Контакт

Надворешна политика

Евроамбасадорот Жбогар очекува фер изборен процес

Објавено пред

Фер кампања и веродостоен изборен процес очекува амбасадорот на Европската унија во Македонија, Самуел Жбогар, кој во петокот го посети Тетово и притоа порача дека на Специјалното јавно обвинителство (СЈО), треба да му биде овозможено непречено да ја работи својата работа.

dobivaj vesti na viber

 
Веродостоен изборен процес и фер предизборна кампања. Ова се очекувањата на амбасадорот на Европската унија во Македонија Самуел Жбогар за кои се изјасни во Тетово на средба со градоначалничката Теута Арифи и неговиот шпански колега Рамон Абароа Каранса. Според евроамбасадорот Жбогар, целата кампања треба да се заснова на аргументи и идеи за тоа како земјата да се придвижи што е можно побрзо напред. Апелира до институциите на брза реакции доколку воочат најмал проблем во предизборието.

„Очекувам фер кампања, очекувам политичките партии да ги претстават своите визии во врска со иднината на вашата земја. Од понеделник ќе започне кампања, дури ако нешто се наруши и ако кампањата не оди по вистински пат, самите институции во државата треба тоа да го решат. Ако произлезат вакви ситуации, треба да се погрижиме за тоа, ќе се смисли нешто, но како што вели изреката, кога ќе дојдеме на мостот тогаш ќе размислиме како да го поминеме, изјави евроамбасадорот Жбогар.

На средбата напомена дека ќе се фокусира на заложбите коишто политичките партии ќе ги имаат за реализација на реформите, и на тоа дали ќе бидат подготвени после изборите да испорачаат искрени и вистински промени коишто произлегуваат од итните реформски приоритети кои започнаа со имплементација пред година дена.

На новинарско прашање како новите случаи коишто ги отвори Специјалното јавно обвинителство во петокот би влијаеле на предизборната кампања и изборите тој одговори дека треба да се остават да течат во самите судски институции.

„Ние не ги коментираме судските процедури, немаме коментар во врска со тоа. Но, сите политички партии се обврзаа да дадат поддршка на Специјалното јавно обвинителство, таа институција треба да се остави да си ја работи својата работа, таа веќе тоа и го прави, и мислам дека треба да ги оставиме работите да течат таму каде што им е местото во самите судови“, истакна амбасадорот на Европската унија, Самуел Жбогар.

Жбогар заедно со амбасадорот на Шпанија во земјата, Рамон Абароа Каранса, на Општина Тетово ѝ понудија финансиска помош за реализација на инфраструктурни и комунални проекти за Тетово.
„Сакав да ја посетам општината со цел да го почувствувам вистинскиот пулс или да добијам и да добијам вистинско чувство за проблемите со кои се соочуваат граѓаните и за коишто проблеми се обраќаат во ова институција“, рече.

Каранса повтори дека земјите од ЕУ очекуваат фер кампања, политичките партии да ги претстават своите визии во врска со иднината на земјата, иднината на граѓани, се разбира

„Се разбира дека ние ја гледаме иднината на вашата земја како членка на ЕУ и како членка на атланската интеграција. Се разбира дека ние ќе се фокусираме на заложбите коишто политичките партии ќе ги имаат за реализација на реформите, дали ќе бидат спремни после изборите да испорачаат искрени и вистински реформи коишто произлегуваат од итните реформски приоритети кои започнаа со имплементација пред година дена а ќе се фокусираме и на самите заложби на политичките партии за да одат напред за да ги направат вистинските реформи“, рече.

Амбасадорот потсети дека сите политички партии се обврзаа да дадат поддршка на СЈО, и оцени дека оваа институција треба да ја продолжи својата работа без притисоци.

„Тоа веќе го прави, така што треба да ги оставиме работите да течат онаму каде што им е местото, во самите судови. Мислам дека самата кампања, како што веќе реков, треба да се заснова на аргумент и идеи за тоа како земјата да се придвижи што е можно побрзо напред“, додаде евроамбасадорот.

Оцени дека изборниот процес досега бил веродостоен, оти политичките лидери се договорија во август за условите во врска со изборите, и смета дека сите рокови досега биле испочитувани, а и оти веќе се гледа подобрување во самото известување на медиумите.

