Контакт

Надворешна политика

Бесими: Тридимензионален пристап за решавање на актуелната политичка состојба

Објавено пред

За решавање на актуелната политичка состојба во земјата, според вицепремиерот за евроинтеграции Фатмир Бесими потребен е тридимензионален пристап, односно политички, правен и со поддршка на меѓународниот фактор.

dobivaj vesti na viber

 

„За разрешување на состојбата е потребен тридимензионален пристап – политички, правен и со поддршка на меѓународниот фактор, а Македонија за успешно да излезе од оваа состојба треба да покаже јасна определба дека останува на европскиот пат со сите вредности и стандарди“, изјави во средата Бесими во пресрет на првата дебата од циклусот „ЕУ разговори“, организирана од страна на Секретаријатот за европски прашања, а на која учествуваат претставници на граѓанскиот сектор и академската заедница.

 

Бесими додаде дека состојбата е сложена, а доволно е да се слушнат пораките од Брисел и Вашингтон, при што земјата мора да остане определена за евроатланската перспектива.

 

Од Брисел има најави за зголемен ангажман на ЕУ во поглед на состојбата во Македонија, но според Бесими се уште не е дефиниран точниот пристап во врска со ова, а според пораките кои беа испратени од еврокомесарот за соседска политика и пристапни преговори, Јоханес Хан за време на посетата на земјава, Македонија мора да се држи за својот правец, односно европските интеграции./крај/мф/бс

Извор: Фото/МИА

Македонија

Муцунски во прва работна посета на Брисел на средби со генералниот секретар на НАТО и високи претставници на ЕУ

Објавено пред

Министерот за надворешни работи и надворешна трговија, Тимчо Муцунски, од Луксембург продолжува во прва работна посета на Брисел, во чии рамки ќе се сретне со генералниот секретар на НАТО, Јенс Столтенберг, како и високи претставници на Европската Унија.

dobivaj vesti na viber

Во фокусот на разговорите ќе бидат евроинтегративниот процес на државата, реформските процеси, како и активностите во рамките на НАТО, со посебен фокус на претстојниот аамит на алијансата, што ќе се одржи идниот месец во Вашингтон.

Посетата на Муцунски на Брисел на почетокот на мандатот како министер за надворешни работи и надворешна трговија е показател за цврстата определба на земјата за што побрзо членство во Европската Унија и посветениот придонес кон глобалниот мир и регионалната стабилност како кредибилна земја членка на НАТО.

Прикажи повеќе...

Македонија

Муцунски се сретна со Вархељ: Новата Влада е силно посветена на реформската агенда и европските интеграции

Објавено пред

Министерот за надворешни работи и надворешна трговија, Тимчо Муцунски, се сретна со еврокомесарот за соседство и проширување, Оливер Вархељ, во Луксембург.

dobivaj vesti na viber

Во фокусот на разговорите беа приоритетите и активностите на новата Влада, како и актуелностите поврзани со европското досие на земјата.

„Новата Влада е силно посветена на реформската агенда и европските интеграции, а во периодот што следува ќе преземеме низа активности во насока на забрзување на нашиот евроинтегративен процес. Политиката на проширување на ЕУ е најдобрата алатка за поттикнување на реформските и демократските процеси, но истовремено е и клучна геостратешка инвестиција во мир, стабилност и економски развој на земјите од регионот, но и Европа како целина“, нагласи Муцунски.

Соговорниците разменија мислења и за планот за раст на ЕУ оценувајќи го како силна поддршка од страна на ЕУ за економско зајакнување на земјите од Западен Балкан, поттикнување на регионалната соработка, но и доближување на земјите од регионот поблиску до ЕУ и пред формалното членство.

Прикажи повеќе...

Македонија

Средба на претседателите на Собранијата на Македонија и Украина, Митрески и Стефанчук

Објавено пред

Претседателот на Собранието на Република Северна Македонија, Јован Митрески, во рамките на посетата на Киев по повод втората годишнина од почетокот на руската воена агресија врз Украина, оствари средба со претседателот на Врховната рада на Украина, Руслан Стефанчук.

dobivaj vesti na viber

Претседателот Митрески изрази благодарност за поканата и нагласи дека посетата претставува потврда на цврстата и непоколеблива поддршка на Република Северна Македонија за Украина, на сите полиња. Тој нагласи дека уште од самиот почеток силно ја осудуваме руската агресија против Украина, континуирано ја потврдуваме нашата поддршка за украинскиот територијален интегритет, суверенитет и целовитост и изразуваме целосна поддршка на правото на самоодбрана на земјата.

Претседателот на Собранието истакна дека Северна Македонија целосно се приклучи на сите рестриктивни мерки и санкции на ЕУ кон Руската Федерација, ко-спонзорираше бројни резолуции и иницијативи во однос на Украина, а упати и воена и хуманитарна помош за земјата.

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија35 минути

Таравари го поддржа апсењето лекари: Директорот на Геријатрија првин го разрешив, а потоа го исклучив од партијата, сите што грешат нека одговараат

Сите што грешеле, вклучително и лекарите, треба да одговараат, смета министерот за здравство Арбен Таравари по вчерашната полициска акција, која...

