Надворешна политика
Бесими: Хан потврди-ќе се чека извештајот на ОБСЕ/ОДИХР и ДИК за предвремените избори
Заменик-претседателот на Владата на Република Македонија задолжен за евроинтеграции, Фатмир Бесими во вторник попладне во зградата на Европската комисија во Брисел оствари средба со еврокомесарот за преговори за проширување Јоханес Хан, јави дописникот на МИА од Брисел.
Според вицепремиерот Бесими, разговорот со Хан бил фокусиран на четири точки, а тоа се: организирање на предвремените парламентарни избори, итните реформски приоритети што на Македонија и ги препорача Европската комисија, како и за спроведувањето на Рамковниот договор и бегалската криза. „Во однос на предвремените парламентарни избори, намера и желба на Еврокомисијата е тие да бидат организирани според меѓународните стандарди. За оваа цел, според Хан, ќе се чека извештајот за подготвеноста да се организираат изборите на ОБСЕ/ОДИХР и на Државната изборна комисија“, посочи Бесими за првата точка од разговорот со Хан. Според македонскиот вицепремиер, во разговорите уште еднаш се покажало значењето за Македонија да го задржи фокусот во однос на итните реформски приоритети на ЕК, како што стои и во прогрес-извештајот на Комисијата, каде услов се организирање на успешни и демократски избори согласно меѓународните стандарди и прогрес во однос на итните реформски приоритети. „Сето ова ќе биде основа во наредниот извештај што ќе треба да го подготви Европската комисија за Република Македонија, а врз чија основа и ќе се одреди понатамошната перспектива со цел Македонија да може да ги отвори преговорите во наредниот период“, истакна Бесими. Во однос на бегалската криза, според вицепремиерот за евроинтеграции на Македонија, Хан го поздравил тоа што Македонија го прави и двајцата размениле информации за плановите на Европската унија во наредниот период за справување со кризата. „Говоревме и за поддршката што Еврокомисијата и ја дава на Македонија во овој поглед, како што беше вчерашната одлука за дополнителни 10 милиони евра за Република Македонија во однос на контролата на границата и регистрацијата на бегалците. А, во однос на Рамковниот договор, разговаравме за квалитативната анализа и што Република Македонија прави понатаму за подобрување на меѓуетничките односи“, додава Фатмир Бесими. Според Заменик-претседателот на македонската Влада, тоа биле главните теми за кои разговарале со еврокомесарот Јоханес Хан. Бесими посочи дека немале како посебна точка на разговор можно доаѓање на Хан во Македонија, со оглед на тоа каква ќе биде агендата на комесарот и активностите. „Се ќе се утврди во текот на неделата, но во секој сучај тоа не беше тема на денешниот разговор“, дециден е Бесими. /крај/миа
Извор: МИА
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Средба на претседателите на Собранијата на Македонија и Украина, Митрески и Стефанчук
Претседателот на Собранието на Република Северна Македонија, Јован Митрески, во рамките на посетата на Киев по повод втората годишнина од почетокот на руската воена агресија врз Украина, оствари средба со претседателот на Врховната рада на Украина, Руслан Стефанчук.
Претседателот Митрески изрази благодарност за поканата и нагласи дека посетата претставува потврда на цврстата и непоколеблива поддршка на Република Северна Македонија за Украина, на сите полиња. Тој нагласи дека уште од самиот почеток силно ја осудуваме руската агресија против Украина, континуирано ја потврдуваме нашата поддршка за украинскиот територијален интегритет, суверенитет и целовитост и изразуваме целосна поддршка на правото на самоодбрана на земјата.
Претседателот на Собранието истакна дека Северна Македонија целосно се приклучи на сите рестриктивни мерки и санкции на ЕУ кон Руската Федерација, ко-спонзорираше бројни резолуции и иницијативи во однос на Украина, а упати и воена и хуманитарна помош за земјата.
Македонија
Средба Османи – Кулеба во ОН Њујорк: Европската Унија е наша заедничка иднина
Министерот за надворешни работи, Бујар Османи, на 23 февруари 2024 година, оствари средба со министерот за надворешни работи на Украина, Дмитро Кулеба, во седиштето на Обединетите нации во Њујорк, на маргините на 56. пленарен состанок на 78. седница на Генералното Собрание.
Средбата се одржа со цел да се даде поддршка на Украина на денот на одбележувањето на две-годишнината од почетокот на руската агресија во Украина, при што Османи потенцира дека е многу важно да продолжи поддршката на Украина, бидејќи ако Русија победи во Украина, тогаш ние сме следните.
Министерот Османи, на средбата, истакна дека денес Руската Федерација е најголемата закана за безбедноста на Европа, на Западен Балкан, но и на Република Северна Македонија.
“Важно е да имаме стратешка предвидливост во нашата држава, со цел конечно да кажеме “Не” за Русија и “Да” за интегративните европски процеси на Западниот Балкан и на Република Северна Македонија”, рече Османи.
Додека, Министерот Кулеба, истакнувајќи го фактот дека Северна Македонија цврсто застана зад Украина во текот на двете години агресија, упати благодарност до граѓаните на Северна Македонија, како и благодарност до Министерот Османи за неговото лидерство и поддршка.
“Нашата иднина е заедничка, таа иднина е Европската Унија, која воедно претставува и иднина за мир и просперитет, рече Кулеба.
Двајцата Министри имаа свои обраќња пред Генералното собрание на Обединетите нации, каде упатија јасни пораки против рускат агресија врз Украина.
Македонија
(Видео) Oсмани од ОН во Њујорк: Мораме да и кажеме не на Русија
Министерот за надворешни работи, Бујар Османи, денес се обрати од седиштето на Обединетите нации во Њујорк, на 56. пленарен состанок на 78-та седница на Генералното собрание, по повод две години од инвазијата на Русија врз Украина, кој се одржа на тема: Ситуацијата во привремено окупираните територии на Украина.
Османи, уште еднаш, ја повика Русија да ја прекине оваа бесмислена војна и да ги повлече своите трупи од суверената територија на Украина.
„Русија ги прекрши основните принципи на меѓународното право и започна целосна агресивна војна против Украина, земја членка на ОН’’, истакна Османи.
Воедно, министерот потенцираше дека Северна Македонија е исто така силно загрижена и ја осудува незаконската депортација на децата од Украина во Русија и Белорусија од страна на Руската федерација и ги повика да обезбедат нивно безбедно враќање дома.
„Мораме да и кажеме не на Русија! Правдата и одговорноста мора да надвладеат”, рече Османи, воедно додаде дека Северна Македонија им се придружи на другите 140 земји-членки за поддршка на суверенитетот и територијалниот интегритет на Украина во нејзините меѓународно признати граници од 1991 година.
Османи повика на обединетост во поддршката за Украина, не само за доброто на жртвите и нивните семејства, туку и како предуслови за избегнување на понатамошни агресии и неиспровоцирана употреба на сила во меѓународните односи.