Контакт

Надворешна политика

Груевски – Земан: Македонија и Чешка имаат одлични билатерани односи

Објавено пред

Премиерот Никола Груевски, во рамки на официјалната посета во Прага во четвртокот имаше средба со претседателот на Чешка, Милош Земан.
 

dobivaj vesti na viber

Премиерот Никола Груевски, во рамки на официјалната посета во Прага во четвртокот имаше средба со претседателот на Чешка, Милош Земан.

 

 

Груевски и Земан ги потврдија одличните политички односи кои постојат меѓу двете земји, на билатерално и на мултилатерално ниво, и кои бележат континуиран позитивен тренд, кој, според нив, се гледа и од средбите што се одржуваат на највисоко ниво помеѓу претставици на двете земји, пренесува дописникот на МИА.

 

Груевски ги истакна реформите што ги презема Владата на Република Македонија за унапредување на стандардите во сите општествени сфери, исполнување на европските стандарди и подобрување на условите и можностите за граѓаните.

 

Двајцата соговорници ја истакнаа поддршката на унапредувањето на економската соработка, трговската размена и соработката на полето на инвестициите.

 

Груевски притоа ги истакна поволностите што Македонија им ги нуди на странските инвеститори за отворање и реализација на бизнис во земјава.

 

Земан ја реафирмираше поддршката што Чешката Република и ја дава на Македонија во процесот на евро и евроатлантска интеграции.

 

Тој даде позитивна оценка за економските мерки што ги презема Владата на Република Македонија за унапредување на економијата и за привлекување странски инвестиии.

 

Груевски и Земан разменија мислења и за повеќе други теми од заеднички интерес, како и теми од поширок регионален карактер, а притоа Земан позитивно ја оцени улогата на македонските мировници во мисиите на НАТО./крај/мф/бс

 

Македонија

Муцунски во прва работна посета на Брисел на средби со генералниот секретар на НАТО и високи претставници на ЕУ

Објавено пред

Министерот за надворешни работи и надворешна трговија, Тимчо Муцунски, од Луксембург продолжува во прва работна посета на Брисел, во чии рамки ќе се сретне со генералниот секретар на НАТО, Јенс Столтенберг, како и високи претставници на Европската Унија.

dobivaj vesti na viber

Во фокусот на разговорите ќе бидат евроинтегративниот процес на државата, реформските процеси, како и активностите во рамките на НАТО, со посебен фокус на претстојниот аамит на алијансата, што ќе се одржи идниот месец во Вашингтон.

Посетата на Муцунски на Брисел на почетокот на мандатот како министер за надворешни работи и надворешна трговија е показател за цврстата определба на земјата за што побрзо членство во Европската Унија и посветениот придонес кон глобалниот мир и регионалната стабилност како кредибилна земја членка на НАТО.

Прикажи повеќе...

Македонија

Муцунски се сретна со Вархељ: Новата Влада е силно посветена на реформската агенда и европските интеграции

Објавено пред

Министерот за надворешни работи и надворешна трговија, Тимчо Муцунски, се сретна со еврокомесарот за соседство и проширување, Оливер Вархељ, во Луксембург.

dobivaj vesti na viber

Во фокусот на разговорите беа приоритетите и активностите на новата Влада, како и актуелностите поврзани со европското досие на земјата.

„Новата Влада е силно посветена на реформската агенда и европските интеграции, а во периодот што следува ќе преземеме низа активности во насока на забрзување на нашиот евроинтегративен процес. Политиката на проширување на ЕУ е најдобрата алатка за поттикнување на реформските и демократските процеси, но истовремено е и клучна геостратешка инвестиција во мир, стабилност и економски развој на земјите од регионот, но и Европа како целина“, нагласи Муцунски.

Соговорниците разменија мислења и за планот за раст на ЕУ оценувајќи го како силна поддршка од страна на ЕУ за економско зајакнување на земјите од Западен Балкан, поттикнување на регионалната соработка, но и доближување на земјите од регионот поблиску до ЕУ и пред формалното членство.

Прикажи повеќе...

Македонија

Средба на претседателите на Собранијата на Македонија и Украина, Митрески и Стефанчук

Објавено пред

Претседателот на Собранието на Република Северна Македонија, Јован Митрески, во рамките на посетата на Киев по повод втората годишнина од почетокот на руската воена агресија врз Украина, оствари средба со претседателот на Врховната рада на Украина, Руслан Стефанчук.

dobivaj vesti na viber

Претседателот Митрески изрази благодарност за поканата и нагласи дека посетата претставува потврда на цврстата и непоколеблива поддршка на Република Северна Македонија за Украина, на сите полиња. Тој нагласи дека уште од самиот почеток силно ја осудуваме руската агресија против Украина, континуирано ја потврдуваме нашата поддршка за украинскиот територијален интегритет, суверенитет и целовитост и изразуваме целосна поддршка на правото на самоодбрана на земјата.

Претседателот на Собранието истакна дека Северна Македонија целосно се приклучи на сите рестриктивни мерки и санкции на ЕУ кон Руската Федерација, ко-спонзорираше бројни резолуции и иницијативи во однос на Украина, а упати и воена и хуманитарна помош за земјата.

