Контакт

Надворешна политика

Фицо: Сите треба да ги слушнат пораките на претседателот Иванов

Објавено пред

Дискусијата беше интересна и сите лидери на Европската унија треба да слушнат што зборуваше македонскиот претседател Ѓорге Иванов, порача словачкиот премиер Роберт Фицо по завршувањето на Самитот на земјите од Вишеградската група доцна ноќта кон вторникот во Прага.

dobivaj vesti na viber

Словачкиот премиер додаде дека некои лидери на ЕУ немаат допир со реалноста. Според претседателот Ѓорге Иванов, Македонија не бега од обврските во однос на бегалската и мигрантската криза, но истовремено за да го носи тој товар бара гаранција од ЕУ за политичка, безбедносна и економска поддршка.

„Бараме и очекуваме решение од Европскиот совет во кое Грција ќе има удел, немаме никаков интерес целиот товар да падне на Грција, но нема да дозволиме да се реализираат еднострани решенија што ќе бидат на наша штета“, изјави претседателот Иванов.

Еден од заклучоците на Самитот беше дека Шенген-зоната мора подобро да се обезбеди и дека ЕУ мора да направи многу повеќе за заштита на границите на Македонија и Бугарија.

Чешкиот премиер, Богуслав Соботка, кој имаше прилично остар настап, порача дека некои европски лидери направија огромни грешки во справувањето со мигрантската криза./крај/мф/бс



©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Македонија

Муцунски во прва работна посета на Брисел на средби со генералниот секретар на НАТО и високи претставници на ЕУ

Објавено пред

Министерот за надворешни работи и надворешна трговија, Тимчо Муцунски, од Луксембург продолжува во прва работна посета на Брисел, во чии рамки ќе се сретне со генералниот секретар на НАТО, Јенс Столтенберг, како и високи претставници на Европската Унија.

dobivaj vesti na viber

Во фокусот на разговорите ќе бидат евроинтегративниот процес на државата, реформските процеси, како и активностите во рамките на НАТО, со посебен фокус на претстојниот аамит на алијансата, што ќе се одржи идниот месец во Вашингтон.

Посетата на Муцунски на Брисел на почетокот на мандатот како министер за надворешни работи и надворешна трговија е показател за цврстата определба на земјата за што побрзо членство во Европската Унија и посветениот придонес кон глобалниот мир и регионалната стабилност како кредибилна земја членка на НАТО.

Прикажи повеќе...

Македонија

Муцунски се сретна со Вархељ: Новата Влада е силно посветена на реформската агенда и европските интеграции

Објавено пред

Министерот за надворешни работи и надворешна трговија, Тимчо Муцунски, се сретна со еврокомесарот за соседство и проширување, Оливер Вархељ, во Луксембург.

dobivaj vesti na viber

Во фокусот на разговорите беа приоритетите и активностите на новата Влада, како и актуелностите поврзани со европското досие на земјата.

„Новата Влада е силно посветена на реформската агенда и европските интеграции, а во периодот што следува ќе преземеме низа активности во насока на забрзување на нашиот евроинтегративен процес. Политиката на проширување на ЕУ е најдобрата алатка за поттикнување на реформските и демократските процеси, но истовремено е и клучна геостратешка инвестиција во мир, стабилност и економски развој на земјите од регионот, но и Европа како целина“, нагласи Муцунски.

Соговорниците разменија мислења и за планот за раст на ЕУ оценувајќи го како силна поддршка од страна на ЕУ за економско зајакнување на земјите од Западен Балкан, поттикнување на регионалната соработка, но и доближување на земјите од регионот поблиску до ЕУ и пред формалното членство.

Прикажи повеќе...

Македонија

Средба на претседателите на Собранијата на Македонија и Украина, Митрески и Стефанчук

Објавено пред

Претседателот на Собранието на Република Северна Македонија, Јован Митрески, во рамките на посетата на Киев по повод втората годишнина од почетокот на руската воена агресија врз Украина, оствари средба со претседателот на Врховната рада на Украина, Руслан Стефанчук.

dobivaj vesti na viber

Претседателот Митрески изрази благодарност за поканата и нагласи дека посетата претставува потврда на цврстата и непоколеблива поддршка на Република Северна Македонија за Украина, на сите полиња. Тој нагласи дека уште од самиот почеток силно ја осудуваме руската агресија против Украина, континуирано ја потврдуваме нашата поддршка за украинскиот територијален интегритет, суверенитет и целовитост и изразуваме целосна поддршка на правото на самоодбрана на земјата.

Претседателот на Собранието истакна дека Северна Македонија целосно се приклучи на сите рестриктивни мерки и санкции на ЕУ кон Руската Федерација, ко-спонзорираше бројни резолуции и иницијативи во однос на Украина, а упати и воена и хуманитарна помош за земјата.

Прикажи повеќе...

Најново

Регион15 минути

Вучиќ: Курти цело време има наполнетa пушка и сака да пука во Србите

Претседателот на Србија Александар Вучиќ изјави дека премиерот на Косово Албин Курти, секогаш има наполнета пушка и сака да пука...