Порача и дека дури доколку има нарушувања, за тоа во прв ред треба да се погрижат државните институции и изрази надеж дека ќе има веродостојни избори кои ќе бидат набљудувани од страна на меѓународни монитори чијашто процена ќе биде клучна за нашната процена на напредокот на земјата./крај/мф/са

Македонија

Муцунски во прва работна посета на Брисел на средби со генералниот секретар на НАТО и високи претставници на ЕУ

Објавено пред

Министерот за надворешни работи и надворешна трговија, Тимчо Муцунски, од Луксембург продолжува во прва работна посета на Брисел, во чии рамки ќе се сретне со генералниот секретар на НАТО, Јенс Столтенберг, како и високи претставници на Европската Унија.

dobivaj vesti na viber

Во фокусот на разговорите ќе бидат евроинтегративниот процес на државата, реформските процеси, како и активностите во рамките на НАТО, со посебен фокус на претстојниот аамит на алијансата, што ќе се одржи идниот месец во Вашингтон.

Посетата на Муцунски на Брисел на почетокот на мандатот како министер за надворешни работи и надворешна трговија е показател за цврстата определба на земјата за што побрзо членство во Европската Унија и посветениот придонес кон глобалниот мир и регионалната стабилност како кредибилна земја членка на НАТО.

Прикажи повеќе...

Македонија

Муцунски се сретна со Вархељ: Новата Влада е силно посветена на реформската агенда и европските интеграции

Објавено пред

Министерот за надворешни работи и надворешна трговија, Тимчо Муцунски, се сретна со еврокомесарот за соседство и проширување, Оливер Вархељ, во Луксембург.

dobivaj vesti na viber

Во фокусот на разговорите беа приоритетите и активностите на новата Влада, како и актуелностите поврзани со европското досие на земјата.

„Новата Влада е силно посветена на реформската агенда и европските интеграции, а во периодот што следува ќе преземеме низа активности во насока на забрзување на нашиот евроинтегративен процес. Политиката на проширување на ЕУ е најдобрата алатка за поттикнување на реформските и демократските процеси, но истовремено е и клучна геостратешка инвестиција во мир, стабилност и економски развој на земјите од регионот, но и Европа како целина“, нагласи Муцунски.

Соговорниците разменија мислења и за планот за раст на ЕУ оценувајќи го како силна поддршка од страна на ЕУ за економско зајакнување на земјите од Западен Балкан, поттикнување на регионалната соработка, но и доближување на земјите од регионот поблиску до ЕУ и пред формалното членство.

Прикажи повеќе...

Македонија

Средба на претседателите на Собранијата на Македонија и Украина, Митрески и Стефанчук

Објавено пред

Претседателот на Собранието на Република Северна Македонија, Јован Митрески, во рамките на посетата на Киев по повод втората годишнина од почетокот на руската воена агресија врз Украина, оствари средба со претседателот на Врховната рада на Украина, Руслан Стефанчук.

dobivaj vesti na viber

Претседателот Митрески изрази благодарност за поканата и нагласи дека посетата претставува потврда на цврстата и непоколеблива поддршка на Република Северна Македонија за Украина, на сите полиња. Тој нагласи дека уште од самиот почеток силно ја осудуваме руската агресија против Украина, континуирано ја потврдуваме нашата поддршка за украинскиот територијален интегритет, суверенитет и целовитост и изразуваме целосна поддршка на правото на самоодбрана на земјата.

Претседателот на Собранието истакна дека Северна Македонија целосно се приклучи на сите рестриктивни мерки и санкции на ЕУ кон Руската Федерација, ко-спонзорираше бројни резолуции и иницијативи во однос на Украина, а упати и воена и хуманитарна помош за земјата.

Прикажи повеќе...

Најново

Свет3 часа

(Видео) На улиците на Техеран, Иран, се слави убиството на Али Хамнеи

Со музика и танцување вечерва жителите на многу ирански градови слават за убиството на лидерот на Исламската Република, ајатолахот Али...

Свет3 часа

(Видео) Ирански дрон го погоди и хотелот Бурџ ал Араб во Дубаи

Иран вечерва започна трет бран одмазднички напади. Покрај аеродромот, во Дубаи беше погоден и Бурџ Ал Араб. BREAKING: Iranian drone...

