Надворешна политика
Бесими – Едерер: Германија ги поддржува преговорите за решавањето на политичката криза во Македонија
Вицепремиерот за евроинтеграции Фатмир Бесими престојува во еднодневна посета на Германија, каде оствари средба со државниот секретар во министерството за надворешни работи на Германија, Маркус Едерер и со висок претставник на кабинетот на канцеларката Ангела Меркел, заменик генерален директор во Генералниот директорат за европска политика, Франц Нејдер, како и со специјалниот претставник за Југоисточна Европа, Ернст Рајхел.
Бесими и државниот секретар Едерер ги поздравија добрите билатерални односи помеѓу Македонија и Германија и изразија целосна посветеност кон нивно понатамошно продлабочување на секое ниво од взаемен интерес.
Соговорниците се осврнаа на последните заклучоци на советот на ЕУ за Македонија, повторувајќи ја загриженоста за актуелните политички случувања во Македонија и потенцирајќи ја потребата од изнаоѓање на брзо оддржливо политичко, правно и институционално решение, почитувајќи ги принципите на владеењето на правото и правните механизми на располагање, вклучително и утврдување на одговорноста.
Тие исто така ја истакнаа германската поддршка на политичките преговори кои што се одвиваат со поддршка на претставници на европскиот парламент. Тема на состанокот беа и меѓуетничките односи и безбедносната состојба во земјата со акцент дека Европската унија е заинтересирана за стабилен регион.
Соговорниците, исто така, се осврнаа и на резултатите од последниот состанок на премиерите на земјите од западен Балкан во Брисел, на кој е утврдена главната транспортна инфраструктурна мрежа како основа за подобрување на поврзаноста помеѓу земјите на западен Балкан и како предуслов за привлекување на странски инврститори и забрзан економски развој. Македонија останува целосно посветена на продлабочување на регионалната соработка и максимално активно ќе учествува во овој значаен процес.
Бесими истакна дека реформскиот процес и евроатланската интеграција на земјата е темелна заложба на Владата на Република Македонија, нагласувајќи дека и покрај предизвиците со кои се соочуваме во моментот посветеното работење за унапредување на стандардите во секоја општествена сфера и унапредување на можностите за сите граѓани продолжува со истиот интензитет.
Бесими ја изрази својата благодарност за директната поддршка која Македонија и Секретаријатот за европски прашања ја добива од Германија како многу важен стратешки партнер, преку канцелариите на Германското друштво за меѓународна соработка-ГИЗ како и преку ИПА твининг проектот, конзорциум од три земји каде Германија е главен партнер, во соработка со Полска и Хрватска.
На крајот, од двете страни беше истакната важноста и потребата од надминување на предизвиците со кои се соочува државата на внатрешен и надворешен план со цел што поскоро зачленување на Македонија во Европската унија./крај/мф/бс
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Средба на претседателите на Собранијата на Македонија и Украина, Митрески и Стефанчук
Претседателот на Собранието на Република Северна Македонија, Јован Митрески, во рамките на посетата на Киев по повод втората годишнина од почетокот на руската воена агресија врз Украина, оствари средба со претседателот на Врховната рада на Украина, Руслан Стефанчук.
Претседателот Митрески изрази благодарност за поканата и нагласи дека посетата претставува потврда на цврстата и непоколеблива поддршка на Република Северна Македонија за Украина, на сите полиња. Тој нагласи дека уште од самиот почеток силно ја осудуваме руската агресија против Украина, континуирано ја потврдуваме нашата поддршка за украинскиот територијален интегритет, суверенитет и целовитост и изразуваме целосна поддршка на правото на самоодбрана на земјата.
Претседателот на Собранието истакна дека Северна Македонија целосно се приклучи на сите рестриктивни мерки и санкции на ЕУ кон Руската Федерација, ко-спонзорираше бројни резолуции и иницијативи во однос на Украина, а упати и воена и хуманитарна помош за земјата.
Македонија
Средба Османи – Кулеба во ОН Њујорк: Европската Унија е наша заедничка иднина
Министерот за надворешни работи, Бујар Османи, на 23 февруари 2024 година, оствари средба со министерот за надворешни работи на Украина, Дмитро Кулеба, во седиштето на Обединетите нации во Њујорк, на маргините на 56. пленарен состанок на 78. седница на Генералното Собрание.
Средбата се одржа со цел да се даде поддршка на Украина на денот на одбележувањето на две-годишнината од почетокот на руската агресија во Украина, при што Османи потенцира дека е многу важно да продолжи поддршката на Украина, бидејќи ако Русија победи во Украина, тогаш ние сме следните.
Министерот Османи, на средбата, истакна дека денес Руската Федерација е најголемата закана за безбедноста на Европа, на Западен Балкан, но и на Република Северна Македонија.
“Важно е да имаме стратешка предвидливост во нашата држава, со цел конечно да кажеме “Не” за Русија и “Да” за интегративните европски процеси на Западниот Балкан и на Република Северна Македонија”, рече Османи.
Додека, Министерот Кулеба, истакнувајќи го фактот дека Северна Македонија цврсто застана зад Украина во текот на двете години агресија, упати благодарност до граѓаните на Северна Македонија, како и благодарност до Министерот Османи за неговото лидерство и поддршка.
“Нашата иднина е заедничка, таа иднина е Европската Унија, која воедно претставува и иднина за мир и просперитет, рече Кулеба.
Двајцата Министри имаа свои обраќња пред Генералното собрание на Обединетите нации, каде упатија јасни пораки против рускат агресија врз Украина.
Македонија
(Видео) Oсмани од ОН во Њујорк: Мораме да и кажеме не на Русија
Министерот за надворешни работи, Бујар Османи, денес се обрати од седиштето на Обединетите нации во Њујорк, на 56. пленарен состанок на 78-та седница на Генералното собрание, по повод две години од инвазијата на Русија врз Украина, кој се одржа на тема: Ситуацијата во привремено окупираните територии на Украина.
Османи, уште еднаш, ја повика Русија да ја прекине оваа бесмислена војна и да ги повлече своите трупи од суверената територија на Украина.
„Русија ги прекрши основните принципи на меѓународното право и започна целосна агресивна војна против Украина, земја членка на ОН’’, истакна Османи.
Воедно, министерот потенцираше дека Северна Македонија е исто така силно загрижена и ја осудува незаконската депортација на децата од Украина во Русија и Белорусија од страна на Руската федерација и ги повика да обезбедат нивно безбедно враќање дома.
„Мораме да и кажеме не на Русија! Правдата и одговорноста мора да надвладеат”, рече Османи, воедно додаде дека Северна Македонија им се придружи на другите 140 земји-членки за поддршка на суверенитетот и територијалниот интегритет на Украина во нејзините меѓународно признати граници од 1991 година.
Османи повика на обединетост во поддршката за Украина, не само за доброто на жртвите и нивните семејства, туку и како предуслови за избегнување на понатамошни агресии и неиспровоцирана употреба на сила во меѓународните односи.