава, според албанското министерство за надворешни работи, претставува „уцена и не придонесува кон конструктивната атмосфера и прифатените принципи на меѓународното право“.
Албанија е членка на НАТО и кандидат за членство во ЕУ, „и секоја заканувачка изјава од страна на Русија ќе биде погледната од тој агол“, навело албанското МНР.
Како што наведува албанската агенција, на рускиот амбасадор Александар Карпушин му било јасно ставено до знаење дека Руската Федерација „треба да ја прифати реалност на западен Балкан во кој независноста на Косово претставува суштински придонес за демократската иднина во регионалната соработка“.
Истовремено, АТА тврди дека руското министерство навело во соопштението дека зад нападот на караулата во Гошинце стојат Албанија и Косово. Инцидентот се случи пред една недела, кога 40 вооружени и маскирани лица ја запоседнаа караулата во селото Гошинце./крај/мф/бс
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Средба на претседателите на Собранијата на Македонија и Украина, Митрески и Стефанчук
Претседателот на Собранието на Република Северна Македонија, Јован Митрески, во рамките на посетата на Киев по повод втората годишнина од почетокот на руската воена агресија врз Украина, оствари средба со претседателот на Врховната рада на Украина, Руслан Стефанчук.
Претседателот Митрески изрази благодарност за поканата и нагласи дека посетата претставува потврда на цврстата и непоколеблива поддршка на Република Северна Македонија за Украина, на сите полиња. Тој нагласи дека уште од самиот почеток силно ја осудуваме руската агресија против Украина, континуирано ја потврдуваме нашата поддршка за украинскиот територијален интегритет, суверенитет и целовитост и изразуваме целосна поддршка на правото на самоодбрана на земјата.
Претседателот на Собранието истакна дека Северна Македонија целосно се приклучи на сите рестриктивни мерки и санкции на ЕУ кон Руската Федерација, ко-спонзорираше бројни резолуции и иницијативи во однос на Украина, а упати и воена и хуманитарна помош за земјата.
Македонија
Средба Османи – Кулеба во ОН Њујорк: Европската Унија е наша заедничка иднина
Министерот за надворешни работи, Бујар Османи, на 23 февруари 2024 година, оствари средба со министерот за надворешни работи на Украина, Дмитро Кулеба, во седиштето на Обединетите нации во Њујорк, на маргините на 56. пленарен состанок на 78. седница на Генералното Собрание.
Средбата се одржа со цел да се даде поддршка на Украина на денот на одбележувањето на две-годишнината од почетокот на руската агресија во Украина, при што Османи потенцира дека е многу важно да продолжи поддршката на Украина, бидејќи ако Русија победи во Украина, тогаш ние сме следните.
Министерот Османи, на средбата, истакна дека денес Руската Федерација е најголемата закана за безбедноста на Европа, на Западен Балкан, но и на Република Северна Македонија.
“Важно е да имаме стратешка предвидливост во нашата држава, со цел конечно да кажеме “Не” за Русија и “Да” за интегративните европски процеси на Западниот Балкан и на Република Северна Македонија”, рече Османи.
Додека, Министерот Кулеба, истакнувајќи го фактот дека Северна Македонија цврсто застана зад Украина во текот на двете години агресија, упати благодарност до граѓаните на Северна Македонија, како и благодарност до Министерот Османи за неговото лидерство и поддршка.
“Нашата иднина е заедничка, таа иднина е Европската Унија, која воедно претставува и иднина за мир и просперитет, рече Кулеба.
Двајцата Министри имаа свои обраќња пред Генералното собрание на Обединетите нации, каде упатија јасни пораки против рускат агресија врз Украина.
Македонија
(Видео) Oсмани од ОН во Њујорк: Мораме да и кажеме не на Русија
Министерот за надворешни работи, Бујар Османи, денес се обрати од седиштето на Обединетите нации во Њујорк, на 56. пленарен состанок на 78-та седница на Генералното собрание, по повод две години од инвазијата на Русија врз Украина, кој се одржа на тема: Ситуацијата во привремено окупираните територии на Украина.
Османи, уште еднаш, ја повика Русија да ја прекине оваа бесмислена војна и да ги повлече своите трупи од суверената територија на Украина.
„Русија ги прекрши основните принципи на меѓународното право и започна целосна агресивна војна против Украина, земја членка на ОН’’, истакна Османи.
Воедно, министерот потенцираше дека Северна Македонија е исто така силно загрижена и ја осудува незаконската депортација на децата од Украина во Русија и Белорусија од страна на Руската федерација и ги повика да обезбедат нивно безбедно враќање дома.
„Мораме да и кажеме не на Русија! Правдата и одговорноста мора да надвладеат”, рече Османи, воедно додаде дека Северна Македонија им се придружи на другите 140 земји-членки за поддршка на суверенитетот и територијалниот интегритет на Украина во нејзините меѓународно признати граници од 1991 година.
Османи повика на обединетост во поддршката за Украина, не само за доброто на жртвите и нивните семејства, туку и како предуслови за избегнување на понатамошни агресии и неиспровоцирана употреба на сила во меѓународните односи.