Контакт

Надворешна политика

Дачиќ: За целиот регион е важно Македонија да ја задржи стабилноста

Објавено пред

Српскиот министер за надворешни работи и актуелен претседавач со ОБСЕ, Ивица Дачиќ, на состанокот на министрите на земјите членки на Централно европската иницијатива (ЦЕИ), кој во понеделник се одржува во Охрид порача дека зачувувањето на стабилноста на Македонија е важно за целиот регион, истакнувајќи дека ги поддржува сите настојувања на ЕУ состојбата да се сведе во политички рамки.

dobivaj vesti na viber

„Ние ги поддржуваме сите настојувања на ЕУ состојбата да се сведе во политички рамки. Осудуваме секаков облик на загрозување на Македонија, секаков облик на насилство и тероризам, а од друга страна ОБСЕ како организација е подготвена исто така да ги даде своите добри услуги, ако постои потреба за тоа“, изјави српскиот министер, додавајќи дека ОБСЕ има мисии на терен и преставници на сите држави членки во секретаријатот во Виена.

„Се трудиме и инсистираме, извештаите кои доаѓаат да бидат објективни, а од друга страна, ние како организација, која функционира на принципот на консензус, лично им кажав на сите македонски официјални лица, дека сме подготвени да делуваме во разрешувањето на внатрешната ситуација“, додаде Дачиќ./крај/мф/бс

 

 

Македонија

Муцунски во прва работна посета на Брисел на средби со генералниот секретар на НАТО и високи претставници на ЕУ

Објавено пред

Министерот за надворешни работи и надворешна трговија, Тимчо Муцунски, од Луксембург продолжува во прва работна посета на Брисел, во чии рамки ќе се сретне со генералниот секретар на НАТО, Јенс Столтенберг, како и високи претставници на Европската Унија.

dobivaj vesti na viber

Во фокусот на разговорите ќе бидат евроинтегративниот процес на државата, реформските процеси, како и активностите во рамките на НАТО, со посебен фокус на претстојниот аамит на алијансата, што ќе се одржи идниот месец во Вашингтон.

Посетата на Муцунски на Брисел на почетокот на мандатот како министер за надворешни работи и надворешна трговија е показател за цврстата определба на земјата за што побрзо членство во Европската Унија и посветениот придонес кон глобалниот мир и регионалната стабилност како кредибилна земја членка на НАТО.

Прикажи повеќе...

Македонија

Муцунски се сретна со Вархељ: Новата Влада е силно посветена на реформската агенда и европските интеграции

Објавено пред

Министерот за надворешни работи и надворешна трговија, Тимчо Муцунски, се сретна со еврокомесарот за соседство и проширување, Оливер Вархељ, во Луксембург.

dobivaj vesti na viber

Во фокусот на разговорите беа приоритетите и активностите на новата Влада, како и актуелностите поврзани со европското досие на земјата.

„Новата Влада е силно посветена на реформската агенда и европските интеграции, а во периодот што следува ќе преземеме низа активности во насока на забрзување на нашиот евроинтегративен процес. Политиката на проширување на ЕУ е најдобрата алатка за поттикнување на реформските и демократските процеси, но истовремено е и клучна геостратешка инвестиција во мир, стабилност и економски развој на земјите од регионот, но и Европа како целина“, нагласи Муцунски.

Соговорниците разменија мислења и за планот за раст на ЕУ оценувајќи го како силна поддршка од страна на ЕУ за економско зајакнување на земјите од Западен Балкан, поттикнување на регионалната соработка, но и доближување на земјите од регионот поблиску до ЕУ и пред формалното членство.

Прикажи повеќе...

Македонија

Средба на претседателите на Собранијата на Македонија и Украина, Митрески и Стефанчук

Објавено пред

Претседателот на Собранието на Република Северна Македонија, Јован Митрески, во рамките на посетата на Киев по повод втората годишнина од почетокот на руската воена агресија врз Украина, оствари средба со претседателот на Врховната рада на Украина, Руслан Стефанчук.

dobivaj vesti na viber

Претседателот Митрески изрази благодарност за поканата и нагласи дека посетата претставува потврда на цврстата и непоколеблива поддршка на Република Северна Македонија за Украина, на сите полиња. Тој нагласи дека уште од самиот почеток силно ја осудуваме руската агресија против Украина, континуирано ја потврдуваме нашата поддршка за украинскиот територијален интегритет, суверенитет и целовитост и изразуваме целосна поддршка на правото на самоодбрана на земјата.

Претседателот на Собранието истакна дека Северна Македонија целосно се приклучи на сите рестриктивни мерки и санкции на ЕУ кон Руската Федерација, ко-спонзорираше бројни резолуции и иницијативи во однос на Украина, а упати и воена и хуманитарна помош за земјата.

Прикажи повеќе...

Најново

Свет1 минута

(Видео) Бајден одржа проштален говор, предупреди за „создавање опасна олигархија“

Американскиот претседател во заминување Џо Бајден во својот проштален говор предупреди за „опасна олигархија што се појавува во Америка“. Со...

