Контакт

Надворешна политика

Бесими: Македонските граѓани веруваат во ЕУ, но почнува да се чувствува и незадоволство заради чекањето

Објавено пред

Граѓаните на Република Македонија сè уште во голем процент веруваат во Европската Унија, но незадоволството од должината на процесот почнува да се чувствува, што доведува до намалување на кредибилноста на процесот.

dobivaj vesti na viber

 

 

Ова во вторник го изјави вицепремиерот задолжен за европски прашања Фатмир Бесими, во рамки на посетата на Големото Војводство Луксембург, кој од јули го презема претседавањето со Советот на ЕУ.

 

Бесими оствари средби со министерот за надворешни и европски работи на Луксембург, Жан Аселборн и претседателот на Комитетот за надворешни и европски работи, одбрана, соработка и имиграција, Марк Ангел.

 

Тој од соговорниците побара поддршка за отпочнување на долгоочекуваниот преговарачки процес за влез во ЕУ, а при тоа решението за името да се бара во раната фаза на преговорите.

 

Бесими ја истакна неопходноста од европско интегрирање на земјите од Западен Балкан, како единствена гаранција за стабилност и просперитет во Регионот. Во таа насока ја изрази потребата и очекувањето дека процесот на проширување на Европската унија, покрај другите актуелни приоритети, ќе се најде на високо место во агендата на Луксембуршкото претстојно претседателство со Советот на ЕУ.

 

Вицепремиерот Бесими побара поддршка од Луксембург и директно за Македонија, особено во овие времиња кога се соочуваме со сериозни предизвици, кои имаат влијание врз евроинтегративниот процес, а чие ненавремено, неинклузивно и несоодветно решавање може да доведе и до нарушување на стабилноста, вклучително и потенцијални меѓуетнички тензии.

 

Притоа, тој ја поздрави дискусијата за политичката ситуација  и носењето на Заклучоците за Република Македонија, од страна на Советот на ЕУ, што го покажува интересот на земјите членки за задржување на Република Македонија на патот кон ЕУ. Од наша страна, заклучоците ги разбираме како патоказ за фокусирање кон клучните приоритети кои треба да се реализираат за надминување на актуелната ситуација.

 

На крајот тој нагласи дека и покрај сите околности и потешкотии со кои Република Македонија се соочува во овој период, Владата и администрацијата вложуваат континуирани напори во насока на фокусирање на реформскиот процес и генерирање на позитивни сигнали во клучните области.

 

Од страна на соговорниците беа презентирани главните акценти на програмата и приоритетите на Луксембуршкото претседателство со Советот на ЕУ, вклучително и плановите за оддржување на следниот состанок на Советот за Стабилизација и Асоцијаџија, како и најава за можен неформален состанок на Советот на ЕУ за општи работи со присуство на министрите за европски прашање на земјите на западен Балкан.

 

Соговорниците, исто така, истакнаа дека Луксембург го поддржува процесот на проширување како еден од столбовите на ЕУ, на кој гледаат како основа  за позитивни промени во земјите кандидати, во таа насока искажаа безрезервна поддршка за аспирациите на РМ за интеграција во ЕУ, но воедно ја изразија и загриженоста дека освен прашањето за името на кое до неодамна гледаа како единствена пречка, се јавуваат и дополнителни пречки за натамошна интеграција во ЕУ, меѓу кои се истакна моменталната политичка ситуација во државата, и назадувањето во неколку клучни области, што  генерира лоша меѓународна репутација. Тие изразија надеж за нивно надминување преку конструктивен  и инклузивен дијалог.

 

 На крајот министерот Аселборн нагласи дека Луксембург останува и понатаму отворен за редовна коминикација на високо политичко ниво, кое ќе продолжи и за време на нивното претседавање со Советот на ЕУ. /крај/мф/ст

 

Македонија

Муцунски во прва работна посета на Брисел на средби со генералниот секретар на НАТО и високи претставници на ЕУ

Објавено пред

Министерот за надворешни работи и надворешна трговија, Тимчо Муцунски, од Луксембург продолжува во прва работна посета на Брисел, во чии рамки ќе се сретне со генералниот секретар на НАТО, Јенс Столтенберг, како и високи претставници на Европската Унија.

dobivaj vesti na viber

Во фокусот на разговорите ќе бидат евроинтегративниот процес на државата, реформските процеси, како и активностите во рамките на НАТО, со посебен фокус на претстојниот аамит на алијансата, што ќе се одржи идниот месец во Вашингтон.