Свет3 часа

Трамп: Ајатолахот е мртов

Иран очигледно потврди дека ајатолахот е мртов. На неговиот профил на социјалните мрежи е објавена порака: „Во возвишеното име на...

Свет4 часа

(Видео) Погоден аеродромот во Дубаи, евакуацијата е во тек

Иран вечерва започна трет бран одмазднички напади. BREAKING: Iranian drone strike hits Dubai International Airport. Evacuations are underway at the...

Свет4 часа

(Видео) Американците објавија снимки од операцијата „Епски гнев“: „За прв пат употребивме ново оружје“

Централната команда на САД (CENTCOM) објави дека нема извештаи за американски жртви или повредени по нападот во Иран и дека...

Свет5 часа

Иран ги демантира извештаите за смртта на ајатолахот

Ирански извори остро негираа дека ајатолахот Али Хамнеи е убиен. „Можам да ве уверам дека лидерот на револуцијата е стабилен...

Македонија5 часа

Претседателката за утре го свика Советот за безбедност

По извршените консултации претседателката Гордана Сиљановска – Давкова за утре – 1 март 2026 година, закажа седница на Советот за...

Свет5 часа

(Видео) Нетанјаху: Постојат многу знаци дека ајатолахот е мртов

Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху им се обрати на иранскиот народ, велејќи им дека имаат „можност што се јавува еднаш во...

Свет5 часа

Врховниот лидер на Иран, ајатолахот Хамнеи, е мртов, тврдат Израелците

Врховниот лидер на Иран, ајатолахот Хамнеи, е мртов и неговото тело е пронајдено, изјави за Ројтерс висок израелски функционер. We...

Свет9 часа

(Видео) Погоден е аеродромот во Кувајт, гори хотел во Дубаи

САД и Израел го нападнаа Иран утрово. Најмалку три експлозии се слушнаа во Техеран, главниот град на Иран, а беа...

Македонија10 часа

Евакуација од Израел побарале 11 македонски државјани

Единаесет македонски државјани досега побарале евакуација од Израел, откако утринава САД и Израел го нападнаа Иран, соопштија од Министерството за...

Свет10 часа

ОН свикаа итна седница на Советот за безбедност по нападите врз Иран

Советот за безбедност на ОН свика итна седница по американските и израелските напади врз Иран и одмаздничките напади од страна...

Свет15 часа

Четири американски воени бази на Блискиот Исток нападнати од Иран

Иранската војска вели дека започнала напади врз четири американски воени локалитети во Катар, Бахреин, Кувајт и Обединетите Арапски Емирати како...

Свет16 часа

Се откажуваат летови до Израел и други земји од Блискиот Исток

Германската авиокомпанија „Луфтханза“ ги суспендира летовите до и од Тел Авив, Бејрут и Оман до 7 март, откако САД и...

Македонија17 часа

Македонските државјани кои се наоѓаат во Израел да побараат помош, воздушниот сообраќај е затворен за цивилни летови

Во врска со последните информации за влошената безбедносна состојба во Израел, Министерството за надворешни работи и надворешна трговија апелира до...

Свет17 часа

Трамп потврди дека САД започнале напади врз Иран

Претседателот на САД, Доналд Трамп, потврди дека САД започнале напади врз Иран во осумминутно видео објавено на неговиот профил на...

Свет18 часа

САД и Израел започнаа заеднички напад врз Иран

САД учествуваа во нападите утрово во Иран заедно со Израел, потврди американски функционер за „Тајмс оф Израел“. Според израелски безбедносен...

Свет18 часа

Израел го нападна Иран и прогласи вонредна состојба

Израелскиот министер за одбрана Израел Кац изјави дека Израел започнал превентивен напад врз Иран за да ги отстрани заканите за...

Македонија1 ден

Движење ЗНАМ: Иницираме кратење на пратеничкиот состав од 120 на 90 во новото решение на Изборниот Законик

Потпретседателката на Движење ЗНАМ за Наша Македонија, Весна Бендевска, на првата конститутивна седница на работната група за реформи во изборното...

Македонија1 ден

Уапсен тетовец: осомничен за лажни дојави за поставени бомби во образовни институции

Утрово во 09:10 часот во с.Палатица, тетовско, полициски службеници од одделот за сузбивање на организиран и сериозен криминал при Министерството...