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија23 минути

Германски државјанин протеран од државата: на натпреварот Шкендија-Карабаг во Скопје веел знаме „Голема Албанија“

По извршена идентификација и поднесена кривична пријава, Основното јавно обвинителство Скопје по итна постапка процесуираше државјанин на Германија за кривично...

Македонија1 час

Одложени активности на отворено: Министерството за здравство со препораки поради најавите за високи температури

Министерството за здравство информира дека во согласност со најновата прогноза од Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР) во периодот од 8...

Македонија3 часа

Забрана за движење во шумите до крајот на август, за прекршителите казна до 2.000 евра: Владата ја продолжи кризната состојба од 30 дена

На владината седница е донесена одлука за продолжување на кризната состојба во рок од 30 дена. Со ова продолжување, како...

Македонија4 часа

Трговците да ги намалат цените на училишниот прибор пред почетокот на школската година, одлучи Владата

Владата на 100. седница донесе одлука и ги задолжи трговците да ги намалат цените на училишниот прибор од најмалку 10...

Топ4 часа

Две лица загинаа во сообраќајна несреќа кај Градско: со возилото излетале од патот

Вчера околу 14:35 часот во СВР Велес било пријавено дека на експресниот пат Прилеп-Градско, патничко возило „ауди“ со делчевски регистарски...

Македонија5 часа

„Борис Трајковски“ под лупа на ревизорите: аквапаркот под клуч, паркингот не заработува, а поддршката за самитот на ОБСЕ недокументирана

Државниот завод за ревизија го објави извештајот за работењето на салата „Борис Трајковски“ за 2023 година. Во извештајот е наведено...

Македонија6 часа

Злато во багаж и ботокс во торба запленети на граница

Царинската управа информира дека при контроли на неколку гранични премини се спречени обиди за криумчарење различни производи, меѓу кои златен...

Македонија6 часа

Синдикатот на новинарите бара зголемување на минималната плата: социјалниот статус на медиумските работници во земјата е на многу ниско ниво

Самостојниот синдикат на новинарите и медиумските работници во време на општата дебата за висината на минималната плата недвосмислено е за...

Македонија7 часа

ВМРО-ДПМНЕ и натаму бара оставка од обвинителот Коцевски

ВМРО-ДПМНЕ и денеска упати јавен повик до обвинителот, Љупчо Коцевски, да си поднесе оставка поради, како што велат, компромитирање на...

Македонија8 часа

Царините на Трамп стапија во сила, стапката за Македонија 15 отсто, како и за земјите од ЕУ

Царините на американскиот претседател Доналд Трамп за увоз од десетици земји, кои се движат од 10 до 50 проценти, стапија...

Свет9 часа

Зеленски ги објави петте приоритети за украинската одбрана – 50 отсто домашно оружје на фронтот

Претседателот на Украина, Володимир Зеленски, ги претстави петте клучни приоритети на Министерството за одбрана, меѓу кои се зголемување на учеството...

Свет9 часа

Рубио: САД имаат појасна слика за условите на Русија за крај на војната во Украина

САД имаат подобро разбирање за условите под кои Русија би била спремна да ја заврши војната во Украина откако претставникот...

Свет9 часа

Трамп: 100 проценти царина за чипови, освен за оние што сакаат да го префрлат производството во САД

Соединетите Американски Држави ќе воведат царина од околу 100 проценти за чипови и полупроводници увезени од земји кои не произведуваат...

Свет10 часа

Се појави писмо од Вуди Ален до Џефри Епштајн: Откриени детали за тајните вечери

Познатиот режисер Вуди Ален му испратил роденденско писмо на Џефри Епштајн додека тој сè уште беше жив, во кое детално...

Македонија19 часа

Сиљановска-Давкова по новиот инцидент на трибините: Селективната осуда е лицемерие

По новите националистички скандирања на спортските трибини, претседателката Гордана Сиљановска-Давкова со јавна реакција на социјалните мрежи. Таа порача дека сцените...

Македонија20 часа

(Видео) Спасен параглајдеристот кој висеше закачен на дрво високо над 30 метри

Во лоши услови со силен ветар и во ноќ, тимот за спасување на планина на Дирекцијата за заштита и спасување...

Топ21 час

Лихварска шема во Гостивар: Заем од 35.000 евра со камата од 15.000 за една година, па по 3.000 евра месечно

Против две лица, меѓу кои еден нотар од Гостивар и една фирма, тетовската полиција поднесе кривични пријави поради сомнение за...

Македонија22 часа

Свадба во струмичкиот затвор – осуденик го кажа судбоносното „да“

Во струмичкиот затвор денес се одржа невообичаен, но длабоко хуман чин – законска регистрација на брак на осудено лице кое...

Топ1 ден

Тешко злосторство во Кавадарци – го убил својот брат, па го закопал во дворот

Четириесет и тригодишен маж е осомничен дека по расправија го убил својот една година помлад брат, а потоа неколку дена...

Македонија1 ден

Децата на подолго болничко лекување нема да губат настава, на Детската клиника се воведува формално образование

За да нема прекин на воспитно-образовниот процес на учениците што имаат посериозни здравствени предизвици и се на болничко лекување повеќе...