Надворешна политика
Иванов – Дачиќ: Зголемен ангажман на ЕУ за реафирмирање на европската перспектива на Балканот
Претседателот на Република Македонија, Ѓорге Иванов во понеделникот во Охрид се сретна со српскиот министер за надворешни работи, Ивица Дачиќ, со кого разговараа за натамошно продлабочување на билатералните односи и соработката меѓу двете држави, регионалната соработка, евроинтеграциските процеси на двете земји, како и за состојбите во регионот.
Двајцата соговорници оценија дека Македонија и Србија имаат традиционално пријателски односи, интензивен политички дијалог на највисоко ниво и соработка во повеќе области од заемен интерес, која во наредниот период треба да се продлабочи.
Информирајќи го Дачиќ за актуелната политичка состојба во Македонија, Иванов истакна дека е потребен посветен, одговорен и лидерски пристап кон дијалогот од сите политички партии, со цел враќање на политичката стабилност.
Во однос на предизвиците поврзани со стабилноста и безбедноста на регионот, Иванов и Дачиќ се согласија дека е потребен засилен ангажман од меѓународната заедница, особено од ЕУ, за изнаоѓање начини за деблокада на европските интеграции и реафирмирањето на европската перспектива на Балканот, со цел стабилност, безбедност и просперитет на регионот.
Особено значајна е поголема солидарност меѓу земјите од регионот во поглед на европските интеграции, беше заемен заклучок на соговорниците.
Дачиќ истакна дека предизвиците во Македонија можат да се решат само со политичка волја и пружање на европски перспективи, и додаде дека сите заедно мора да работиме со цел враќање на мирот, безбедноста и стабилноста во регионот.
Во таа насока, беа разменети мислења и информации за улогата и ангажманот на ОБСЕ за зголемување на нивото на безбедност во регионот, и за еден посеопфатен пристап во соочување со предизвиците од радикализам и екстремизам, со феноменот на странски борци, и активирање на проекти за дерадикализација и контрарадикализација. Дачиќ уште еднаш ја нагласи поддршката на напорите на ОБСЕ и на српското претседателство кон Македонија
Двајцата соговорници нагласија дека отворените прашања и разлики во нашиот регион, на ниеден начин не смеат да бидат пречка за билатералната и регионалната соработка, како и пречка во интегративните процеси./крај/мф/бс
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Средба на претседателите на Собранијата на Македонија и Украина, Митрески и Стефанчук
Претседателот на Собранието на Република Северна Македонија, Јован Митрески, во рамките на посетата на Киев по повод втората годишнина од почетокот на руската воена агресија врз Украина, оствари средба со претседателот на Врховната рада на Украина, Руслан Стефанчук.
Претседателот Митрески изрази благодарност за поканата и нагласи дека посетата претставува потврда на цврстата и непоколеблива поддршка на Република Северна Македонија за Украина, на сите полиња. Тој нагласи дека уште од самиот почеток силно ја осудуваме руската агресија против Украина, континуирано ја потврдуваме нашата поддршка за украинскиот територијален интегритет, суверенитет и целовитост и изразуваме целосна поддршка на правото на самоодбрана на земјата.
Претседателот на Собранието истакна дека Северна Македонија целосно се приклучи на сите рестриктивни мерки и санкции на ЕУ кон Руската Федерација, ко-спонзорираше бројни резолуции и иницијативи во однос на Украина, а упати и воена и хуманитарна помош за земјата.
Македонија
Средба Османи – Кулеба во ОН Њујорк: Европската Унија е наша заедничка иднина
Министерот за надворешни работи, Бујар Османи, на 23 февруари 2024 година, оствари средба со министерот за надворешни работи на Украина, Дмитро Кулеба, во седиштето на Обединетите нации во Њујорк, на маргините на 56. пленарен состанок на 78. седница на Генералното Собрание.
Средбата се одржа со цел да се даде поддршка на Украина на денот на одбележувањето на две-годишнината од почетокот на руската агресија во Украина, при што Османи потенцира дека е многу важно да продолжи поддршката на Украина, бидејќи ако Русија победи во Украина, тогаш ние сме следните.
Министерот Османи, на средбата, истакна дека денес Руската Федерација е најголемата закана за безбедноста на Европа, на Западен Балкан, но и на Република Северна Македонија.
“Важно е да имаме стратешка предвидливост во нашата држава, со цел конечно да кажеме “Не” за Русија и “Да” за интегративните европски процеси на Западниот Балкан и на Република Северна Македонија”, рече Османи.
Додека, Министерот Кулеба, истакнувајќи го фактот дека Северна Македонија цврсто застана зад Украина во текот на двете години агресија, упати благодарност до граѓаните на Северна Македонија, како и благодарност до Министерот Османи за неговото лидерство и поддршка.
“Нашата иднина е заедничка, таа иднина е Европската Унија, која воедно претставува и иднина за мир и просперитет, рече Кулеба.
Двајцата Министри имаа свои обраќња пред Генералното собрание на Обединетите нации, каде упатија јасни пораки против рускат агресија врз Украина.
Македонија
(Видео) Oсмани од ОН во Њујорк: Мораме да и кажеме не на Русија
Министерот за надворешни работи, Бујар Османи, денес се обрати од седиштето на Обединетите нации во Њујорк, на 56. пленарен состанок на 78-та седница на Генералното собрание, по повод две години од инвазијата на Русија врз Украина, кој се одржа на тема: Ситуацијата во привремено окупираните територии на Украина.
Османи, уште еднаш, ја повика Русија да ја прекине оваа бесмислена војна и да ги повлече своите трупи од суверената територија на Украина.
„Русија ги прекрши основните принципи на меѓународното право и започна целосна агресивна војна против Украина, земја членка на ОН’’, истакна Османи.
Воедно, министерот потенцираше дека Северна Македонија е исто така силно загрижена и ја осудува незаконската депортација на децата од Украина во Русија и Белорусија од страна на Руската федерација и ги повика да обезбедат нивно безбедно враќање дома.
„Мораме да и кажеме не на Русија! Правдата и одговорноста мора да надвладеат”, рече Османи, воедно додаде дека Северна Македонија им се придружи на другите 140 земји-членки за поддршка на суверенитетот и територијалниот интегритет на Украина во нејзините меѓународно признати граници од 1991 година.
Османи повика на обединетост во поддршката за Украина, не само за доброто на жртвите и нивните семејства, туку и како предуслови за избегнување на понатамошни агресии и неиспровоцирана употреба на сила во меѓународните односи.