Надворешна политика
Der Standard: Тезите на Черчил за Балканот важат и денес
![](https://makfax.com.mk/wp-content/uploads/2016/11/balkan20mapa.jpg)
Би било опасно доколку се затворат границите, почнувајќи од Словенија или Хрватска, бидејќи со ова Србија, Македонија и Грција би биле доведени во една целосно неконтролирана состојба, оценува виенскиот весник Der Standard, предупредувајќи дека поради бегалската криза, односите во регионот се влошиле.
Весникот пишува дека најмалото зло би било јакнењето на десните политички сили и дека „постојат многу поголеми опасности“, бидејќи „преоптоварувањето во бегалската криза би можело да доведе до политички злоупотреби, насилство и растечка несигурност“.
Австрискиот весник наведува дека „Македонија и Србија не само што се посиромашни, туку и понестабилни од Грција“, и тврди дека „тамошните безбедносни сили не се дораснати за да се соочат со големи кризи“.
„Македонската администрација е длабоко управувана од партиски интереси, а во секое време може да биде употребена и за манипулации“, пишува весникот.
Черчил Балканот го опишал како „мекиот стомак на Европа“, односно местото каде „стартиот континент е најранлив“, а тоа и денес е точно, наведува весникот.
Der Standard укажува дека до средината на септември преку состојбата на унгарската граница можеше да се види што се случува кога една земја ќе ги затвори границата, потсетувајќи дека група млади, подготвени за насилство, почнале да ја напаѓаат полицијата и се обидоа насила да ја поминат границата.
„Доколку се затворат гранците, тогаш само од југ кон север, во координација меѓу Грција и соседите Бугарија, Македонија и Албанија, може да се определи која ќе биде следната рута. Бидејќи се работи за шенгенски граници, ЕУ би можела да помогне, како што го направи тоа на границата кон Турција“, потенцира весникот.
Според оцената на австрискиот весник, сега е важно сериозно да се сфати преоптоварувањето, и стратешки паметно и одговорно да се реагира за да не се загрози стабилноста во средна и југоистична Европа./крај/мф/бс
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
![](https://makfax.com.mk/wp-content/uploads/2022/08/makfax_logo_350px.jpg)
Македонија
Муцунски во прва работна посета на Брисел на средби со генералниот секретар на НАТО и високи претставници на ЕУ
![](https://makfax.com.mk/wp-content/uploads/2017/02/mucunski-viena.jpg)
Министерот за надворешни работи и надворешна трговија, Тимчо Муцунски, од Луксембург продолжува во прва работна посета на Брисел, во чии рамки ќе се сретне со генералниот секретар на НАТО, Јенс Столтенберг, како и високи претставници на Европската Унија.
Во фокусот на разговорите ќе бидат евроинтегративниот процес на државата, реформските процеси, како и активностите во рамките на НАТО, со посебен фокус на претстојниот аамит на алијансата, што ќе се одржи идниот месец во Вашингтон.
Посетата на Муцунски на Брисел на почетокот на мандатот како министер за надворешни работи и надворешна трговија е показател за цврстата определба на земјата за што побрзо членство во Европската Унија и посветениот придонес кон глобалниот мир и регионалната стабилност како кредибилна земја членка на НАТО.
Македонија
Муцунски се сретна со Вархељ: Новата Влада е силно посветена на реформската агенда и европските интеграции
![](https://makfax.com.mk/wp-content/uploads/2024/06/mucunski-varheji.jpg)
Министерот за надворешни работи и надворешна трговија, Тимчо Муцунски, се сретна со еврокомесарот за соседство и проширување, Оливер Вархељ, во Луксембург.
Во фокусот на разговорите беа приоритетите и активностите на новата Влада, како и актуелностите поврзани со европското досие на земјата.
„Новата Влада е силно посветена на реформската агенда и европските интеграции, а во периодот што следува ќе преземеме низа активности во насока на забрзување на нашиот евроинтегративен процес. Политиката на проширување на ЕУ е најдобрата алатка за поттикнување на реформските и демократските процеси, но истовремено е и клучна геостратешка инвестиција во мир, стабилност и економски развој на земјите од регионот, но и Европа како целина“, нагласи Муцунски.
Соговорниците разменија мислења и за планот за раст на ЕУ оценувајќи го како силна поддршка од страна на ЕУ за економско зајакнување на земјите од Западен Балкан, поттикнување на регионалната соработка, но и доближување на земјите од регионот поблиску до ЕУ и пред формалното членство.
Македонија
Средба на претседателите на Собранијата на Македонија и Украина, Митрески и Стефанчук
![](https://makfax.com.mk/wp-content/uploads/2024/02/Ukraina-1.jpg)
Претседателот на Собранието на Република Северна Македонија, Јован Митрески, во рамките на посетата на Киев по повод втората годишнина од почетокот на руската воена агресија врз Украина, оствари средба со претседателот на Врховната рада на Украина, Руслан Стефанчук.
Претседателот Митрески изрази благодарност за поканата и нагласи дека посетата претставува потврда на цврстата и непоколеблива поддршка на Република Северна Македонија за Украина, на сите полиња. Тој нагласи дека уште од самиот почеток силно ја осудуваме руската агресија против Украина, континуирано ја потврдуваме нашата поддршка за украинскиот територијален интегритет, суверенитет и целовитост и изразуваме целосна поддршка на правото на самоодбрана на земјата.
Претседателот на Собранието истакна дека Северна Македонија целосно се приклучи на сите рестриктивни мерки и санкции на ЕУ кон Руската Федерација, ко-спонзорираше бројни резолуции и иницијативи во однос на Украина, а упати и воена и хуманитарна помош за земјата.