Надворешна политика
Членството во НАТО ги засилува стабилноста и просперитетот во Југоисточна Европа
Во рамките на посетата на Париз, министерот за одбрана Зоран Јолевски одржа работна средба со министерот за одбрана на Франција, Жан Ив ле Дриан. Билатералната соработка меѓу двете земји во областа на одбраната беше оценета како одлична, и последниве неколку години се развива во нагорна линија, а на средбата беа разменети мислења за безбедносната состојба во Европа и светот.
Во рамките на посетата на Париз, министерот за одбрана Зоран Јолевски одржа работна средба со министерот за одбрана на Франција, Жан Ив ле Дриан. Билатералната соработка меѓу двете земји во областа на одбраната беше оценета како одлична, и последниве неколку години се развива во нагорна линија, а на средбата беа разменети мислења за безбедносната состојба во Европа и светот.
Поголемиот дел од состанокот беше посветен на самитот на НАТО кој треба да се одржи следниот месец во Варшава. Јолевски истакна дека интегрирањето на земјите од Западен Балкан во НАТО придонесува за зацврстување на стабилноста и просперитетот на регионот.
Македонсиот министер ги информираше своите домаќини дека евроатлантските интеграции се приоритет за Република Македонија. Министерството за одбрана продолжува со реформите во Армијата, бидејќи со нив се придонесува за натамошно јакнење на армијата, како гарантор на територијалниот интегритет и суверенитет на Македонија, но паралелно за исполнување на критериумите за членство во НАТО. Воедно тој истакна дека Република Македонија ќе продолжи со учеството во НАТО мисијата „Одлучна поддршка” во Авганистан.
Во текот на состанокот беа презентирани аргументи зошто Република Македонија треба да добие покана за членство во НАТО, што е можно поскоро. Притоа министерот истакна дека очекува Грција да ги почитува своите обврски од Времената спогодба од 1995 година потпишана во седиштето на Обединетите нации и овозможи Република Македонија да добие покана за членство во Алијансата. Воедно министерот Јолевски ја поздрави поканата за членство на Црна Гора во НАТО, а побара и напредок во интеграционите процеси за Босна и Херцеговина.
Со ова ќе се испрати порака дека НАТО е силен сојуз, кој го проширува членството. Македонија и другите земји од регионот покажаа дека се партнери на алијансата, врз кои може да се потпре во зачувување на мирот и слободата во другите делови на светот, како што е Авганистан.
Во вторник министерот Јолевски ќе го посети Саемот за одбранбена индустрија кој се одржува во Париз, а потоа ќе отпатува за Полска каде ќе присуствува на најголемата воена вежба „Анаконда 2016“ што се одржува на европскиот континент оваа година. АРМ учествува со 154 војници и офицери./крај/мф/бс
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Муцунски во прва работна посета на Брисел на средби со генералниот секретар на НАТО и високи претставници на ЕУ
Министерот за надворешни работи и надворешна трговија, Тимчо Муцунски, од Луксембург продолжува во прва работна посета на Брисел, во чии рамки ќе се сретне со генералниот секретар на НАТО, Јенс Столтенберг, како и високи претставници на Европската Унија.
Во фокусот на разговорите ќе бидат евроинтегративниот процес на државата, реформските процеси, како и активностите во рамките на НАТО, со посебен фокус на претстојниот аамит на алијансата, што ќе се одржи идниот месец во Вашингтон.
Посетата на Муцунски на Брисел на почетокот на мандатот како министер за надворешни работи и надворешна трговија е показател за цврстата определба на земјата за што побрзо членство во Европската Унија и посветениот придонес кон глобалниот мир и регионалната стабилност како кредибилна земја членка на НАТО.
Македонија
Муцунски се сретна со Вархељ: Новата Влада е силно посветена на реформската агенда и европските интеграции
Министерот за надворешни работи и надворешна трговија, Тимчо Муцунски, се сретна со еврокомесарот за соседство и проширување, Оливер Вархељ, во Луксембург.
Во фокусот на разговорите беа приоритетите и активностите на новата Влада, како и актуелностите поврзани со европското досие на земјата.
„Новата Влада е силно посветена на реформската агенда и европските интеграции, а во периодот што следува ќе преземеме низа активности во насока на забрзување на нашиот евроинтегративен процес. Политиката на проширување на ЕУ е најдобрата алатка за поттикнување на реформските и демократските процеси, но истовремено е и клучна геостратешка инвестиција во мир, стабилност и економски развој на земјите од регионот, но и Европа како целина“, нагласи Муцунски.
Соговорниците разменија мислења и за планот за раст на ЕУ оценувајќи го како силна поддршка од страна на ЕУ за економско зајакнување на земјите од Западен Балкан, поттикнување на регионалната соработка, но и доближување на земјите од регионот поблиску до ЕУ и пред формалното членство.
Македонија
Средба на претседателите на Собранијата на Македонија и Украина, Митрески и Стефанчук
Претседателот на Собранието на Република Северна Македонија, Јован Митрески, во рамките на посетата на Киев по повод втората годишнина од почетокот на руската воена агресија врз Украина, оствари средба со претседателот на Врховната рада на Украина, Руслан Стефанчук.
Претседателот Митрески изрази благодарност за поканата и нагласи дека посетата претставува потврда на цврстата и непоколеблива поддршка на Република Северна Македонија за Украина, на сите полиња. Тој нагласи дека уште од самиот почеток силно ја осудуваме руската агресија против Украина, континуирано ја потврдуваме нашата поддршка за украинскиот територијален интегритет, суверенитет и целовитост и изразуваме целосна поддршка на правото на самоодбрана на земјата.
Претседателот на Собранието истакна дека Северна Македонија целосно се приклучи на сите рестриктивни мерки и санкции на ЕУ кон Руската Федерација, ко-спонзорираше бројни резолуции и иницијативи во однос на Украина, а упати и воена и хуманитарна помош за земјата.