Контакт

Надворешна политика

Груевски: ВМРО-ДПМНЕ е насочена кон разгледување на различните решенија за надминување на кризата

Објавено пред

ВМРО-ДПМНЕ е насочена кон разгледување на различните решенија и можности кои ќе придонесат за надминување на кризата и враќање на патеките на напредокот и остварувањето на позитивни економски резултати.

dobivaj vesti na viber

Ова го истакнал во петок претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Никола Груевски, на средба со пратеникот од британскиот парламент Марк Причард кој доаѓа од Конзервативната партија.Соговорниците разговараа за повеќе актуелни теми врзани со актуелната политичка криза, начините и модалитетите за нејзиното надминување, прашањата поврзани со состојбата на мигрантите како и евро-атланските интеграции на државата.Груевски и Причард се согласија дека потребна е стабилност, која е предуслов за остварување на прогрес во сферите кои што се во интерес и на државата и на граѓаните. Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ истакна дека стратешки интерес на државата останува членството во ЕУ и НАТО, при што се превземаат сите неопходни мерки поврзани со акцискиот план и извештајот на Прибе. Во однос на мигрантската криза, Груевски истакна дека Република Македонија го дава својот придонес во надминување на предизвиците, додека решенијата треба да бидат плод на заеднички ангажман на државите кои што чувствуваат влијанието на кризата.Британскиот парламентарец Причард истакна дека ја дава својата поддршка за враќање на стабилноста која што ќе ја врати државата на старите патеки на економскиот раст и продолжување на одличните економски достигнувања на Владата на Република Македонија.Причард во однос на работата на СЈО истакна дека нејзините активности треба да бидат базирани на докази, а не врз основа на тврдења кои кружат во јавноста.Во однос на мигрантската криза, британскиот парламентарец изрази благодарност до државата за сите преземени активности во поглед на надминување на актуелните предизвици, посочувајќи дека таквиот ангажман претставува огромна помош во надминување на предизвиците. /крај/со/ст   



©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Македонија

Муцунски во прва работна посета на Брисел на средби со генералниот секретар на НАТО и високи претставници на ЕУ

Објавено пред

Министерот за надворешни работи и надворешна трговија, Тимчо Муцунски, од Луксембург продолжува во прва работна посета на Брисел, во чии рамки ќе се сретне со генералниот секретар на НАТО, Јенс Столтенберг, како и високи претставници на Европската Унија.

dobivaj vesti na viber

Во фокусот на разговорите ќе бидат евроинтегративниот процес на државата, реформските процеси, како и активностите во рамките на НАТО, со посебен фокус на претстојниот аамит на алијансата, што ќе се одржи идниот месец во Вашингтон.

Посетата на Муцунски на Брисел на почетокот на мандатот како министер за надворешни работи и надворешна трговија е показател за цврстата определба на земјата за што побрзо членство во Европската Унија и посветениот придонес кон глобалниот мир и регионалната стабилност како кредибилна земја членка на НАТО.

Прикажи повеќе...

Македонија

Муцунски се сретна со Вархељ: Новата Влада е силно посветена на реформската агенда и европските интеграции

Објавено пред

Министерот за надворешни работи и надворешна трговија, Тимчо Муцунски, се сретна со еврокомесарот за соседство и проширување, Оливер Вархељ, во Луксембург.

dobivaj vesti na viber

Во фокусот на разговорите беа приоритетите и активностите на новата Влада, како и актуелностите поврзани со европското досие на земјата.

„Новата Влада е силно посветена на реформската агенда и европските интеграции, а во периодот што следува ќе преземеме низа активности во насока на забрзување на нашиот евроинтегративен процес. Политиката на проширување на ЕУ е најдобрата алатка за поттикнување на реформските и демократските процеси, но истовремено е и клучна геостратешка инвестиција во мир, стабилност и економски развој на земјите од регионот, но и Европа како целина“, нагласи Муцунски.

Соговорниците разменија мислења и за планот за раст на ЕУ оценувајќи го како силна поддршка од страна на ЕУ за економско зајакнување на земјите од Западен Балкан, поттикнување на регионалната соработка, но и доближување на земјите од регионот поблиску до ЕУ и пред формалното членство.

Прикажи повеќе...

Македонија

Средба на претседателите на Собранијата на Македонија и Украина, Митрески и Стефанчук

Објавено пред

Претседателот на Собранието на Република Северна Македонија, Јован Митрески, во рамките на посетата на Киев по повод втората годишнина од почетокот на руската воена агресија врз Украина, оствари средба со претседателот на Врховната рада на Украина, Руслан Стефанчук.

dobivaj vesti na viber

Претседателот Митрески изрази благодарност за поканата и нагласи дека посетата претставува потврда на цврстата и непоколеблива поддршка на Република Северна Македонија за Украина, на сите полиња. Тој нагласи дека уште од самиот почеток силно ја осудуваме руската агресија против Украина, континуирано ја потврдуваме нашата поддршка за украинскиот територијален интегритет, суверенитет и целовитост и изразуваме целосна поддршка на правото на самоодбрана на земјата.

Претседателот на Собранието истакна дека Северна Македонија целосно се приклучи на сите рестриктивни мерки и санкции на ЕУ кон Руската Федерација, ко-спонзорираше бројни резолуции и иницијативи во однос на Украина, а упати и воена и хуманитарна помош за земјата.