Македонија1 час

Речиси третина од фирмите, чии лиценци ќе се одземаат, имаат блокирана сметка или се неактивни, според истражувањето на Центарот за граѓански комуникации

Центарот за граѓански комуникации го објави истражувањето за фирмите кои се на списокот што го објави Министерството за транспорт и...

Македонија2 часа

Владата ја прави премиерот, ако тој смета дека Алијансата за Албанците не му треба, ние немаме никаков проблем, вели Таравари

Министерот за здравство и лидер на Алијансата за Албанците, Арбен Таравари, не сака да избрзува со носење какви било политички...

Македонија3 часа

Еден загинат по удар на гром во Прилепско

Регионалниот центар за управување со кризи (РЦУК) Битола, информира, дека преку 112 во ЦУК во 17.39 часот, била добиена пријава...

Македонија4 часа

ДУИ: Она што порано доаѓаше однадвор, денес се спроведува однатре со Албанци што молчат или соработуваат на штета на колективните права на сопствениот народ

„Претставниците на коалицијата ЛЕН, кои со само 9 пратеници (1.3% ) тврдат дека ги претставуваат над 29% од Албанците во...

Свет4 часа

(Видео) Трамп до американски ветеран без нозе: Значи, те погодија, прекрасно

Американскиот претседател Доналд Трамп вчера во Овалната соба се сретна со група ранети американски ветерани, каде потпиша голем број нови...

Регион4 часа

Вучиќ оди во Русија на прославата на Денот на победата, ќе се сретне со Путин

Српскиот претседател Александар Вучиќ потврди дека на 9 мај ќе отпатува за Москва, каде ќе присуствува на парадата за Денот...

Европа4 часа

(Видео) Експлозии во Киев и Харков, дел од населението заробено под урнатините

Украинската воздушна одбрана дејствуваше рано утринава во украинскиот главен град Киев против комбиниран руски напад со беспилотни летала и ракети....

Свет5 часа

Шефот на дипломатијата на Трамп го предупреди Иран да не збогатува ураниум

Иран, според каков било договор со САД, ќе мора да престане со збогатување ураниум и би можел да го увезува...

Македонија6 часа

Привремена промена во сообраќајот на делот од државнот пат А2 – делница Желино – Тетово

Од денес (24.04.2025) ќе има привремена промена во сообраќајот на делот од државнот пат А2 – делница Желино – Тетово,...

Свет6 часа

Трамп вели дека би можел да се сретне со Путин следниот месец

Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека верува оти Русија е подготвена да стави крај на војната, додавајќи: „Мораме да се...

Македонија19 часа

Пресудата е политички мотивирана, рече Јакимовски кој е осуден на три и пол години затвор

Градоначалникот на Општина Карпош, Стевчо Јакимовски е изненаден од пресудата со која е осуден на затворска казна од три и...

Македонија21 час

Работниците што не добиле покачување на платата за март од 4.000 денари може да тужат, ССМ обезбедува и бесплатна правна помош

Тужби до работодавците може да поднесат сите работници кои со мартовската плата не добиле покачување од 12,6 % колку што...

Македонија22 часа

Не е време за пиво и скара, туку за протест за 500 евра минимална плата и 100 евра зголемување на другите плати, повика ССМ

Овој Први мај, место марш, Сојузот на синдикатите на Македонија (ССМ) најави протест оти платите се мизерни, најниски во регионот,...

Македонија24 часа

Пет пациенти денеска се враќаат од Србија, во странство хоспитализирани уште 38

Министерството за здравство информира дека денеска пет пациенти од повредените во трагедијата во Кочани ќе се вратат од лекување од...

Македонија1 ден

Таравари не може и да соработува со ДУИ и да биде дел од Владата, вели Меџити

Министерот за животна средина и вицепремиер Изет Меџити очекува министерот за здравство Арбен Таравари и лидер на Алијансата за Албанците,...

Македонија1 ден

Мицкоски: Реформите во правосудниот сектор се најитни

Реформите во правосудниот сектор се најитни. Без нив, сите други реформи се безвредни, изјави премиерот Христијан Мицкоски. Според него, нема...

Македонија1 ден

Голема полициска акција на повеќе локации: сомнение за кривични дела на штета на Фондот за здравство

Под раководство на јавен обвинител од ОЈО ГОКК, МВР спроведува координирана акција на повеќе локации во државата. Како што извести...

Македонија1 ден

Скопјанец обвинет за демнење: ја следел својата поранешна сопруга, психички ја вознемирувал и ја застрашувал

Основното јавно обвинителство Скопје поднесе Обвинителен предлог против 44-годишен скопјанец кој се товари дека сторил кривично дело – Демнење од...

Топ1 ден

Кривична против директорот на Центарот за култура „Григор Прличев“ во Охрид: ја оштетил установата за 150 илјади денари

СВР Охрид поднесе кривична пријава против 48-годишниот Г.С. од Охрид поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „несовесно...