Свет9 часа

Семејствата на заложниците се задоволни од договорот за прекин на огнот, но стравуваат од можноста да не биде целосно имплементиран

Семејствата на израелските заложници со радост и олеснување ја дочекаа веста за договорот помеѓу Израел и Хамас со кој ќе...

Свет10 часа

Договорот за прекин на огнот меѓу Израел и Хамас ќе стапи во сила во недела, објави катарскиот премиер

Катарскиот премиер Шеик Мохамед бин Абдулрахман Ал Тани одржа прес-конференција во Доха на која потврди дека е постигнат договор за...

Свет11 часа

(Видео) Договорот се слави на улиците во Тел Авив и Газа, Нетанјаху објави дека делот за заложниците треба да се финализира

Кабинетот на израелскиот премиер, Бенјамин Нетанјаху, објави дека сè уште има клаузули во договорот за прекин на огнот за заложниците...

Свет12 часа

Хамас и Израел постигнаа договор за прекин на огнот

Претставник на Хамас и уште еден висок функционер изјавиле за „Скај њуз“ дека е постигнат договор за прекин на огнот...

Свет12 часа

Американскиот претседател во заминување: Беше животна привилегија да и’ служам на оваа нација повеќе од 50 години

Американскиот претседател Џо Бајден им се заблагодари на Американците за нивната „љубов и поддршка“ за време на неговиот мандат, во...

Македонија16 часа

Ги повикуваме на разговор доколку вистински се грижат за платите на вработените, во спротивно УПОЗ е синдикална организација што обработува за нечии партиски интереси, велат од Владата

Протестите не се најдобриот начин на комуникација, Владата е отворена за постигнување договор со сите синдикални организации преку дијалог, велат...

Македонија17 часа

Во некои министерства има притисоци вработените да не излегуваат на протест за поголема плата, Деановски ќе ги каже до крајот на неделата

Државната администрација од неколку министерства и денес излезе на получасовен протест со барање за 30 отсто поголема плата и потпишување...

Топ18 часа

Исчезнатата Лидија од скопско Јурумлери пронајдена мртва

Идентификувано е телото кое пред неколку дена беше пронајдено во реката Вардар. Се работи за Лидија Трајковска, жената од Јурумлери...

Економија19 часа

Новогодишната кошница беше успешна, оцени Министерството за економија

Денеска завршува акцијата „Новогодишна кошница“ која што беше креирана на предлог на бизнисот со поддршка на Министерството за економија и...

Топ20 часа

(Фото) Уапсен 30-годишен скопјанец: при претрес пронајдена дрога, пиштол, пари

Вчера во 19.30 часот во Скопје, на подрачјето на Центар, полициски службеници од Единицата за недозволена трговија при СВР Скопје...

Спорт21 час

Почина Александар Јовиќ

Утрово тажна вест ја потресе македонската јавност. На 51-годишна возраст почина македонски репрезентативец Александар Јовиќ. Александар Јовиќ е роден во...

Македонија21 час

ДУИ: Од првиот ден на мандатот Андоновска јасно ја покажува својата намера да го намали присуството на Албанците во ИЈЗ

Демократската унија за интеграција остро реагира на постапките на директорката на Институтот за јавно здравје, Марија Андоновска, која, како што...

Македонија22 часа

Над половина метар снег на Попова Шапка и Маврово

Утрово најстудено било на Попова Шапка каде што се измерени -10 степени, -7 било во Маврови Анови и Крушево, -6...

Свет23 часа

(Видео) Градоначалничката на Лос Анџелес била на коктел во Гана кога избувнал пожарот во Палисадес

Како што ескалираше пожарот во Лос Анџелес на 7 јануари, градоначалничката Карен Бас се фотографираше на коктел-забава во амбасадата во...

Свет24 часа

Уапсен отповиканиот јужнокорејски претседател

Јужнокорејските власти денеска го уапсија отповиканиот претседател Јун Сук-Јол под обвинение за бунт, при што Јун рече дека се согласил...

Македонија1 ден

Забрани за тешки товарни возила на неколку патни правци

Сообраќајот на државните патишта се одвива во зимски услови по влажни коловози со остатоци од кашест снег на коловозот по...

Европа1 ден

Советник на Путин: Мирот е можен само ако Русија добие пет украински региони

Близок советник на рускиот претседател Владимир Путин изјави дека и Украина и Молдавија би можеле да престанат да постојат како...

Европа1 ден

Огромен ракетен напад врз Украина, експлозии во милионскиот град

Во тек е масовен руски напад со крстосувачки ракети и беспилотни летала врз Украина. Прогласена е закана од воздушен напад...

Македонија2 дена

Гаши за Даути: До денес не сум добил официјално известување за оставка од ниеден претседател на комисија

Како претседател на Собранието мојата главна одговорност е да ги почитувам и спроведувам Деловникот и неговите процедури, вели претседателот на...