Посетата на Муцунски на Брисел на почетокот на мандатот како министер за надворешни работи и надворешна трговија е показател за цврстата определба на земјата за што побрзо членство во Европската Унија и посветениот придонес кон глобалниот мир и регионалната стабилност како кредибилна земја членка на НАТО.

Прикажи повеќе...

Македонија

Муцунски се сретна со Вархељ: Новата Влада е силно посветена на реформската агенда и европските интеграции

Објавено пред

Министерот за надворешни работи и надворешна трговија, Тимчо Муцунски, се сретна со еврокомесарот за соседство и проширување, Оливер Вархељ, во Луксембург.

dobivaj vesti na viber

Во фокусот на разговорите беа приоритетите и активностите на новата Влада, како и актуелностите поврзани со европското досие на земјата.

„Новата Влада е силно посветена на реформската агенда и европските интеграции, а во периодот што следува ќе преземеме низа активности во насока на забрзување на нашиот евроинтегративен процес. Политиката на проширување на ЕУ е најдобрата алатка за поттикнување на реформските и демократските процеси, но истовремено е и клучна геостратешка инвестиција во мир, стабилност и економски развој на земјите од регионот, но и Европа како целина“, нагласи Муцунски.

Соговорниците разменија мислења и за планот за раст на ЕУ оценувајќи го како силна поддршка од страна на ЕУ за економско зајакнување на земјите од Западен Балкан, поттикнување на регионалната соработка, но и доближување на земјите од регионот поблиску до ЕУ и пред формалното членство.

Прикажи повеќе...

Македонија

Средба на претседателите на Собранијата на Македонија и Украина, Митрески и Стефанчук

Објавено пред

Претседателот на Собранието на Република Северна Македонија, Јован Митрески, во рамките на посетата на Киев по повод втората годишнина од почетокот на руската воена агресија врз Украина, оствари средба со претседателот на Врховната рада на Украина, Руслан Стефанчук.

dobivaj vesti na viber

Претседателот Митрески изрази благодарност за поканата и нагласи дека посетата претставува потврда на цврстата и непоколеблива поддршка на Република Северна Македонија за Украина, на сите полиња. Тој нагласи дека уште од самиот почеток силно ја осудуваме руската агресија против Украина, континуирано ја потврдуваме нашата поддршка за украинскиот територијален интегритет, суверенитет и целовитост и изразуваме целосна поддршка на правото на самоодбрана на земјата.

Претседателот на Собранието истакна дека Северна Македонија целосно се приклучи на сите рестриктивни мерки и санкции на ЕУ кон Руската Федерација, ко-спонзорираше бројни резолуции и иницијативи во однос на Украина, а упати и воена и хуманитарна помош за земјата.

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија1 час

Мицкоски најави дека ќе се чека уште 11 месеци да стигнат нови камиони на Комунална хигиена

Преку Министерството за транспорт и во соработка со Светската банка ќе се набават 40 нови возила за потребите на ЈП...

Свет3 часа

(Видео) Сведоштво на мајката и сопруга на уапсените за марихуаната поврзана со Македонија

Членови на семејството Спасојевиќ и нивни соседи се огласија по заплената на повеќе од пет тони марихуана на семеен имот...

Македонија4 часа

Петте тони марихуана откриени кај Крушевац биле набавени во Македонија

Вишиот суд во Белград синоќа им одреди притвор на тројца уапсени по заплената на пет тони марихуана во селото Коњух...

Македонија7 часа

Од денес Безбеден град казнува, со три забрани за возење ја губите возачката дозвола

На територија на Скопје, Куманово и Тетово и на коридорите 8 и 10 од денеска стартува имплементацијата на системот за...

Свет22 часа

(Видео) Извлечени 51 лице заглавени на жичница на планината Улудаг во Турција

Технички дефект на жичницата на планината Улудаг, во близина на северозападниот турски град Бурса, предизвика блокирање на 51 лице кои...