Европа2 часа

Човекот кој најверојатно ќе го наследи Шолц: Ова повеќе не е Америка што ја знаеме

Фридрих Мерц (ЦДУ), конзервативниот фаворит за нов германски канцелар, изрази загриженост за насоката во која се движат САД во вториот...

Европа2 часа

Зеленски: Подготвен сум да разговарам со Путин за завршување на војната, проблемот е што тој се плаши

Украинскиот претседател Володимир Зеленски изрази подготвеност да се сретне со рускиот претседател Владимир Путин за да разговараат за политичките и...

Свет2 часа

Трамп воведува санкции за Меѓународниот кривичен суд

Американскиот претседател Доналд Трамп синоќа потпиша извршна наредба за воведување санкции на Меѓународниот кривичен суд, обвинувајќи го за „преземање незаконски...

Македонија12 часа

Северна Македонија има проблем со Брисел, а не со Софија, вели министерот на бугарското МНР

Шефот на бугарската дипломатија дециден дека секоја земја мора да ги почитува критериумите и да се придржува до нив. „Францускиот...

Економија19 часа

Неправилности со распишани тендери, службени возила и договори за вработени – ревизијата во Министерството за економија констатира низа прекршувања

Министерот за економија и труд, Бесар Дурмиши, информира за спроведената ревизија во Министерството за економија и труд, која констатирала низа неправилности,...

Македонија19 часа

Секој има право да поднесе иницијатива до Собранието, но разрешувањето на Судскиот совет е предвидено единствено со закон, вели Камбовски

Претседателот на Судскиот совет, Александар Камбовски, претпладнево рече дека не е известен за инцијативата за разрешување на членовите на Судскиот...

Македонија20 часа

„Од ‘Соравија’ ли ќе ги вратиме или од ‘ролс-ројсот’?“, праша Мицкоски за 50-те милиони солидарен данок што треба да им се врати на компаниите

Владата ја разгледува можноста да се побара одговорност од нивните претходници, кои го воведоа солидарниот данок, по вчерашната одлука на...

Македонија21 час

Мицкоски очекува по изгласувањето интерпелација, членовите на Судскиот совет да бидат доблесни и сами да се повлечат

Граѓаните не се задоволни од начинот на кој функционира судско-обвинителскиот систем кај нас. Тоа е едно мочуриште, кое изобилува со...

Топ21 час

Загина 46-годишник од Струмичко: бил прегазен од камион

Вчера во 15.35 часот во Полициската станица Струмица било пријавено дека на бул.„Гоце Делчев“ во Струмица, товарно возило – влекач...

Македонија21 час

Истрага за поткуп и проневера во СОЗР: ОЈО со детали за измамата

По спроведена претходна постапка, јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Скопје денеска донесе наредба за спроведување истражна постапка против две...

Македонија23 часа

Продолжува потрагата по Миле Тодоров, кој исчезна пред осум дена

Миле Тодоров дал отказ на работното место во Кавадарци и се упатил кон Неготино. Бил облечен во работничко одело,бело палто...

Македонија24 часа

Брат министер, брат началник, татко советник – ќе реагира ли антикорупциска на скандалите на ВМРО-ДПМНЕ, прашува СДСМ

„Државната комисија за спречување корупција итно треба да постапи во случајот Андоновски и непотизмот кој царува во Владата на Мицкоски....

Македонија24 часа

СДС и Филипче да кажат дали и колку пар ѝ плаќале на судијката што го ослободи од затвор возачот убиец, бара ВМРО-ДПМНЕ

„Деновите поминуваат, дилемите се редат, а СДС и Филипче глас не пуштаат. Со нивниот молк уште повеќе ја зголемуваат недовербата...

Македонија1 ден

„Во Северна Македонија се спроведува политика на културна нееднаквост, која систематски ја потиснува албанската културна продукција“, велат од ДУИ

„По молкот на институциите и одредени општествени актери во врска со реакцијата на ДУИ за очигледната дискриминација во распределбата на...

Европа1 ден

(Видео) Русите преку ноќ уништија еден од најголемите пазари во Европа

Руската војска доцна синоќа изврши напад со беспилотни летала на голем пазар во киевскиот кварт во Харков. „Нападот беше насочен...

Свет1 ден

Америка: Панама попушта со нашите бродови; Панама: Тоа е лага

Американскиот Стејт департмент вчера објави дека бродовите на американската влада сега можат да минуваат низ Панамскиот канал без надомест. „Владата...

Регион1 ден

(Видео) Црвената плажа повеќе не постои по големото лизгање на земјиштето: земјотресите го менуваат изгледот на Санторини

Серијата земјотреси кои го потресуваат архипелагот Додеканези трајно го менуваат изгледот на Санторини, еден од најубавите острови во Грција, кој...

Европа1 ден

(Видео) Се урна хеликоптер во Италија: познат бизнисмен меѓу загинатите

Во хеликоптерска несреќа во близина на Парма во северна Италија вчера загинаа три лица, меѓу кои и директорот на компанијата...

Свет1 ден

(Видео) Трамп, опкружен со деца, потпиша забрана за трансродовите жени во женскиот спорт

Американскиот претседател Доналд Трамп потпиша извршна наредба за забрана на трансродовите жени да се натпреваруваат во женски спортови. Регулативата содржи...