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија42 минути

Пожарите во ноќни клубови од кои светот не научи лекција: заеднички им се пиротехника, пренатрупаност и изоставени безбедносни проверки

Трагичниот пожар во дискотеката „Пулс“ во Кочани уште еднаш ги истакна смртоносните последици од неправилната употреба на пиротехничките средства во...

Македонија1 час

Митева: Во Скопје само 2 објекти од вкупно 13 имаат важечка лиценца за кабаре

Имало 22 лиценци за вршење угостителка дејност, а 15 со истечена важност. Во Скопје има само 2 објекти за кабаре...

Македонија2 часа

Резервоарот со нафта во Кочани бил празен и не е поврзан со дискотеката, рече Тошковски

Министерот за внатрешни работи, Панче Тошковски, потврди дека во близина на дискотеката „Пулс“ е пронајден резервоар за нафта, но вели...

Македонија2 часа

Незаконито и паушално биле изготвувани круцијални документи за работа на дискотеката во Кочани, информирше Тошковски

Досега за случајот со пожрот во Кочани се приведени 18 лица во СВР Штип и СВР Скопје, а задржани се...

Македонија6 часа

Осуммина пациенти од КАРИЛ денес заминуваат на лекување во странство, Мерџаноски вели дека не се во тешка состојба, но има влошување

Лекарите утрово известија дека состојбата на пациентите повредени во пожарот во Кочани сместени во нивните клиники е под контрола, но...

Македонија6 часа

Жалам што за 15 минути за одредена сума се давани овие лиценци: Мицкоски најави голема акција и затворање и санкционирање на сите што не ги исполнуваат условите за работа

Како држава во рекордно време ги преземавме сите мерки и протоколи што требаше да бидат преземени како никогаш досега, изјави...

Македонија7 часа

Умре колега на кој треба да му се издигне споменик, а возач на Итната помош е најпонижуваната и неплатена професија, вели колега на Иле Гоцевски, кој почина по кобната ноќ

Стефан Бурназов работел кобната ноќ и следниот ден заедно со возачот на Итната медицинска помош, Иле Гоцевски, кој трагично почина...

Македонија7 часа

Да не се шират дезинформации во врска со бројот на загинатите бидејќи дополнително се зголемува вознемиреноста во јавноста, порачуваат од Владата

Во врска со трагедијата во Кочани, Владата изразува најдлабоко сочувство до семејствата на загинатите и повредените. „Ова се моменти на...

Македонија7 часа

Таравари: Сите хоспитализирани пациенти во Солун во моментот се во стабилна состојба

Министерот за здравство, д-р Арбен Таравари, денеска во раните утрински часови, заедно со министерот за надворешни работи, Тимчо Муцунски, и...

Македонија9 часа

Клиничкиот центар во Србија ја соопшти состојбата на пациентите од пожарот во Кочани

Вчера, на Ургентниот центар на КЦС, од пожарот што избувна во дискотеката во Кочани, пристигнаа осум посериозно повредени пациенти, што...

Македонија10 часа

(Видео) Македонската амбасадорка во Бугарија: Немилосрдна борба против сите коруптивни практики мора да има

„Промената во Република Македонија е неизбежна. Општеството сака чистење на системот и одговорност“. Ова го истакна амбасадорката на Република Македонија...

Регион11 часа

Ден на жалост во Србија поради трагедијата во Македонија – знамињата на половина копје

59 лица загинаа, а повеќе од 150 се повредени во пожарот во дискотеката „Пулс“ во Кочани, што избувна на 16...

Македонија12 часа

Таравари ќе ги посети повредените во пожарот во Кочани, кои се лекуваат во Софија

Посетата на македонскиот министер за здравство Арбен Таравари на Софија е најавена за денеска во периодот од 14 до 15...

Регион12 часа

Ден на жалост во Бугарија поради трагедијата во Кочани

Министерскиот совет на Бугарија донесе одлука со која 18 март 2025 година е прогласен за Ден на национална жалост во...

Македонија21 час

„Не чувствувам вина, јас ги спасив сите што можев“, кажа Столе Боев обезбедување на дискотеката „Пулс“

Столе Боев, обезбедување на дискотеката „Пулс“ изјави вечерва дека не чувствува вина. „Јас ги спасив сите што можев и многу...

Македонија1 ден

Тага, болка и гнев – Кочани ден по трагедијата низ фотографии

Во Кочани, градот во кој се запали нелегалната дискотека „Пулс“, голем број семејства се завија во црно. Во пожарот, животот...

Македонија1 ден

Обвинителството досега најде 14 одговорни за трагедијата во Кочани, се бара краткотраен притвор за сите

Четиринаесет лица се прцесуирани и за нив Обвинителството ќе бара краткротраен притвор, а меѓу нив е и ексминистерот за економија,...

Македонија1 ден

На протестот во Кочани демолирано кафулето на сопственикот на дискотекта „Пулс”

Ескалира протестот во Кочани на кој се бара правда за загинатите во пожарот во дискотеката „Пулс“. Во еден момент, дел...

Македонија1 ден

Иле Гоцевски беше на првата линија, некои болки се преголеми, некои загуби се претешки за да се носат, рече Таравари за смртта на возачот на Итната помош

Министерот за здравство, Арбен Таравари, на социјалните мрежи се огласи за смртта на возачот на Итната помош во Кочани, Иле...

Македонија1 ден

Само 12 лиценци за кабареа биле издадени лани, Мицкоски вели – сите што работат на диво ќе бидат затворени

Премиерот Христијан Мицкоски изјави дека минатата година биле издадени смо 12 лиценци за кабареа, а може а се заклучи колку...