Македонија23 часа

По реакции од граѓани, се чисти Клиничкиот центар „Мајка Тереза“ во Скопје

Градоначалникот на Скопје, Орце Ѓорѓиевски, информираше дека денеска градот е целосно мобилизиран во сеопфатна и темелна акција за чистење на...

Македонија23 часа

Скопјани бараат од Цементарница Усје да работи според еколошките стандарди

Еколошките активисти од иницијативата „Стоп за Усје“ и граѓани денеска протестираа поради загадувањето на воздухот и бараа од Цементарница „Усје...

Македонија1 ден

Во Кочани ќе се гради патека на бесконечност за загинатите во Пулс

Советот на Општина Кочани на вчерашната 9. седница едногласно ја поддржа иницијативата за изградба на спомен-обележјето „Патека на бесконечноста за...

Свет1 ден

Момче во Германија повлекло девојка под воз што доаѓал од спротивен правец, двајцата се мртви

Во Хамбург во четврток, две лица загинаа на метро станицата Вандсбек Маркт откако маж влечеше жена на шините пред воз...

Македонија1 ден

Од утре внимавајте, Безбеден град почнува официјално да казнува со суми од 20 до 500 евра и одземање на возачката дозвола

Од утре официјално започнува примената на системот Безбеден град, со што автоматското снимање и санкционирање на сообраќајните прекршоци влегува во...

Свет1 ден

Во текот на изминатото деноноќие, Русија извршила вкупно 1.019 напади врз Украина

Украинската противвоздушна одбрана соборила 64 од 85-те дронови што Русија синоќа ги лансирала, соопштија утрово Воздухопловните сили (ВВС) на Украина....

Свет1 ден

Државна секретарка од Црна Гора сакала да се самоубие поради секс скандал

Мирјана Пајковиќ, до неодамна државна секретарка во Министерството за човекови и малцински права на Црна Гора, поднесе оставка откако нејзините...

Свет2 дена

Нови откритија за Епстин и елитата: објавени документи за контакти со Бил Гејтс, политичари, принц – тврдел и дека цимерот во затворот сакал да го убие

Американското Министерство за правда објави нови милиони документи поврзани со случајот на Џефри Епстин, со што повторно се отворија прашањата...

Македонија2 дена

Заврши мониторингот за Македонија од страна на Советот на Европа, за Мицкоски тоа е историски момент и признание за нивото на демократија

Премиерот Христијан Мицкоски денеска одговарајќи на новинарско прашање во однос на тоа дека заврши мониторингот за Македонија од страна на...

Македонија2 дена

ССМ следната недела ќе го блокира Собранието: Пратениците ќе мораат на работа пеш и без патни трошоци, ќе ги удриме по џебот како тие нас

Прва институција која ќе ја блокираат работниците како продолжение на протестот за 600 евра минимална плата и зголемување од 100...

Свет2 дена

Кремљ: Путин се согласи на привремен прекин на огнот

Кремљ соопшти дека рускиот претседател, Владимир Путин, се согласил да ги запре нападите врз украинските градови до 1 февруари. Портпаролот...

Македонија2 дена

Левица: ДПМНЕ со 2,2 милиони денари ја почестиле фирмата на синот на антикорупционерката Ристовска

Само во 2024 година, во рамки на изборната кампања за претседателските избори, една од фирмите на синовите на Цвета Ристовска...

Македонија2 дена

Утре посебен сообраќаен режим во Скопје поради протестниот марш „Стоп за Цементара“

Утре, со почеток во 12:00 часот ќе се одржи протестен марш „Стоп за Цементара“ со траса на движење од пред...

Македонија2 дена

Изгласана Резолуцијата за затворање на постмониторинг дијалогот со Македонија: „Ова е потврда за напредокот на државата“

Во текот на јануарската сесија на Парламентарното собрание на Советот на Европа, на која учествуваат пратениците Иванка Василевска, Беким Ќоку...

Свет2 дена

Мишел го критикува Руте: Престани да бидеш американски агент и обедини го НАТО

Генералниот секретар на НАТО, Марк Руте, треба да престане да биде „американски агент“ и да го обедини расцепканиот воен сојуз...